Знаењето е - вистинското, поддржано убедување.
Верувањето во (нешто) - е неоснована убеденост, со непозната логичка вредност (може да е и точно и погрешно).
За твојот исказ е карактеристична верувањето, а главната Ју пропаганда беше митот за Тито кој сеуште е присутен.
Цела Европа (да не речам светот) беше одново изграден после 2-ра С.В.
Варшава беше целосно срамнета, целосно. Но, нејзиниот стар град беше во потполност реконструиран.
Истото се однесува на сите останати земји. Парадоксот е тој што за време на 3-4 години земјите кои се наоѓаа под германска окупација се изгради многу повеќе отколку во претходните “слободни“ децении, од автопати, пруги, градежни комплекси итн. кои останале и до денес. Кај нас Германците во 2та наврати пробија неколку тунели, усовршија патишта и донесоа нова технологија од областа на медицината, прехрамбената индустрија, занаетчиството... и сл. да не навлагам во детали.За време 2 С.В. од Германија беше покрената иницијатива за автономија за Македонија, но за тоа повеќе во историските
читанки.
Па некој аналогно на твојата логика може да “тагува“ и за таа окупација. (Хитлер врати ни се!)
Заборави да споменеш дека “преодот“ меѓу системите е направен од ИСТИТЕ кадри кои беа на власт за време на Тито и СФРЈ.
Потполно истите, најблиските Титови другари и другарки, неговите најверни идолопоклоници ја спроведоа приватизацијата во самостојна Македонија.
Истите тие кадри ја стави во компромитација одлучноста на народот за независна суверена држава, ИСТИТЕ кадри потпишаа политичка капитулација на меѓународен план, ја обврзаа земјата со промена на името, го сменија знамето, воведоа “граѓанство“ наместо национална категорија, го протежираа Рамковниот договор и сеуште се терет за иднината на земјава со анти-македонските агенди.
Освен што ни е дадена шансата да изградиме нешто, но ние повеќе посакуваме паразитска улога, друг да одлчува и да управува со нашите работи, да гради за “нас“.
Незнаењето нема никаква врска со некои си “времиња“, и тогаш и сега не знаеме а си ги вардиме интересите и да изградиме нешто повеќе од инфериорна послушност кон трета страна.
И ова може да е субјективно убедување, земајќи во предвид дека Шведска практикува/ше огромна државна администрација.
Во СФРЈ невработеноста пред распадот изнесуваше ок. 20%, исто рамниште на кое денеска е Шпанија, но кај да е ќе ти се уфрли Заптијата и ќе ти докажува дека во Белорусија невработеноста е 1%.
Па најверојатно и сите ќе заклучиме дека потребна ни е строга диктатура а-ла Лукашенко.
Иако немаме појма како тоа практично изгледа, ама преовладува - верувањето, наместо разумот.