Британија капитулира

Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Колку мизерни моабети околу комунизам и капитализам.Како мали деца на улица сте.
Прво Македонија никогаш не била во комунизам,тоа што партијата се викала комунстичка не значи дека сме живееле во комунизам,тоа практично не постоело.
Значи имавме социјализам и тоа не било каков многу полиберален од било која друга социјалистичка земја.
Мојот дедо беше политички затвореник поради тоа што не се согласувал со КПМ , и без разлика на тоа ке ви кажам дека во бивша ЈУ имаше поголема демократија него од самостојна македонија.
Па постои ли некое подемократско право од правото на работа ,бесплатно здравство,5 работни дена во неделата и гарантиран платен годишен одмор,БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО ЦЕЛ СВЕТ ,сигурност на движење низ цела држава и еден куп други работи за кои денес не може ни да се сонува.Капитализам??????
odamna nemam procitano nesto popametno, bravo.. :)

Би можел 3 страници да пополнам за негативните работи на ЈУ-социјализмот..
jas ke ti napisam ne 3, tuku 30 za negativnite raboti na kapitalizmot, i so sea? kaj ima ajde kazi idealnost? vo zemja dembelija?? ako si bil mal za vremeto na cicko Tito, nemoj da pisuvas nesto sto ne si videl so svoi oci..SITE ziveevme em dobro, em opusteno....
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
а бе батки да ви кажам народски ,,детето бере овошје од дрвото што го посадил дедо му,, ако разбирате што значат тие зборови односно во бившата СФРЈ не беше така, туку сите си играат фудбал на чиста зелена ливада и играа безгрижно
и комфорно а каде е дрвото што требе да береме овошје за да јадеме а ниту едно нема дрво засадено,а од каде е овошје се разбира од западна европа дури и од америка ете од каде причината што убаво си живееме а не сме свесни дека кога тогаш ќе пропадне СФРЈ тоа исто како на пример ви давам на саем милион евра а вие се радувате дека добивте милион евра и си орагнизирате како убаво да живеете и комфорно а не се свесни дека е позајмица што треба да врати милион евра сосе камата ете таква беше СФРЈ, а денес овој век сме свесни за околу општествено уредување како да подобриме инфракструктура за секакви намени со донации и позајмици од ММФ и од ЕУ и САД и сега бараме чаре како да им вратиме заеми
и потоа да развиваме околу финансиски и други сфери, денешно време не можам да наречам демократски ниту капиталистички туку да наречам старо феудално општество контролиран од западните земји каде што има финансиска моќ.
Единствен човек убаво си живееше со споствен остров и кадилаци и мерцедеси и многу жени некои од нив се убиени а народот го почитуваа како цар,крал па дури и повеќе од господ и на крај починаа од старост
или болест а цел народ плаче и пропаѓа држава СФРЈ а народот кои ги ебе, а тоа беше ТИТО не оној петковски од псача туку Ј.Б. ТИТО
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Колку мизерни моабети околу комунизам и капитализам.Како мали деца на улица сте.
Прво Македонија никогаш не била во комунизам,тоа што партијата се викала комунстичка не значи дека сме живееле во комунизам,тоа практично не постоело.
Значи имавме социјализам и тоа не било каков многу полиберален од било која друга социјалистичка земја.
Мојот дедо беше политички затвореник поради тоа што не се согласувал со КПМ , и без разлика на тоа ке ви кажам дека во бивша ЈУ имаше поголема демократија него од самостојна македонија.
Па постои ли некое подемократско право од правото на работа ,бесплатно здравство,5 работни дена во неделата и гарантиран платен годишен одмор,БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО ЦЕЛ СВЕТ ,сигурност на движење низ цела држава и еден куп други работи за кои денес не може ни да се сонува.Капитализам??????
so kreditite od usa mnogu ubavo se ziveese:) posebno po plazite na jadran:):smir:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Еве јас не се согласувам со тебе околу болдираното ти тврдам дека све е тоа посрана пропаганда.
Знаењето е - вистинското, поддржано убедување.

Верувањето во (нешто) - е неоснована убеденост, со непозната логичка вредност (може да е и точно и погрешно).

За твојот исказ е карактеристична верувањето, а главната Ју пропаганда беше митот за Тито кој сеуште е присутен.

