Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.211
- Поени од реакции
- 34.456
Во контекс на темата ЗАГАДУВАЊЕТО НЕ СОПИРА, СЕКОЈА ГОДИНА НОВИ 4.500 ЗАБОЛЕНИ ОД РАК!, сакам да скршнеме малку од стандардната дискусија и да ги чујам вашите креативни предлози. Имаме ваква ситуација: Власта, без разлика од кого е водена, очигледно не прави доволно за да го сопре загадувањето. Дишеме ѓубре, а поради тоа - данокот го плаќаме сите со нашето здравје. Загадувачите, горе-долу, се детектирани (валкано греење, индустрија, палење на отпад од дивтари и легални депонии како Дрисла и тн.). Но, ништо не се случува кое навестува дека работите во скоро време ќе се променат на подобро.
Па, ајде да си ја замислиме оваа ситуација:
- Ти си на чело на партијата која е на власт. Премиер. Имаш голема поддршка.
- Под твој контрола се сите институции. Можеш да менуваш закони. Претседателот е со тебе.
1) Кои конкретни мерки ќе ги преземеш?
2) За колку време со овие мерки би почнале да чистеме чист воздух?
Не дека „сајнс фикшн“ предлози не се дозволени, но, да се обидеме да се задржиме на мерките кои всушност можат да се реализираат.
Бујрум