Бидејќи ја сврте темата на своја воденица, немам намера да ти одговорам! Си бараш муштерии? Какви плажи, какви клими...што ти е тебе? Читај погорните постови! Навреме е реагирано, прашано и во топлификација, ме излажаа!!! Од друга страна соседите нож во грб, си се исклучија, и сметката расте!
не бе... далеку од тоа дека си барам муштерии.. работа имам преку глава веке... друг ми беше муабетот...
прво да ти се извинам ако те навредив, стварно не ми беше тоа намерата, а и признавам, малку арогантно настапив... икс други причини претходно ме доведоа до она погоре што е напишано...
НО... факт е:
-на 01.01.20?? секогаш поскапува струјата, парното и горивата
-парното го поскапуваат двапати годишно и тоа еднаш пред почеток на сезона и еднаш среде сезона и тоа никогаш не е под 7%
-струјата поскапува исто така нај малку 2 пати годишни а понекогаш и 3 пати...
-горивата поскапуваат редовно понекогаш и 2 пати месечно, понекогаш и еднаш на 2 месеци а понекогаш симињаат за денар-два се зависи од берзата и цената на барел сирова нафта и секако чудниот начин на кој регулаторна пресметува.... и секогаш топлификациа, евн и другите бараат поголемо поскапување, а добиваат помало... на пример, за ова поскапување на греењето топлификација бараше поскапување од 13,5% ама не доби, т.е. не доби толку...
и ова трае од распадот на СФРЈ па до ден денешен. значи едноставно е за проценка следново:
-доколку во летниот период поскапеле горивата за нај малку 10% и струјата за нај малку 5% многу логично е дека и парното (централното греење) ке поскапи бидејки се тесно поврзани со тие 2 енергенси. значи поентата ми беше дека, доколку отидеш во топлификација прашаш дали ке поскапуваат а они ти речат не, тогаш БИ ТРЕБАЛО да знаеш дека лажат... значи сите се свесни дека ке поскапува... и уште еднаш одговорот на она зашто за струјата лугето се бунат кога поскапува а за парното не... затоа што ако се исклучиш од струја немаш алтернатива, а од топлификација ако се исклучиш имаш многу алтернативи...
уште еднаш извини за мојата не намерна мала ароганција... само се обидував да доловам дека не навремено сте реагирале, и ако сте се нашле во некаков клинч, 99% сум сигурен дека сте си сами криви за тоа. бидејки информациите ги имате, решениата ги имате, ама ништо не сте направиле... топлификација нема да поевтини, ако можеби на тоа сте се надевале... а ни струјата нема да поевтини исто така... ни горивата...
а да, уште нешто, и водата поскапува повремено, ама неусетно, ама до сега не видов некој да протестира околу тоа....а во темава не се ни спомнува тој тип на значаен ресурс за човекот...
ПС од ноќеска пак поскапуваат горивата што за1 што за 2 денари...