Бремена. Што сега? Брак или...?

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од city, 1 октомври 2007.

  1. city

    city Модератор - технократ!

    Член од:
    1 март 2005
    Мислења:
    2.804
    Допаѓања:
    263
    Да темава ја отворам и за машките и за женските.

    Замислите се наоѓате во стуација:

    за машките: имате незаштитен сексуален, и дознавате дека девојката е бремена?
    за довијкие: исто имате незаштитен сексуален, и дознавате дека сте премена

    Време за размислување нема.
    Млади сте и животот е пред вас.
    Што ќе направите брак, абортус или нешто трето? Бракот би значел обврска, можен крај на сите ваши активности (излегување, школо, факс, друштво и сл.), комплетна промена на животот.
    Бракот значи обврска!

    Ајде блиц одговори!
     
  2. dejan_k

    dejan_k

    Член од:
    27 јуни 2007
    Мислења:
    2.138
    Допаѓања:
    411
    абортус во никој случај!тоа е еднакво на убиство-според мене!
     
  3. MaRyJaNe-poison

    MaRyJaNe-poison Beauty in Black

    Член од:
    11 септември 2007
    Мислења:
    2.726
    Допаѓања:
    160
    ne sum za abortusi dokolku si vo brak na primer.....a ako bi mi se slucilo toa (pu pu pu) vaka....mislam deka bi abortirala......ne mozam da se obvrzam za brak na primer eve ne go sakam nego...ili sum mnogu mlada i ne sum spremna....mnogu taka sto se "zele" od pricina-bremena ostanala devojkata i se "zele" bez ljubov, podocna vo brak samo izneveruvanja od strana na dvajcata....zaso edinstveno gi spojuvalo bebeto.... ne znam ama jas mislam deka bi abortirala dokolku ne e licnosta sto ja sakam ili ne sum spremna za brak!
     
  4. Демијан

    Демијан Гостин

    ABORTUS!!!!!!!mlad sum za brak:)
     
  5. Mr.Deni

    Mr.Deni Животна грешка си ми ти...

    Член од:
    4 мај 2007
    Мислења:
    2.740
    Допаѓања:
    454
    Многу работи зависат за да се донесе одлука дали да се чува или абортира сепак сериозна работа е тоа и треба да се размисли добро.Јас не дај боже во овој момент би идел за абортус реално дека не планирам да се врзам на млади години.Затоа памет за сите користете кондом за мирен сон.Поздрав:)
     
  6. reactive89

    reactive89 Гостин


    Целосно се согласувам!!! Тоа е бре одземање на невин живот и тоа само еади самите себе, оти си дозволивте да уживате во сексот и на крај се плашите од тоа и идете на абортус и убивате мало слатко невино душиче... да имаше закон за тоа, би ве окривил за убиство со умисла!!!

    Не вреди абортус, ако треба сам ќе го изгледам ама нема да му го прекратам животов бај да вај со него ќе поминам многу убави работи кои што не ни можам да ги замислам!!! да го научиш на нешто, да те изненади самото тоа мало бебе, да го учиш да оди, да зборува... па на крај краева и да ти биде најдобриот другар што може да го имаш на земјава....

    МНОГУ СУМ ПРОТИВ АБОРТУС!!!
     
  7. vlatkolik

    vlatkolik ~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~

    Член од:
    17 мај 2007
    Мислења:
    2.648
    Допаѓања:
    24
    Да не те мучи тебе проблемов,да не си заебал работа?! :icon_lol:

    Доколку дојде до ваква ситуација,абортус никако не доаѓа во предвид,што си си надробил тоа ќе си сркаш
    Немора да значи дека бракот ќе донесе крај на сите активности,не значи дека ако се ожениш/омажиш дека треба да се затвориш дома и да заборавиш и на другари и друштво и слично аман не сме пред умирачка,факултетот се става во мирување или пак продолжуваш знам неколку личности кои се во брак па по некоја си пауза продолжиле со факултетот па го завршиле,ако се сака се се може
    Ама абортус никако!:wink:
     
  8. city

    city Модератор - технократ!

    Член од:
    1 март 2005
    Мислења:
    2.804
    Допаѓања:
    263
    Абе сакав да наведам горе дека не се однесува за мене, ама викам ај од старт да не полнам темава.

    Работата е што имав неколку другари кои во ваков случај се решија на брак, одлуката беше доста тешка-па затоа ме интересираше вашето мислење.
     
