Последниот Мохиканец
Командат -ај лав ју
- Член од
- 3 февруари 2007
- Мислења
- 294
- Поени од реакции
- 61

Излеа слабо им оди она со интернетот

Абе нели сфаќате, разликата помеѓу 2008 и 2011 е што сега има повеќе граѓани на Вукојебинава, па затоа требаат плус тие 3,5 денари (разликата во бензинот) за прашок за перење мозок.
линкСпоред членот 5 од Договорот, на Стратешкиот инвеститор му е дадено екслузивно право за увоз на деривати од 1.500.000 тони годишно за период од 5 години. Исто така, продавачот-РМ се обврзува дека за период од 20 години, ОКТА ќе има ексклузивно право директно или преку нафтоводот да увезува нафта, а таа ќе ги преземе сите обврски кон државата вклучувајки и даноци, царини, други давачки, затезни камати, казни, штети. Исто така, РМ се обврзува дека ќе нема никакви побарувања спрема Стратешкиот инвеститор, а компанијата која ќе се формира ќе нема никакви обврски спрема продавачот. Во Договорот исто така, е предвидена обврска дека царината нема да биде поголема од 1%, додека за другите компании кои ќе увозуват нафта таа не смее да изнесува помалку од 20%-со што се стават во нееднаква положба субјектите на пазарот. Дополнително на оваа бенефиција е предвидена и обврска на државата дека доколку според меѓународни стандарди или поради уставни причини државата-РМ ќе воведе други даноци или други дополнителни приходи, ќе треба да ја надоместува и разликата во царини.
Што мислеле во 1999 кад се онаделе? Ништо не мислеле. Само да земат некое евро повеќе од купо-продажниот договор.Пазарот неможе да се либерализира до 2019 година затоа што со продажбата на ОКТА, Р.Македонија и овозможува на ОКТА 20-годишен монопол.
линк
Тоа што ќе треба до 2019 да купуваме (требало-не требало) мазут од ОКТА, 400.000-500.000 тони на годишно ниво и што вкупно ќе ја чини Македонија 800 млн.евра заклучно со 2019 е друга работа.
Нов бран поскапување на основните прехранбени производи ги очекува македонските граѓани, според најавите на компаниите-производители. Откако мелничарите и пекарите најавија дека лебот ќе поскапи од 15% до 20% како резултат на растот на цената на пченицата и владината одлука за ограничување на увозот од странство, сега и производителите на месо и кондиторски производи најавуваат нови поскапувања.
Од прогнози за евентуални поскапувања се воздржуваат производителите на масло за јадење, бидејќи бербата на сончогледот уште не е почната и производителите на млечни производи, кои тврдат дека нема причини за нови поскапувања.
Истовремено информациите од компаниите за цените, изворот на набавка и количеството на пченица и друго жито во Македонија се коси со изјавите на министерството дека 2011 имаме произведено 340 илјади тони пченица ...затоа што тие се воглавно скоро доволни за Македонија (годишните потреби според изјави на официјални лица се движи околу 350-360 илјади тони)Директорот на агроиндустрискиот комбинат Агриа, Перо Колевски, вели дека во следните десетина дена ќе поскапи и свинското месо како резултат на тоа што домашните производители веќе не можат да го издржат притисокот на високите цени на суровините, кои според него, минатата година пораснале во просек за 70%.
“Еден тон јачмен лани го купувавме за 115 евра, годинава се движи од 210 до 220 евра за тон. Пченката лани се продаваше за 150 евра за тон, а годинава чини од 260 до 270 евра за тон. Во некои случаи растот на цените е 100%. Зборувам за цени од Србија и Унгарија, од каде што набавуваме сточна храна“, вели Колевски.
Според него, во последните четири месеци компанијата работела со загуби, но се воздржувале од поскапување на месото затоа што се надевале дека цените на суровините ќе паднат откако Русија ја тргна забраната за извоз на пченица. Но, како што објаснува тој, наместо да се коригираат цените на житата, по оваа одлука тие уште повеќе растат, вели Колевски.
“Вакви високи цени не паметам да имало досега. И тоа во време на жетва. И во 2008 година, кога цените достигнаа врв, тон јачмен се продаваше за 150 до 160 евра за тон, а сега чини 220 евра. Поради сево ова сме принудени да ги зголемиме цените на свинското месо од 8% до 11%, иако пресметките покажуваат дека треба да ги зголемиме за 15%“, вели Колевски.
а сепак велат постои недостаток....цените на лебот се зголемуваат...и така натаму.Годишните количини на пченица за 2010 потребни за Македонскиот пазар се движат околу 360 илјади тони, спред податоците на министерството оваа година се засеани 96 илјади хектари од кои се очекува род од 290 илјади тони.