Да направиме една проста математика.
Што имала Македонија пред втората светска војна ,ништо ,поред тоа што не била ни држава немала никаква инфраструктура .
Катастрофален земјотрес по кој Скопје е срамнет со земја и наново изграден,сега од еден град што ке удри по нивите па ке упропасти еден куп фамилии.
Цела Европа (да не речам светот) беше одново изграден после 2-ра С.В.
Варшава беше целосно срамнета, целосно. Но, нејзиниот стар град беше во потполност реконструиран.

Истото се однесува на сите останати земји. Парадоксот е тој што за време на 3-4 години земјите кои се наоѓаа под германска окупација се изгради многу повеќе отколку во претходните “слободни“ децении, од автопати, пруги, градежни комплекси итн. кои останале и до денес. Кај нас Германците во 2та наврати пробија неколку тунели, усовршија патишта и донесоа нова технологија од областа на медицината, прехрамбената индустрија, занаетчиството... и сл. да не навлагам во детали.За време 2 С.В. од Германија беше покрената иницијатива за автономија за Македонија, но за тоа повеќе во историските читанки.

Па некој аналогно на твојата логика може да “тагува“ и за таа окупација. (Хитлер врати ни се!)

Ако приватизацијата се мери во милијарди евра те прашувам од каде таа вредност ,значи некој ја створил во тие 50 години,докажи ми дека долгот на Македонија после распадот на Југославија е поголем од приватизацијата тогаш ке ти кажам дека си во право.
Заборави да споменеш дека “преодот“ меѓу системите е направен од ИСТИТЕ кадри кои беа на власт за време на Тито и СФРЈ.
Потполно истите, најблиските Титови другари и другарки, неговите најверни идолопоклоници ја спроведоа приватизацијата во самостојна Македонија.

Истите тие кадри ја стави во компромитација одлучноста на народот за независна суверена држава, ИСТИТЕ кадри потпишаа политичка капитулација на меѓународен план, ја обврзаа земјата со промена на името, го сменија знамето, воведоа “граѓанство“ наместо национална категорија, го протежираа Рамковниот договор и сеуште се терет за иднината на земјава со анти-македонските агенди.



Сукцесијата не е завршена во целост и тоа треба да се земе во предвид.
Би те прашал ова сега што русите со изградбата на гасоводот ке вратат долг е долг кој ги задолжил Бранко ,Љубчо или Грујо?????
Освен некој странец што дошол од надвор или некој домашен лопов изградиле некој објект од кој дупло се обогатиле има ли нешто друго створено во оваа држава??
Освен што ни е дадена шансата да изградиме нешто, но ние повеќе посакуваме паразитска улога, друг да одлчува и да управува со нашите работи, да гради за “нас“.
Незнаењето нема никаква врска со некои си “времиња“, и тогаш и сега не знаеме а си ги вардиме интересите и да изградиме нешто повеќе од инфериорна послушност кон трета страна.

За Шведска и сличните на неа не ми кажувај ,живеам во Шведска и за информација овде една партија беше на власт скоро 20 години,и гледај коинциденција сега Шведска тек почнува да се приватизира и луѓето почнуваат да живеат све полошо и полошо .
И ова може да е субјективно убедување, земајќи во предвид дека Шведска практикува/ше огромна државна администрација.

Во СФРЈ невработеноста пред распадот изнесуваше ок. 20%, исто рамниште на кое денеска е Шпанија, но кај да е ќе ти се уфрли Заптијата и ќе ти докажува дека во Белорусија невработеноста е 1%.

Па најверојатно и сите ќе заклучиме дека потребна ни е строга диктатура а-ла Лукашенко.
Иако немаме појма како тоа практично изгледа, ама преовладува - верувањето, наместо разумот.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Би можел 3 страници да пополнам за негативните работи на ЈУ-социјализмот (а и „комунизмот“ во време на Сталин). Па затоа едноставно ќе ти кажам дека проблемот е во тоа што лицето кое е одбрано со цел да го спроведе комунизмот, станува корумпирано од моќта (никој нема контрола над него) и наместо еднаквост имплементира диктатура. Така барем било во СИТЕ случаи до сега (Албанија, Југославија, СССР, С. Кореа, Куба...).

Повеќето од овие работи не зависат од идеологијата, туку од нејзината развиеност во една земја. Секоја идеологија (ПС Капитализмот во овој твој случај не е идеологија), е замислена како совршена, односно утописка. Конкретно за комунизмот, зар е демократско право да се забранува говор? (конкретно против „другарот“ Тито, или Сталин?) Да се забранува религиска слобода? Да размислуваш различно од нив, односно да бидеш индивидуа а не дел од колективот?
Во поглед на економијата, најголем проблем на нашата држава е што се стреми да го развие капитализмот, а никој не плаќа даноци и придонеси - основниот столб на капитализмот. Значи државните компании се приватизираа и се должни да плаќаат даноци за државата да функционира и да има пари за здравство, образование и секој останат сектор.
А сега малце на темата. Како што напоменав во друга тема, ЕУ ќе се распадне (и се распаѓа) само прашање на време е кога ќе се официјализира. Никој не сака да плаќа за грешките на другите, а се случија многу грешки. По распадот најверојатно државите ќе си направат свои поситни унии, каде германците и англичаните нема да имаат потреба да плаќаат за грци, шпанци, бугари, романци, ирци итн.
Ај те молам кажи барем дел од тоа??Баш ме интересира:nesum:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
so kreditite od usa mnogu ubavo se ziveese:) posebno po plazite na jadran:):smir:
Ова е популарен мит,но популарноста не значи дека има некаква реалност.

Земјите наследнички на покојната Југославија за три пати пократок период се задолжија 5 пати повеќе отколку што должеше бившата федерација при распадот 1991.
15 милијарди долари 1991, земено со инфлација,грубо околу 30 милијарди во денешна вредност,за 48 години постоење.
Земјите кои настанаа...150 милијарди долари за 19 години постоење. (112 милијарди евра)
Без Косово да се смета.

http://www.danas.rs/dodaci/biznis/zaduzenost_raste_a_direktnih_investicija_sve_manje.27.html?news_id=199726
http://www.naslovi.net/2010-03-29/b92/drzave-ex-sfrj-duzne-112-mlrd-evra/1625316

Uoči secesije pojedinih republika SFRJ, preciznije krajem 1991. godine, spoljni dug (glavnica bez kamate) prema konvertibilnom valutnom području iznosio je oko 15 milijardi dolara (država je bila garant za oko 11 milijardi). Međunarodnim finansijskim institucijama država je dugovala oko tri milijarde dolara, komercijalnim bankama (Londonski klub) 4,4 milijarde, a vladama razvijenih zapadnih zemalja (članicama Pariskog kluba) oko 6,5 milijardi dolara. Koeficijent zaduženja bio je smanjen na oko 15 odsto, a indikativna cena jugoslovenskog duga na sekundarnom tržištu dugova zemalja u razvoju, kretala se oko 30 odsto nominalne vrednosti - ističe naš sagovornik.
Значи помалку од легендарната цифра од 22 милијарди која се споменува често,рекордот бил 21,7 во 1987,до распадот паднал на 15, но и други земји и должеле на покојната - околу 4 милијарди.

И за тоа време,од распадот досега,сета стратешка инфраструктура продадена на странски фирми...секако.
Но барем патриотизмот е во пораст...и тоа е нешто...

Инаку,точно,истата партија е на власт веќе 67 години на овие простори,само што ги смени приоритетите во 1991.
Пред распадот отвори “патриотско-домољубни“ филијали со соодветни знамиња и песнички,“десни“,да им “конкурираат“ на “левите“ филијали од истата фирма.

Јеботе,Стандард Оил може вода да им носи...:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.877
Поени од реакции
12.409
Во суштина Југославија со економската криза во 80-тите и со распадот во 90-тите ги плати кредитите што ги земал Тито.
Главните задолжувања се направени откако Тито престана да функционира ради болест, а посебно по неговата смрт. За некои работи да, но за некои...не може вечно Тито и турците да ни се виновни.
На крајот на краиштата воопшто не е важно кој економски систем ќе се одбере, ако го спроведат чесни и работливи луѓе.
Епа ова е тоа што не беше баш добро одбрано во Македонија, затоа како и да го наречеш системот, неговата успешност и реализација зависи од тие луѓе кои го спроведуваат.

а каде е дрвото што требе да береме овошје за да јадеме а ниту едно нема дрво засадено,
Имаше дрва засадени, прочитај индустрија на сфрј, нашата железара произведуваше на пример бродски лим. Имаше тешка, лесна, обоена...земјоделие, извоз...но некои ги обраа дрвата без да ги прашаат стопаните-граѓаните кои ги саделе. Дојдоа ајдуци, ги обраа...оние кои садеа останаа со прстот во уста.

Единствен човек убаво си живееше со споствен остров и кадилаци и мерцедеси и многу жени некои од нив се убиени а народот го почитуваа како цар,крал па дури и повеќе од господ и на крај починаа од старост
или болест а цел народ плаче и пропаѓа држава СФРЈ а народот кои ги ебе, а тоа беше ТИТО не оној петковски од псача туку Ј.Б. ТИТО
Пане-Г, изгледа го немаш живеано тој период за да го споредиш со овој сега, со било која ју држава.

А што у ствари Тито и сфрј имаат врска со британците и кралицата?
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Знаењето е - вистинското, поддржано убедување.

Верувањето во (нешто) - е неоснована убеденост, со непозната логичка вредност (може да е и точно и погрешно).

За твојот исказ е карактеристична верувањето, а главната Ју пропаганда беше митот за Тито кој сеуште е присутен.



Цела Европа (да не речам светот) беше одново изграден после 2-ра С.В.
Варшава беше целосно срамнета, целосно. Но, нејзиниот стар град беше во потполност реконструиран.

Истото се однесува на сите останати земји. Парадоксот е тој што за време на 3-4 години земјите кои се наоѓаа под германска окупација се изгради многу повеќе отколку во претходните “слободни“ децении, од автопати, пруги, градежни комплекси итн. кои останале и до денес. Кај нас Германците во 2та наврати пробија неколку тунели, усовршија патишта и донесоа нова технологија од областа на медицината, прехрамбената индустрија, занаетчиството... и сл. да не навлагам во детали.За време 2 С.В. од Германија беше покрената иницијатива за автономија за Македонија, но за тоа повеќе во историските читанки.

Па некој аналогно на твојата логика може да “тагува“ и за таа окупација. (Хитлер врати ни се!)



Заборави да споменеш дека “преодот“ меѓу системите е направен од ИСТИТЕ кадри кои беа на власт за време на Тито и СФРЈ.
Потполно истите, најблиските Титови другари и другарки, неговите најверни идолопоклоници ја спроведоа приватизацијата во самостојна Македонија.

Истите тие кадри ја стави во компромитација одлучноста на народот за независна суверена држава, ИСТИТЕ кадри потпишаа политичка капитулација на меѓународен план, ја обврзаа земјата со промена на името, го сменија знамето, воведоа “граѓанство“ наместо национална категорија, го протежираа Рамковниот договор и сеуште се терет за иднината на земјава со анти-македонските агенди.





Освен што ни е дадена шансата да изградиме нешто, но ние повеќе посакуваме паразитска улога, друг да одлчува и да управува со нашите работи, да гради за “нас“.
Незнаењето нема никаква врска со некои си “времиња“, и тогаш и сега не знаеме а си ги вардиме интересите и да изградиме нешто повеќе од инфериорна послушност кон трета страна.



И ова може да е субјективно убедување, земајќи во предвид дека Шведска практикува/ше огромна државна администрација.

Во СФРЈ невработеноста пред распадот изнесуваше ок. 20%, исто рамниште на кое денеска е Шпанија, но кај да е ќе ти се уфрли Заптијата и ќе ти докажува дека во Белорусија невработеноста е 1%.

Па најверојатно и сите ќе заклучиме дека потребна ни е строга диктатура а-ла Лукашенко.
Иако немаме појма како тоа практично изгледа, ама преовладува - верувањето, наместо разумот.
Е вака сега друже.Јас и ти се знаеме горе доле и знам дека си помлад од мене.
Јас сум живеел и во тоа и во ова време и твоите гледања за тоа време имаат многу поголема веројатност да се темелат на верување.
После втората светска војна стартот на окупираните држави се знае каков бил за сите држави.Немој да ми раскажуваш приказни.Знам многу убаво која била Грција ,Бугарија,Чехословачка,Полска,Румунија ,и еден куп такви во тоа време прави КЛОШАРСКИ ДРЖАВИ спрема нас.Колку партиски систем имале какво уредување во кого верувале ама баш ме заболе искрено да ти кажам ,они биле просјаци за нас и тоа е факт.Грците и бугарите не смееа да помислат да изедат трици за нас ,па да им текне со авиони во тоа време да навлезат во македонскиот воздушен простор??? ,пердуви немаше да останат од нив.Можеле албанците џева да ти дигаат дома или рамковни договори да ти праи некој од страна??? ни во сон.Кој не бранел ??? Тито ???? Па и Тито да бил и и за тоа не ме заболе важно е дека тоа се факти,па макар и Хитлер се викал.
Ми раскажуваш за ПРЕОД НА СИСТЕМ ,дај бе патетика е тоа ,го слушаме сите последниве 20 години а народот све попонижен и посиромашен.
Па зарем ти паметно читано и школувано дете си ја проголтал глупоста дека СДСМ се наследници на СКМ или Киро писарот за кој ке ти кажам дека човекот кој го донесе на политичката сцена го познавам долги години и знам како се случи тоа.Па тоа е шкартот од тоа време никој не вредел ни 5 пари од нив можеле само кафекувари да бидат во некоја институција ,а тоа што се хиени ,лешинари и лопови и во целата збрка успешно си ги подметнаа газовите во политилките фотељи за да можат да опљачкаат све живо во државата.Па ако биле истите и во еднопартиски систем 1000 пати полесно ке им било за 50 години да го продадат името , мислиш дека грците тогаш немаа против нас ништо??? не мајсторе грешка си ,мене ме бркаше грк со пиштол и не затоа што му ја гузев керката него што кажав дека сум македонец.
За администрацијата во Шведска не ми кажувај ,плаќам измеѓу 30 и 50 илјади евра годишно данок за они да се товат.
За диктатурата смешен си ,можеш уште милијарда книги да прочиташ ама да ми кажеш дека диктатура е право на работа ,бесплатно здравство ,државни станови ,слобода на движење,квалитетна храна и облека ,ред и мир и безбедност на секој човек,безвизен режим во скоро цел свет????
Јас ке ти кажам дека ако придобивката на демократијата е само тоа секој идиот да има шанса да стане политичар и секој смрдеж да дели лекции на тв и бистри политика тогаш да диктатура сакам.
Да ми лепиш идеолошки налепници не можеш,ги мрзам од дно на душа СДСМ ,ВМРО вец не сум ни ке бидам,се борев во 2 војни и во Хрватска и во Македонија каде што од убава директорска фотеља облеков униформа и тоа на прва борбена линија, за Скопје да спие мирно.А пази имав во рака работна дозвола за ШведскаДете сум на родители кои биле работници и поштено заработувале за живот и на свој грб сум станал комерцијален директор во фабрика почнувајки од нула.Еве и овде ,почнав со чистење по станови ,улици ,миев прозори ,работев све без грам срам и сега стигнав до сопствена фирма која фала му на господ ми овозможува нормален живот.
Имаш ти и школо и читан си ,ама јас имам еден друг факултет кој не можеш туку така да ми го оспориш.
Те ценам многу и имам високо мислење за тебе и така и ке биде во иднина ,ама овде едноставно не си во право :toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Неможе светото да е црно бел.
Многу нијанси има.
Така и за Тито и Југославија.
Никој неможе да го оспори направеното за тоа време.
Огромните гиганти, производи кои беа конкурентни на светскиот пазар, кредити поволни за население, мирот, средната класа.
Од друга страна имаше педерска политика од другите републики кога се работеше за македонското и српското прашање.
Ние не успеавме да ги одбраниме нашите интереси во таа Југославија за разлика од Словенија и Хрватска.
Кога ни требаше силата на Југославија да си го решиме проблемот, тука беа Словенците и Хрватите да те заебат од внатре.
И немањето внатрепартиска демократија, борба на идеи, форсирање на префарбани комунисти кои во животот ништо не направиле беше една од главните мани.
Денеска истото и се случува и на ЕУ.
Завлегоа во бирократија во регулативи и прописи.
Секој на секого му подметнува.
И резултатот е јасен што ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom