- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.542
- Поени од реакции
- 114.821
Ама изгледа ти не го разбираш моментот на банкарското работење и кредитирање. Ова твоево што го правдаш е исто ко сеа ти да продаваш на пример цигари, а според закон да не смеат да се продаваат после 10 часот навечер и сеа цигарите на сите други места се 150 денари ама ти ги продаваш за 300 денари и башка продаваш после 10 часот и да викаш дека тоа е океј. Јас нигде не реков дека не треба да наплаќаат провизии или камати, не треба да ги наплаќаат трошоците при предвремено затворање на кредит. Тоа немој да мислиш дека е случајно оставено од страна на државата, се е со умисла и однапред испланирано. Види само кој стои позади бизнисите со брзи кредити (дел од нив) и се ќе ти стане јасно.Епа ете ти бе друже, сам си одговори, банката требало да работи со провизија, епа исто и овие што позајмуваат пари. Секоја година банките во мкд во невиден плус, ама другите нека умрат само тие да прават пари
Гарантирам дека и таму ти имаат напишано што и како треба да вратиш, тоа што овие трчаат да потпишат само да фатат кеш во рака и не читаат што потпишуваат е нивен проблем.
И да, нивниот ризик е поголем од вашиот, затоа се такви и провизиите.
Јас не очекувам дека ќе ми работи некој без провизија, напротив, сметам дека секој бизнис треба да си наплати за услугите.
А околу банкарскиот систем: верувам дека сме технолошки развиени да немаме банкарски систем од моменталниот тип, но проблемот е генерациски, политички и поради лични интереси (читај перење на пари) на одредени влијателни ликови. Ќе треба да се почекаат неколку години да умрат овие постарите, цел свет да се префрли на дигитални валути, и во најголем процент онлајн, со што наместо банкари тој сектор ќе се го работат информатичари.
Народот ете и да знае дека ќе биде одран со камати и провизии зема таму кредит затоа што знае дека ќе добие независно дали е кредитоспособен или не, во тоа е разликата. Ете нека има компании за брзи кредити ама нека подлежат под истите регулативи како и банките и нека си кредитираат, никој не им брани. Не може човек што има плата од 30 000 денари да има 8 брзи кредити каде вкупните рати за тие 8 кредити му се 60 000 денари, капираш? Нормално дека тој лик ќе заглави, од кај ќе најде пари за живот?
Околу дигитализацијата се слагам, далеку сме од тоа пред се ради народот што живее и што и ден денес дреме на шалтер за да земе извод или да плати сметка, наместо тоа да го прави онлајн.
П.с. Да не се разбереме погрешно, тој човек што има 30 000 плата и земал 8 брзи кредити е глуп човек, само земав чисто ко пример за да доловам.