Е де, ние божем се утепавме од јадење месо и чоколади. Додуша леб бутаме ко нездрави, ама тоа е сеа што да правиме.
Што!?Пазарот неможе да се либерализира до 2019 година затоа што со продажбата на ОКТА, Р.Македонија и овозможува на ОКТА 20-годишен монопол.
линк
Тоа што ќе треба до 2019 да купуваме (требало-не требало) мазут од ОКТА, 400.000-500.000 тони на годишно ниво и што вкупно ќе ја чини Македонија 800 млн.евра заклучно со 2019 е друга работа.
Поранешни членови на Регулаторната комисија проблемот за ова ниво на цените на нафтените деривати го објаснуваат со, како што велат, катастрофалниот договор со кој се осакатува државата, договор кој Македонија го склучи со Окта пред 12 години. Тие објаснуваат дека Комисијата уште девет години цените на дериватите ќе ги формира преку методологијата, жртва на купопродажниот договор на Окта, цени кои единствено се прифатливи за Хеленик петролеум, грчката компанија сопственик на скоската рафинерија. Извори од Регулаторната комисија велат дека дури и Комисијата да иницира промена на методологијата таа на крајот нема да се прифати, бидејќи Хеленик петролеум нема тукутака да ги прифати измените на оваа методологија, кои би биле на нивна штета. Интересно е тоа што не може да се најде конзистентно правило при анализата на нивото на цените на нафтените деривати во Македонија споредено со цената на суровата нафта и односот денар-долар.
ОКТА НАПЛАЌА НАЈВИСОКА РАФИНЕРИСКА ЦЕНА ВО ЕВРОПАДека купопродажбениот договор е штетен било јасно уште кога бил склучен. На седница на Економско-социјалниот совет во 1999 година било предупредено дека договорот е многу лош, но сите членови што биле против зделката биле отстранети од ова тело. Според нив, ако Уставниот суд се изјаснел дека договорот е неуставен пред неговата ратификација во Собранието, немаше да се случи ова. По добивањето на пресудата од Парискиот суд, тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски, изјави дека ќе се бара одговорност од сите што биле инволвирани во случајот “Окта”, односно од тие што го потпишале купопродажбениот договор и тие што еднострано го раскинале. Досега не е поднесена пријава против ниедна институција или лице. Ниедна Влада досега не побара одговорност од креаторите и потписниците на купопродажбениот договор. Останаа само штетите што ги трпи Македонија. А тие не се мали. Македонија е казнета со 7,47 милиони долари плус годишна камата од 5% за одземање на ексклузивното право за увоз на нафта. Во врска со обвинението за право на диференцијална царинска давачка казна изнесува 1,09 милион долари и годишна камата од 8% плус „либор”. Поради непочитување на обврската за годишен откуп на 500.000 тони мазут, отштетата изнесува 22.718.000 долари плус годишна камата од 5%. За минимален проток на нафта казната е 3.075.000 долари плус камата од 5%, а за наплата на воен данок на “Окта” уште 2.228.000 долари. Поради непочитување преземени обврски казнети сме со 13.905.822 долари плус камата од 8%. Трошоците за арбитража изнесуваат 273.000 долари плус 5% годишна камата, а за адвокатите на “Окта” - 1.694.157 евра плус 5% камата.Адвокатската куќа „Лалиф асосиете” за тоа што ја бранеше Македонија пред Арбитражниот суд во Париз доби 4,5 милиони евра. За отштета на “Макпетрол” државата исплати над пет милиони евра. Во СДСМ неодамна пресметаа дека вкупната штета за Македонија изнесува 1,2 милијарди долари. Од Владата пак истакнаа дека благодарение нагодинашната спогодба државата е во нето-финансиска добивка од 54 милиони долари. Не се знае уште колку пари ќе & исплати Македонија на “Хеленик петролеум” до 2020 година поради непочитување на обврската за откуп на500.000 тони мазут годишно. Претходната тужба се однесуваше на првите пет години.
линк
Кој се бил дел од овој договор, кој потпишувал/преговарал?Дека купопродажбениот договор е штетен било јасно уште кога бил склучен. На седница на Економско-социјалниот совет во 1999 година било предупредено дека договорот е многу лош, но сите членови што биле против зделката биле отстранети од ова тело
Ај погоди тогашниот кој ?Кој се бил дел од овој договор, кој потпишувал/преговарал?
И дали е вистина ова што пишува, не сум воопшто во тек со ова, па некој од постариве нека потврди...