Хок, како што слушам колеги што зборат велат ако една третина станови во зграда откажат, рестото станови им се распоредува да платат за топлината доведена до зграда. Во една зграда Н. Лисиче скоро половина се откажале а другите плаќаат скоро дупли суми. Ако стварно така функционира а не по џули по квадрат стан тогаш вака логички ми личи дека е незаконски.
Дали има чаре за овие манипулации од топлификација?
Бтв, ова не е бран...ова се цунами таласи
нема... уствари има... исклучи се...
ај ке ви појаснам и зашто се толкави сметките кога скоро пола ке се исклучат... во потстаницата има пумпа која бутка одреден број на литри топла вода. после нејзе има сензор на влезна температура кој мери колку е топлата вода уствари топла, после има водомер еден кој служи за мерење на истата литража т.е. кубици на вода пројдено, и на крај има уште еден сензор кој ја мери излезната температура, онаа што се враќа назад кон топлификација. сите овие 3 точки на мерење запишани и поврзани со едно дигитално склопче се уствари оној склоп што они го велат КАЛОРИМЕТАР и според кој се добива финалниот број на топлински калории потрошени преку таа подстаница. е сега, на крајот од месецот би требало, да се соберат сите грејни квадрати во зградата, па да се поделат со потрошената енергија и се добива финална пресметка за цена на греење по квадрат. понатака за секој стан има колку се грејни квадрати и се множи со цената добиена претходно од квадрат и така ја добивате сметката за греење...
ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА НЕКОЈ КЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА? па лесно е за објаснување, пумпата и понатака си ја друка истата колична на вода, сензорите и понатака си мерат исто НО бројот на грејните квадрати се намалува... ако е тоа еден до 2 стана од зграда која има да речеме 30-40 стана нема ни да се примети, ама ако е скоро половина е тогаш е сериозен проблемот... истите параметри истата снага се исто ама скоро напола грејни квадрати и така расте цената. значи топлификација, со поставувањето на калориметрите си се заштити самата себе да има што помали губитоци кога некој ке се исклучи... а за се заштитат од евентуални тужби, донесоа и закон илиправило со кој велат дека доколку 51% од една зграда се исклучат, тие автоматски ке ја исклучат цела зграда... веке има случаеви во карпош на исклучени цели згради, затоа што се исклучиле 50% од станарите. јас конкретно во една зграда во кисела вода од 6 стана на 2 им ставив сопствено парно а третиот се исклучи и си стави греачи (јас му ставив) по радијатори и следниот момент ја исклучија цела зграда...
и тој пример што го дадовте во Н. Лисиче не е далеку од гасење цела зграда... после оваа грејна сезона уште 3 -4 стана да се исклучат ( ак есе исклучат) и ке ја изгасат цела зграда т.е. тоа е цела блок зграда со 4 влеза, ке ја изгасат половината пошто на една потстаница се по 2 влеза...
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:13 ---
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 01:07 ---
Ете случајно Латас ги прозива, не дека е битно кој, ама него го гледаме со таа тема. Денес и Роза Топузовска имаше барање до регулаторната за да си поднесат оставка, ако не, да излеземе на протести!
Не мора така зајадливи коментари, не се продуктивни. Што е тоа, "ние", "вие"! Немаше некое дополнување на муабетов за парното? Секаде политика да се вмешувало. Затоа вака ни се случува, оти не сме единствени!
да те надополнам дека и тое од регулаторна комисија имаат премногу притисоци. и топлификација и евн и водовод и сите јавни фирми сакаат многу поголемо поскапување, а овие ги кочат и не им дозволуваат толку многу... значи јас не велам зашто и како, не знам и неможам да се замарам моментално и со тоа како и зашто дозволуваат поскапувања, ама знам дека фирмите бараат повеке и дека уствари регулаторна на некој начин работи и за граѓаните... значи сакам да посочам и од овој аспект да се погледне малку, а не само одма на нож да се ставаат и политиките да се мешуваат... и пред да ме нарече некој вмроовец или сипатизер, јавно ке кажам дека сум неопределен нити член на некоја партија...