  9. *angelce*

    *angelce*

    Член од:
    8 април 2007
    Мислења:
    725
    Допаѓања:
    6
    Прво и основно, треба да мислиш пред да се случи она кое не би те радувало ни тебе а ни на партнерот. Ако дојде, на овие години ( 16 - 20) абортус дефинитивно. Нема шанисо брак и нема шанси да гледаш деца да ти трчаат низ куќа на 20 год..Затоа луѓе со паметот во глава :star:
     
  10. Fabullous_178

    Fabullous_178 Psychonautics:.

    Член од:
    21 февруари 2007
    Мислења:
    2.990
    Допаѓања:
    187
    Зависи од неа...сепак би ја советувал за абортус.Мислам дека не вреди да го испушти животот предвреме,само заради една грешка.
    Ултимативно,нејзина е одлуката и би ја подржал каква и да е...
    Скраја да е...:pos2:
     
  11. кики

    кики

    Член од:
    8 февруари 2007
    Мислења:
    1.968
    Допаѓања:
    42
    Темава е за малку повеќе од блиц одговори.:smir:
    Прво да почнам од тоа дека заштитата за време на сексуалниот чин не е само поради заштита од несакана бременост, туку и поради разни други болести. Но, ете се случило и тоа..немало никаква заштита па девојката останува бремена.

    Брак - ако сакаме и двајцата и сме спремни на тој чекор во ред. Неможе некој сосила да го натераш да се омажи/ожени за тебе.

    Абортус - во никој случај. Сепак носам човечки живот во себе.
    Некој спомна абортус дефинитивно на возраст од 16 до 20 години. Ништо не е дефинитивно а не па абортусот. Кога си решила да имаш односи со некого сигурно си размислувала и на последиците. Затоа да не се правиме многу незрели за одредени работи, кога сме доволно зрели за други.

    Нешто трето - го задржувам детето и продолжувам понатаму. Тоа нема да ме спречи да се образувам и да си го продолжам животот. Се би било исто само што ќе треба да се грижам за уште еден дел од мене.
     
  12. *angelce*

    *angelce*

    Член од:
    8 април 2007
    Мислења:
    725
    Допаѓања:
    6
    Ако ме читаш погоре имам кажано дека мора да се внимава и да се користи заштита. А ако искрсне таа несакана последица пу пу скрајада е...реков абортус е решението. Секој глада различно на работите во животот, па затоа и секој гради мислење разлишно од другите.
    Мое мислење е абортус
     
  13. кики

    кики

    Член од:
    8 февруари 2007
    Мислења:
    1.968
    Допаѓања:
    42
    Точно секој гледа различно на работите, ама сигурна си дека сакаш да бидеш убиец, условно кажано, на недолжно суштество што се зачнало од љубов?
    Како и да е секој со своите гледишта и мислења. Кажав и во претходниот пост зрело размислуваме за одредени работи а незрело за други.
     
  14. ex machina

    ex machina сфинге раја

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    723
    Допаѓања:
    99
    Да ми се случи ваква “грешка“ денес.. уствари нема да биде грешка, туку мало чудо кое се протнало покрај сите превземени контрацептивни мерки и секако заслужува да живее!

    Нема шанси да го абортирам (тука не и давам избор на другата страна, ама јеби га, животот не е фер).. а за брак стапување има време, може да почека. На детето нема да му фали ама баш ништо ако родителите не му се венчани кога ќе се роди. Имам поддршка од моите родители, и ми е гајле што ќе кажат комшиите. Финансиски сум способна да го издржувам, и би требало да сум и доволно псхихички зрела. Татковската љубов и присуство би дошле како гратис, шлаг на торта :)

    Според мене, единствената причина да стапам во брак со некоја личност е да сакам да го проведам остатокот од животот со истата.
     
    На SagittarianGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. *angelce*

    *angelce*

    Член од:
    8 април 2007
    Мислења:
    725
    Допаѓања:
    6
    Немора да значи дека ако останеш бремена ќе биде од типот што го сакаш. Мн жени се одлучуваат на тој чекор бидејќи направиле глупост која сега свакаат дека морала да се спречи но ете се случило.
    Но и како и да е, сепак ке решеш убиваш невино суштество...Не гледам на тоа како на убиство или на злосторство, зашо тоа се уште и не е оформено како суштество. А и ке спречеш мн несакани проблеми после тоа.
    А ти размили би ја зацрнила младоста, се она што те исполнува, дружења, журки, факултет, кариера???? Со дете на тие години ништо нема да е исто како порано, а ако може да се спречи, зашо да си го упропастиш зивотот. Ке гледаш деца после тоа, има време...
     

Сподели преку: