Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Не знам, јас се исклучив , толку можам да направам, да гласам со новчаникот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сега сите провинцијалци ќе се вратат дома :icon_lol:, платата од 15-20000 денари нема да им стига за сметките и за киријата :icon_lol:.
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
Мамето нивно лоповско се живо и диво поскапеа нема сега златни нозе нека не држат и движат и ќебиња нека не греат друго ништо не останало :toe:
Шеќер и вода пред да ја прочитате сметката за парно, оти може да ве "дрмне". Немате помош од никого, заштитете си го срцето!
Сметки и по 100-200% поскапи од досегашните. Оти толку проценти им се исклучија, па да надоместат од нас грешните! А им се исклучија, не од "чиста мира" од зорт! Ќе им застане ли некој на патот на нивното монополско самоволие?
За ноември беше 3700,00ден., а оваа 7600,00ден. за 56м2, комшиите 8100,00ден. некој 10000,00ден. Имаме стара особа, отворени простори...,како да ги згрееме? Прашав есента во пунктот, ми рекоа дека нема да биде страшно, ама ме излажале. Така да сме; ни ваму-ни таму!
Не сме сложни, ние граѓаните; се плашат и одма се испоисклучиле, и работата се усложнува; требаше да се организираме, и да ги притиснеме, ама... Има некоја дешавка тука, Латас нон-стоп ги прозива, нешто ќе да биде!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дури сите организирано не речат:
Од први февруари Миле Китич ќе му ги плати сметките (однапред најавено на парола метро висока 3 метри широка), нека си го исклучат парното, нека си го земат и нека клат катанец на фирмата!

ќе се дешава ова шо се дешава. Се кладам со кој сака, дека само да ја превземи Топлификација приватен човек (читај ќе ги нормализира платите, ќе ги избрка нишачите на врата што ги плаќаат граѓаните) без никаква корекција на парното ќе има барем 10-тина милиони евра профит.
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:07 ---
Латас ќе ве спаси на него крстете се :pos::pos::pos::pos::pos::pos: .
Ете случајно Латас ги прозива, не дека е битно кој, ама него го гледаме со таа тема. Денес и Роза Топузовска имаше барање до регулаторната за да си поднесат оставка, ако не, да излеземе на протести!
Не мора така зајадливи коментари, не се продуктивни. Што е тоа, "ние", "вие"! Немаше некое дополнување на муабетов за парното? Секаде политика да се вмешувало. Затоа вака ни се случува, оти не сме единствени!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Хок, како што слушам колеги што зборат велат ако една третина станови во зграда откажат, рестото станови им се распоредува да платат за топлината доведена до зграда. Во една зграда Н. Лисиче скоро половина се откажале а другите плаќаат скоро дупли суми. Ако стварно така функционира а не по џули по квадрат стан тогаш вака логички ми личи дека е незаконски.

Дали има чаре за овие манипулации од топлификација?

Бтв, ова не е бран...ова се цунами таласи
нема... уствари има... исклучи се...

ај ке ви појаснам и зашто се толкави сметките кога скоро пола ке се исклучат... во потстаницата има пумпа која бутка одреден број на литри топла вода. после нејзе има сензор на влезна температура кој мери колку е топлата вода уствари топла, после има водомер еден кој служи за мерење на истата литража т.е. кубици на вода пројдено, и на крај има уште еден сензор кој ја мери излезната температура, онаа што се враќа назад кон топлификација. сите овие 3 точки на мерење запишани и поврзани со едно дигитално склопче се уствари оној склоп што они го велат КАЛОРИМЕТАР и според кој се добива финалниот број на топлински калории потрошени преку таа подстаница. е сега, на крајот од месецот би требало, да се соберат сите грејни квадрати во зградата, па да се поделат со потрошената енергија и се добива финална пресметка за цена на греење по квадрат. понатака за секој стан има колку се грејни квадрати и се множи со цената добиена претходно од квадрат и така ја добивате сметката за греење...

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА НЕКОЈ КЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА? па лесно е за објаснување, пумпата и понатака си ја друка истата колична на вода, сензорите и понатака си мерат исто НО бројот на грејните квадрати се намалува... ако е тоа еден до 2 стана од зграда која има да речеме 30-40 стана нема ни да се примети, ама ако е скоро половина е тогаш е сериозен проблемот... истите параметри истата снага се исто ама скоро напола грејни квадрати и така расте цената. значи топлификација, со поставувањето на калориметрите си се заштити самата себе да има што помали губитоци кога некој ке се исклучи... а за се заштитат од евентуални тужби, донесоа и закон илиправило со кој велат дека доколку 51% од една зграда се исклучат, тие автоматски ке ја исклучат цела зграда... веке има случаеви во карпош на исклучени цели згради, затоа што се исклучиле 50% од станарите. јас конкретно во една зграда во кисела вода од 6 стана на 2 им ставив сопствено парно а третиот се исклучи и си стави греачи (јас му ставив) по радијатори и следниот момент ја исклучија цела зграда...

и тој пример што го дадовте во Н. Лисиче не е далеку од гасење цела зграда... после оваа грејна сезона уште 3 -4 стана да се исклучат ( ак есе исклучат) и ке ја изгасат цела зграда т.е. тоа е цела блок зграда со 4 влеза, ке ја изгасат половината пошто на една потстаница се по 2 влеза...
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:13 ---
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:07 ---

Ете случајно Латас ги прозива, не дека е битно кој, ама него го гледаме со таа тема. Денес и Роза Топузовска имаше барање до регулаторната за да си поднесат оставка, ако не, да излеземе на протести!
Не мора така зајадливи коментари, не се продуктивни. Што е тоа, "ние", "вие"! Немаше некое дополнување на муабетов за парното? Секаде политика да се вмешувало. Затоа вака ни се случува, оти не сме единствени!
да те надополнам дека и тое од регулаторна комисија имаат премногу притисоци. и топлификација и евн и водовод и сите јавни фирми сакаат многу поголемо поскапување, а овие ги кочат и не им дозволуваат толку многу... значи јас не велам зашто и како, не знам и неможам да се замарам моментално и со тоа како и зашто дозволуваат поскапувања, ама знам дека фирмите бараат повеке и дека уствари регулаторна на некој начин работи и за граѓаните... значи сакам да посочам и од овој аспект да се погледне малку, а не само одма на нож да се ставаат и политиките да се мешуваат... и пред да ме нарече некој вмроовец или сипатизер, јавно ке кажам дека сум неопределен нити член на некоја партија...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:07 ---

Ете случајно Латас ги прозива, не дека е битно кој, ама него го гледаме со таа тема. Денес и Роза Топузовска имаше барање до регулаторната за да си поднесат оставка, ако не, да излеземе на протести!
Добро сега ти овца си овчар ти треба, или човек си кој што мисли сам со свој ум? Друго коментарот не е зајадлив туку се смеам, затоа што Латас и Розита ги заболе патлакот и дундата за тебе, првиот си тера пропаганда за да му се гледани вестите и со тоа да продава реклами, а вторава сака да се врати во парламент. И тоа протестите мислиш спонтано така настануваат а? Ќе ти дојде некој дома на ѕвонче динг донг и ќе те кани на протести а ти ќе го чекаш да се случи тоа пред телевизор и пред компјутер.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Жириновски изјавил
По тупо население, од оние на Урал, нема!

http://www.dp.ru/a/2012/01/12/Bolee_tupogo_naselenija_ch/

ама мислам човеков греши, оти не е запознаен со нашиов народец штом дава такви изјави

туууууууупоќа невидена- правац Гинис
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
Добро сега ти овца си овчар ти треба, или човек си кој што мисли сам со свој ум? Друго коментарот не е зајадлив туку се смеам, затоа што Латас и Розита ги заболе патлакот и дундата за тебе, првиот си тера пропаганда за да му се гледани вестите и со тоа да продава реклами, а вторава сака да се врати во парламент. И тоа протестите мислиш спонтано така настануваат а? Ќе ти дојде некој дома на ѕвонче динг донг и ќе те кани на протести а ти ќе го чекаш да се случи тоа пред телевизор и пред компјутер.
Немам намера да чекам нешто да се случи, доста се активирам и се борам моите проблеми да ги решавам, туку некогаш треба масовна поддршка. Форумиве се одлични мотори за тоа. Ама на народецов му е полесно да си ја исече гранката (во случајов, се исклучуваат од системот за греење), отколку да пружи отпор! Чист ДЕФЕТИЗАМ! Ние сме ставени пред свршен чин, среде зима со минусни температури; ако се исклучиме требаат многу пари за ново решение! А, од друга страна, и Топлификација бара многу пари! Фатени сме во КЛИНЧ!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Чист ДЕФЕТИЗАМ! Ние сме ставени пред свршен чин, среде зима со минусни температури; ако се исклучиме требаат многу пари за ново решение! А, од друга страна, и Топлификација бара многу пари! Фатени сме во КЛИНЧ!
Не се исклучувајте и не плајќајте масовно цели населби тоа ви е единственото решение, ако успеете да се организирате.
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 17:57 ---
Кој плати колата на бандажи :icon_lol:.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Немам намера да чекам нешто да се случи, доста се активирам и се борам моите проблеми да ги решавам, туку некогаш треба масовна поддршка. Форумиве се одлични мотори за тоа. Ама на народецов му е полесно да си ја исече гранката (во случајов, се исклучуваат од системот за греење), отколку да пружи отпор! Чист ДЕФЕТИЗАМ! Ние сме ставени пред свршен чин, среде зима со минусни температури; ако се исклучиме требаат многу пари за ново решение! А, од друга страна, и Топлификација бара многу пари! Фатени сме во КЛИНЧ!
ало бре... овакви поскапувања не се новитет за скопјани па и за цела македонија... уназад 20 и кусур години е така... увек среде зима поскапува се т.е. ден-два после нова година... ти си сам крив што си дозволил да бидеш ставен во клинч... што не размислувате за греење во лето? не тогаш ви се мота во глава на која плажа да идете, на кој песок да се сончате и каде во кое туристичко место парите да ги потрошите, а после на зима во нај ладното во клинч биле ставени... ма немој... јас имам фирма за парно греење и работам со парно 12-та година... на лето едвај преживуваме иако даваме огромни попусти... никој не го интересира греењето на лето да го решава... исти к*р е и со климите... кога во јули и август ке се крене температурата над 45 тогаш сите клими сакаат да купат и на сите СТРАШНО ИМ СЕ БРЗА...

ај искрено одговорете си сами на себе, не мора на мене и на форум...колку од вас во моментов значи сега размислуваат за клима уред како опција за ладење летоска? свесни ли сте колку се поевтини климите сега? свесни ли сте дека сега монтажата на клима е 50 евра се комплет со се што треба или фали во климата, а во јули и август ќе ве штавам по 70-80 евра плус ке си платите и држачи и цевки и она пола метро лицнаст кабел што ке фали ке ви го наплатам двојно? затоа што во тој период ке купите клима и ке чекате минимум 2 а максимум 4 недели за регуларна цена на монтажа или ке платите по овие тарифи погоре напишани да ви биде монтирано за ден-два? е па така е и со парното, летно време сите ние кои имаме фирми за парно даваме екстра попусти, идеме со минимални заработувачки колку да се преживее и да се покријат трошоци па и од нас даваме нешто гратис, на пример нешто материјал некој што останал не употребен од некаде, ке го добиете поклон, а среде зимо, во ек на сезона кога незнам кај ми е главата има да платиш се што треба... ако нејќеш иди кај другиот и он ке ти го каже истото, дури и бетер можеш да пројдеш...

се изнервирав сега и морав да го напишам ова... МАКЕДОНШТИНА СТАРА... седи со скрстени раце и само кукај и плачи дека не е добро, деке не чини и дека сме во безизлезна ситуација, а со мало прсте не се мрда за да се проба да се реши нешто...
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
Бидејќи ја сврте темата на своја воденица, немам намера да ти одговорам! Си бараш муштерии? Какви плажи, какви клими...што ти е тебе? Читај погорните постови! Навреме е реагирано, прашано и во топлификација, ме излажаа!!! Од друга страна соседите нож во грб, си се исклучија, и сметката расте!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom