Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
:)Барем некој од регулаторна да има на форумот барем да го oдбрани нивниот став.
Излеа слабо им оди она со интернетот:))
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Абе нели сфаќате, разликата помеѓу 2008 и 2011 е што сега има повеќе граѓани на Вукојебинава, па затоа требаат плус тие 3,5 денари (разликата во бензинот) за прашок за перење мозок. :)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Незнам по кој принцип ги одредуваат цените Најверојанто е во однос на цената на суровата нафта и доларот. Но, не ја гледам причината зошто мора да има комисија за тоа. Може да се либарализра пазарот нека увезува кој колку сака и по која цена. Вака има едно лоби ОКТА. Колку што знам бензинските пумпи земаа малку по 3 денари од литар. Најголем дел од парите одат во ОКТА и државата. Очигледно има договор за монопол меѓу државата и ОКТА. Без државна интервенција и регулација и ограничувања неможе да има монопол никогаш.
http://www.erc.org.mk/Uploads/ND-C 10 08 2011 - ODLUKA ZA CENI NA ND so obrazlozenie.docx.pdf
Во одлуката од вчера не пишува детално како е определна цента и по која методологија
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Пазарот неможе да се либерализира до 2019 година затоа што со продажбата на ОКТА, Р.Македонија и овозможува на ОКТА 20-годишен монопол.

Според членот 5 од Договорот, на Стратешкиот инвеститор му е дадено екслузивно право за увоз на деривати од 1.500.000 тони годишно за период од 5 години. Исто така, продавачот-РМ се обврзува дека за период од 20 години, ОКТА ќе има ексклузивно право директно или преку нафтоводот да увезува нафта, а таа ќе ги преземе сите обврски кон државата вклучувајки и даноци, царини, други давачки, затезни камати, казни, штети. Исто така, РМ се обврзува дека ќе нема никакви побарувања спрема Стратешкиот инвеститор, а компанијата која ќе се формира ќе нема никакви обврски спрема продавачот. Во Договорот исто така, е предвидена обврска дека царината нема да биде поголема од 1%, додека за другите компании кои ќе увозуват нафта таа не смее да изнесува помалку од 20%-со што се стават во нееднаква положба субјектите на пазарот. Дополнително на оваа бенефиција е предвидена и обврска на државата дека доколку според меѓународни стандарди или поради уставни причини државата-РМ ќе воведе други даноци или други дополнителни приходи, ќе треба да ја надоместува и разликата во царини.
линк

Тоа што ќе треба до 2019 да купуваме (требало-не требало) мазут од ОКТА, 400.000-500.000 тони на годишно ниво и што вкупно ќе ја чини Македонија 800 млн.евра заклучно со 2019 е друга работа.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Пазарот неможе да се либерализира до 2019 година затоа што со продажбата на ОКТА, Р.Македонија и овозможува на ОКТА 20-годишен монопол.

линк

Тоа што ќе треба до 2019 да купуваме (требало-не требало) мазут од ОКТА, 400.000-500.000 тони на годишно ниво и што вкупно ќе ја чини Македонија 800 млн.евра заклучно со 2019 е друга работа.
Што мислеле во 1999 кад се онаделе? Ништо не мислеле. Само да земат некое евро повеќе од купо-продажниот договор.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Не знам, 500 евра беа зимоска...а сега?
Ќе поскапат лебот, месото и чоколадите!

Нов бран поскапување на основните прехранбени производи ги очекува македонските граѓани, според најавите на компаниите-производители. Откако мелничарите и пекарите најавија дека лебот ќе поскапи од 15% до 20% како резултат на растот на цената на пченицата и владината одлука за ограничување на увозот од странство, сега и производителите на месо и кондиторски производи најавуваат нови поскапувања.
Од прогнози за евентуални поскапувања се воздржуваат производителите на масло за јадење, бидејќи бербата на сончогледот уште не е почната и производителите на млечни производи, кои тврдат дека нема причини за нови поскапувања.
Директорот на агроиндустрискиот комбинат Агриа, Перо Колевски, вели дека во следните десетина дена ќе поскапи и свинското месо како резултат на тоа што домашните производители веќе не можат да го издржат притисокот на високите цени на суровините, кои според него, минатата година пораснале во просек за 70%.

“Еден тон јачмен лани го купувавме за 115 евра, годинава се движи од 210 до 220 евра за тон. Пченката лани се продаваше за 150 евра за тон, а годинава чини од 260 до 270 евра за тон. Во некои случаи растот на цените е 100%. Зборувам за цени од Србија и Унгарија, од каде што набавуваме сточна храна“, вели Колевски.

Според него, во последните четири месеци компанијата работела со загуби, но се воздржувале од поскапување на месото затоа што се надевале дека цените на суровините ќе паднат откако Русија ја тргна забраната за извоз на пченица. Но, како што објаснува тој, наместо да се коригираат цените на житата, по оваа одлука тие уште повеќе растат, вели Колевски.
“Вакви високи цени не паметам да имало досега. И тоа во време на жетва. И во 2008 година, кога цените достигнаа врв, тон јачмен се продаваше за 150 до 160 евра за тон, а сега чини 220 евра. Поради сево ова сме принудени да ги зголемиме цените на свинското месо од 8% до 11%, иако пресметките покажуваат дека треба да ги зголемиме за 15%“, вели Колевски.
Истовремено информациите од компаниите за цените, изворот на набавка и количеството на пченица и друго жито во Македонија се коси со изјавите на министерството дека 2011 имаме произведено 340 илјади тони пченица ...затоа што тие се воглавно скоро доволни за Македонија (годишните потреби според изјави на официјални лица се движи околу 350-360 илјади тони)
Годишните количини на пченица за 2010 потребни за Македонскиот пазар се движат околу 360 илјади тони, спред податоците на министерството оваа година се засеани 96 илјади хектари од кои се очекува род од 290 илјади тони.
а сепак велат постои недостаток....цените на лебот се зголемуваат...и така натаму.
Некој некого...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пазарот неможе да се либерализира до 2019 година затоа што со продажбата на ОКТА, Р.Македонија и овозможува на ОКТА 20-годишен монопол.

линк

Тоа што ќе треба до 2019 да купуваме (требало-не требало) мазут од ОКТА, 400.000-500.000 тони на годишно ниво и што вкупно ќе ја чини Македонија 800 млн.евра заклучно со 2019 е друга работа.
Што!?
Патријотите им дале дведецениски монопол на “негаторите“ за основниот енергенс на територијата за која умреле Гоце,Питу и Јане?
Неееее, не е можно..........:D
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Македонија мислам дека ја продаде ОКТА за сума од 32млн.долари а досега за оштета по најразлични основи и има исплатено десетици и десетици милиони евра. Денес ОКТА е најголема компанија во МК со годишен приход од над половина милијарда евра. Народски кажано, ја продадовме ОКТА за една кутија цигари за денес да може Хеленик петролеум да го цица народот како сака. Некој има дебели провизии од ваквата положба на ОКТА на домашниот пазар. За жал, Македонија не најде сили судски да го разреши овој случај...

Поранешни членови на Регулаторната комисија проблемот за ова ниво на цените на нафтените деривати го објаснуваат со, како што велат, катастрофалниот договор со кој се осакатува државата, договор кој Македонија го склучи со Окта пред 12 години. Тие објаснуваат дека Комисијата уште девет години цените на дериватите ќе ги формира преку методологијата, жртва на купопродажниот договор на Окта, цени кои единствено се прифатливи за Хеленик петролеум, грчката компанија сопственик на скоската рафинерија. Извори од Регулаторната комисија велат дека дури и Комисијата да иницира промена на методологијата таа на крајот нема да се прифати, бидејќи Хеленик петролеум нема тукутака да ги прифати измените на оваа методологија, кои би биле на нивна штета. Интересно е тоа што не може да се најде конзистентно правило при анализата на нивото на цените на нафтените деривати во Македонија споредено со цената на суровата нафта и односот денар-долар.
Дека купопродажбениот договор е штетен било јасно уште кога бил склучен. На седница на Економско-социјалниот совет во 1999 година било предупредено дека договорот е многу лош, но сите членови што биле против зделката биле отстранети од ова тело. Според нив, ако Уставниот суд се изјаснел дека договорот е неуставен пред неговата ратификација во Собранието, немаше да се случи ова. По добивањето на пресудата од Парискиот суд, тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски, изјави дека ќе се бара одговорност од сите што биле инволвирани во случајот “Окта”, односно од тие што го потпишале купопродажбениот договор и тие што еднострано го раскинале. Досега не е поднесена пријава против ниедна институција или лице. Ниедна Влада досега не побара одговорност од креаторите и потписниците на купопродажбениот договор. Останаа само штетите што ги трпи Македонија. А тие не се мали. Македонија е казнета со 7,47 милиони долари плус годишна камата од 5% за одземање на ексклузивното право за увоз на нафта. Во врска со обвинението за право на диференцијална царинска давачка казна изнесува 1,09 милион долари и годишна камата од 8% плус „либор”. Поради непочитување на обврската за годишен откуп на 500.000 тони мазут, отштетата изнесува 22.718.000 долари плус годишна камата од 5%. За минимален проток на нафта казната е 3.075.000 долари плус камата од 5%, а за наплата на воен данок на “Окта” уште 2.228.000 долари. Поради непочитување преземени обврски казнети сме со 13.905.822 долари плус камата од 8%. Трошоците за арбитража изнесуваат 273.000 долари плус 5% годишна камата, а за адвокатите на “Окта” - 1.694.157 евра плус 5% камата.Адвокатската куќа „Лалиф асосиете” за тоа што ја бранеше Македонија пред Арбитражниот суд во Париз доби 4,5 милиони евра. За отштета на “Макпетрол” државата исплати над пет милиони евра. Во СДСМ неодамна пресметаа дека вкупната штета за Македонија изнесува 1,2 милијарди долари. Од Владата пак истакнаа дека благодарение нагодинашната спогодба државата е во нето-финансиска добивка од 54 милиони долари. Не се знае уште колку пари ќе & исплати Македонија на “Хеленик петролеум” до 2020 година поради непочитување на обврската за откуп на500.000 тони мазут годишно. Претходната тужба се однесуваше на првите пет години.
линк
ОКТА НАПЛАЌА НАЈВИСОКА РАФИНЕРИСКА ЦЕНА ВО ЕВРОПА

Рафинеријата Окта, со амин од државата и од Регулаторната комисија за енергетика, има рафинериска цена на дизел-горивото од 0,679 евра за литар, што е највисока производна цена во цела Европа. Рафинериските цени на горивата не се единствениот проблем на пазарот на енергија во земјава. Рускиот гас донесен до македонска граница, а закупен од Макпетрол, чини неверојатни 370 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Рускиот гас до бугарската граница чини 270 евра, а до српската 300 евра. Скапите енергенси ја прават неконкурентна македонската економија

Дизелот на скопската рафинерија Окта има највисока рафинериска цена во цела Европа. Според последната корекција на цената, дизелот во Македонија достигна 66 денари за литар, односно 1,076 евра за литар. Ова не е највисоката цена на дизел-горивото која се продавала на македонските пумпи во последните неколку години и ако се спореди со цената на дизелот во земјите од ЕУ, произлегува дека Македонија плаќа поевтин дизел. Но, ако се анализира рафинериската цена што ја наплаќа Окта, со амин од државата и од Регулаторната комисија за енергетика, таа е убедливо највисока во споредба со сите 27 земји-членки на Европската унија.
Според статистиката на Европската енергетска асоцијација, Ирска, Шведска и Малта се земјите со највисока рафинериска цена на дизелот, која се движи меѓу 0,534-0,524 евра за литар. Рафинериската цена на дизелот што ја наплаќа Окта е фрапантни 0,679 евра за литар.
Структурата на малопродажната цената на дизел-горивото од Окта, која изнесува 1,076 евра, покажува дека рафинериската цена јаде најмногу од колачот, дури 0,679 евра. Акцизата зафаќа 0,16 евра, а данокот на додадена вредност 0,17 евра за литар. Дистрибутерот пак, наплаќа маржа од 0,52 евра за литар. Споредено со малопродажната цена на дизелот во Шведска, кој е најскап во Европа и чини 1,544 евра за литар, рафинериската цена изнесува 0,524 евра. Маржата пак, што ја наплаќа дистрибутерот во Шведска е пониска од македонската и изнесува 0,166 евра за литар.
Ова повторно ја отвора дилемата дали цените на горивата произведени од Окта се базираат на разумна и економски оправдана методологија. Методологијата за формирање на цената на горивата во земјава секогаш како репер ја зема цената на најквалитетната нафта “брент“. Од Окта не откриваат каква нафта користат за производство на горива во Македонија. Но, познавачите обвинуваат дека Окта увезува евтина и помалку квалитетна уралска нафта.
Македонија плаќа и најскап гас во регионот, испорачан од Русија до граница.

Покрај скапата нафта, за македонските компании проблем е и скапиот гас. Енергенсите, генерално, ја прават домашната економија неконкурентна. Тука треба да се додаде и електричната енергија, која големите потрошувачи се принудени да ја увезуваат затоа што од домашно производство ја нема доволно.
“Капитал“ веќе објави дека фрапантни 370 евра чинат 1.000 нормални метри кубни гас донесени од руски Гаспром до македонска граница. Податоците до кои дојде “Капитал” покажуваат дека на оваа висока набавна цена единствениот дистрибутер на природен гас во земјава, Макпетрол, ги пресметува ДДВ и тарифата за пренос, со што цената на природниот гас за компаниите достигнува дури 394 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Проиродниот гас до бугарска граница чини 270 евра за 1.000 метри кубни, а тарифните потрошувачи во Бугарија го плаќаат 282 евра за 1.000 метри кубни. Далеку поевтин гас стигнува и до српската граница, 300 евра, кој српските компании приклучени на преносната мрежа ги чини 316 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Германија до граница гасот го носи по цена од 240 евра за 1.000 метри кубни, од што произлегува дека Македонија плаќа поскап гас и на влезот во земјава и до компаниите за дури 100 евра.
Јавно достапните информации покажуваат дека во вториот квартал од кризната 2009 година цената на гасот од Русија до македонската граница изнесувала 290 евра за 1.000 нормални метри кубни гас, а за истиот период Германија плаќала 240 евра. Последниот квартал од 2009 година Газпром гасот го носел до Македонија за 235 евра, а до Германија за 180 евра. Во првиот квартал од годинава Македонија плаќа влезна цена на природниот гас од 370 евра за 1.000 нормални метри кубни, а Германија 100 евра поевтино.
Дел од 30-ината компании во земјава кои работат доминантно на природен гас се револтирани од овие поразителни податоци за бизнис-климата. Од најголемиот потрошувач на гас во земјава, челичарницата Макстил, објаснуваат дека набавната цена на енергенсите е превисока за производство кое треба да биде конкурентно на странските пазари.
“Во однос на регионот, Македонија плаќа фрапантно висока влезна цена на гасот, а кога ќе се додадат сите двачки, се добива уште повисока цена. Ако го земеме предвид растечкиот тренд на цената на гасот и просечната годишна потрошувачка на гас на Макстил, произлегува дека компанијата на годишно ниво губи по околу четири милиони евра. Македонија ценовно се оддалечува од нормалните текови”, вели Александар Панов, генерален директор на Макстил.
Компаниите ја повикуваат Регулаторната комисија за енергетика суштински да интервенира во цената на природниот гас во земјава, односно во давачките, со што на Макпетрол нема да му се дозволи да договара превисока набавна цена на природниот гас.
Од РКЕ се оградуваат и тврдат дека влезната цена на природниот гас е директен договор меѓу Макпетрол и Газпром.
Лиценца да биде трговец со гас во земјава има единствено Макпетрол, која директно со Газпром ги договара потребните количини. Пресудно за високата влезна цена на гасот е малата количина која ја бара Македонија, за разлика од Бугарија или Србија. Македонија нема гасоводен прстен, туку само цевка. Секако дека ваквата состојба е неповолна за нас како држава”, вели Димитар Петров, претседател на РКЕ.
Во март годинава и струјата поскапе за 5,48%. Наместо претходно утврдените 3,7871 денари за киловат-час, граѓаните веќе четири месеци плаќаат 3,9946 денари за киловат-час (0,651 евроценти).
Најголемо поскапување доби ЕВН дистрибуција од 4,76%, потоа МЕПСО од 4,22% и ЕЛЕМ од 0,53%. Фабриките во кругот на скопската железарница, кои со струја се снабдуваат од ЕЛЕМ Енергетика, плаќат струја поскапа за 9,56% споредено со март годинава. Најголемите потрошувачи на електрична енергија од 2008 година купуваат струја на слободниот европски пазар.
Според податоците од Европската енергетска асоцијација, француската индустрија плаќа најскапа струја во Европа, 0,645 евра за киловат-час, а најевтина Бугарија, само 0,634 евра.
линк

АВИОБИЛЕТИТЕ ЗАЛОЖНИК НА СКАПИОТ КЕРОЗИН ОД ОКТА


Никој не влегува во бизнисот со керозин. Зошто?!
Со просечна цена од 1.280 долари по тон, Македонија има најскап керозин на Балканот и во Европа. “Капитал” дојде до цените по кои се продава авионското гориво на Балканот и во Европа, информации кои и единствениот снабдувач со керозин во земјава, Макпетрол, и единствениот производител, Окта, ги чуваат како строга тајна.
Неофицијалните информации на “Капитал” покажуваат дека на скопскиот и на охридскиот аеродром Макпетрол го продава керозинот по 1.280 долари за тон. На аеродромите во Приштина, Белград и во Софија керозинот се продава по максимум 1.100 долари за тон. Еден тон керозин во Рим, во Анталија, во Брисел и во Копенхаген чини околу 960 долари. Овие податоци се просечни и важат за последните 10 дена. На амстердамскиот аеродром, пак, керозинот во последните 10 дена се продавал по цена од 980 долари за тон. Околу 1.000 долари за тон керозин плаќаат авиокомпаниите кои ќе сакаат да го наполнат својот резервоар на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург, Берлин и во Цирих.
Зоран Крстевски, директор на ТАВ Македонија, потврдува дека во земјава керозинот е прилично поскап отколку во регионот.
“Слободниот пазар ја утврдува цената на керозинот. Цената зависи од потрошувачката. Ако компанијата има голем обрт, ако аеродромите нудат попусти, ако има голема потрошувачка, ќе има и пониска цена на авионското гориво. Во Македонија нема домашни компании кои ќе ја зголемат потрошувачката, па врз основа на тоа да се намали и цената на керозинот. Странските авиокомпании добиваат многу привилегии од матичните аеродроми и кога ќе слетаат во Македонија дополнуваат многу мала количина керозин. Скапи сме затоа што нема втор снабдувач, нема потрошувачка”, коментира Крстевски.

линк

Пазарот на нафтени деривати се сведува на два големи монополи кои си прават што сакаат. Македонската економија е заложник на интересите на една рака луѓе...
--- надополнето: Aug 20, 2011 12:00 PM ---
И уште еден добар осврт на целата тематика... целиот текст на линкот подолу
_____________________________________________________________________________

МАКПЕТРОЛ ИМА МОНОПОЛСКА ПОЗИЦИЈА ЗА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ГАС ВО МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПЛАЌААТ НАЈСКАП ГАС ВО ЕВРОПА!
И додека мислите дека овде некаде завршуваат “игранките” во де факто монополот на Макпетрол, кога веќе гледате и елементи на картелско здружување (ова ќе бара објаснување од Андреја Јосифовски)... Има овде сешто! Видете сега чудо... Во март годинава Макпетрол основаше уште една нова фирма, Пром Гас дооел, преку која ќе се врши трговијата со гас низ Македонија. Фирмата која има основачки капитал од 160 илјади евра ќе ја управува Милан Сотировски, еден од поранешните членови на Управнот одбор на компанијата Макпетрол.
Макпетрол има монопол и во дистрибуцијата на гас! Заедно со државната ГАМА го управува гасоводниот систем! Цената на гасот во Македонија е безобразно висока и македонските компании се принудени да плаќаат највисока цена на гас во цела Европа!? Еве аргументи...
Рускиот гас донесен до македонска граница, а закупен од Макпетрол, чини неверојатни 370 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Страшно! Особено е страшно ако се земе предвид дека рускиот гас до бугарската граница чини 270 евра, а до српската 300 евра. Ако се анализираат официјалните податоци дека европска Германија до границата гасот го носи по цена од 240 евра за 1.000 метри кубни, произлегува дека Македонија плаќа поскап гас и на влезот во земјава и до компаниите за дури 100 евра!!!???Најскап гас. Цената на гасот е за 70% до 80% повисока од цената на гасот во Западна Европа! А замислете, ние сите очекуваме македонските компании да се конкурираат на глобалниот евопски и на потесниот балкански пазар. Во цела Европа цената на гасот дојден на граница е 190-200 евра, а во Македонија е близу 400 евра. Нашите најголеми компании прават загуби и до четири милиони евра на годишно ниво. Компаниите имаат и неприфатливо големи трошоци да го донесат гасот до нив - создаваат дополнителен трошок од 150 евра по 1.000 кубни метри гас!!!???Зошто се штити ваков монопол и зошто во структурата на сопственоста на ГАМА (Макептрол и државата пола-пола, се создаваат услови за картелско здружување???) Кој го дозволува ова? За чии интереси? Има ли некој кој ќе ја отвори сериозно оваа дебата? Но, и за ова ќе читате во утрешниот број на “Капитал“ кога одблиску ќе ја објасниме монополизацијата и картелизацијата во македонската економија, која го блокираше стопанството во последните години.
--- надополнето: Aug 20, 2011 12:00 PM ---
ДЕМОНОПОЛИЗАЦИЈА И ДЕКАРТЕЛИЗАЦИЈА!

Монополите и картелите од овој тип ги имаме во речиси сите индустриски гранки и сектори! Бизнис-партиските релации градени во последните дваесет години за краен резултат дадоа девастирани компании (!) и како што напишав во првиот мит (за приватизацијата), од компаниите со текот на годините, наместо силни балкански компании моќни да купуваат пазари на Балканот, создадовме “кеш-апарати” за потребите на партиите и на политичката олигархија! Директори по сто години... Се помалку има работа, се повеќе има време за играње табла! Овде има се и сешто...
Одговорноста на македонската политика (на секоја влада) е да создаде амбиент за демонополизација и декартелизација! И да го ослободи пазарот! Тогаш да ги измериме Макпетрол и други монополи сосе нивните директори и менаџменти – колку, всушност, “чини нивната умствена и интелектуална сувереност”, како и способноста да прават пари во услови на инвестиции, извоз на глобален пазар – сакате балкански, сакате европски! А не како нашиов “Марадона”, освен што отвори неколку свои фамилијарни гранапи, не успеа да најде сили Макпетрол да го продаде на странска компанија нафтена (МОЛ, ОМВ, Лукоил, Бритиш петрол...) и еве, нека му биде, да станеше барем достоен доставувач на таа компанија..

линк
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Дека купопродажбениот договор е штетен било јасно уште кога бил склучен. На седница на Економско-социјалниот совет во 1999 година било предупредено дека договорот е многу лош, но сите членови што биле против зделката биле отстранети од ова тело
Кој се бил дел од овој договор, кој потпишувал/преговарал?
И дали е вистина ова што пишува, не сум воопшто во тек со ова, па некој од постариве нека потврди...
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Кој се бил дел од овој договор, кој потпишувал/преговарал?
И дали е вистина ова што пишува, не сум воопшто во тек со ова, па некој од постариве нека потврди...
Ај погоди тогашниот кој ?

хинт;
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ЗА ДА НЕ ГИ ЗГОЛЕМАТ ЦЕНИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ ТЕЖИНАТА

Ивана Колева


Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе... се само дел од производите кои потрошувачите ги набавуваат за иста цена, со намалена тежина

Намалувањето на тежината на производите, наместо зголемување на цените, стана практика на производителите чии производи ги преплавуваат продажните рафтови во супермаркетите. Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе... се само дел од производите каде што скриената инфлација го зема својот замав. Ако минатата година за една цена можевме да купиме чоколадо од 100 грама, денес за истата цена добиваме чоколадо од само 75 грама. И малите чоколади од популарните светски брендови не останаа поштедени од скриената инфлација, па за иста цена од 25 денари, наместо 55-60 грама, денес добиваме само 42 или помалку грама чоколадо. Шпагетите и макароните од 500 грама се намалени на 400-350 грама, а пакувањата на одредени паштети исто така се “олеснети“ за пет до 10 грама. Дури ни пакувањата на сол и шеќер не се половина килограм, туку се намалени на 400 грама, а шише масло за јадење повеќе не е литар, туку 700 до 750 милилитри, иако се нуди по стара цена. Истата практика ја употребија и тутунопроизводителите, кои пред две години за да не ја зголемат цената на цигарите го намалија пакувањето од 20 на 19 цигари.
Организацијата за заштита на потрошувачите во Македонија веќе неколку пати ја информираше јавноста за променетата тежина на повеќе прехранбени производи и оттаму алармираат дека потрошувачите не треба да се доведат во заблуда преку несоодветно означување на цените на производите.
“Потрошувачите најчесто не ја откриваат разликата, бидејќи амбалажата доживува незначителна разлика во пакувањето. Промените со тежината се најмногу истакнати кај малите пакувања на “нескафе“, каде што кесичките се нудат полупразни, како и кај тие во кутиите кои остануваат навидум исти по големина, додека бројот на тие кесички е намален“, вели Маријана Лончар Велкова, претседател на Организацијата за заштита на потрошувачите, и додава дека на ваквите промени тие реагирале со повеке натписи во дневните весници и на ТВ-емисиите, а бурни реакции испратиле и потрошувачките организации ширум Европа.
РАПИДЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ШИРУМ СВЕТОТ

Трговците ги воведоа помалите пакувања на македонскиот пазар со цел да го избегнат револтот на граѓаните и да ги задржат потрошувачите без да предизвикаат бурни реакции поради, практички, поскапените производи. Повисоките цени се последица на драстичното поскапување на основните прехранбени суровини на светскиот пазар последниве година-две. Во прилог на тоа говорат и резултатите од последниот извештај на Светска банка за индексот на цените на прехранбените производи. Тој открива дека цената на храната на светско ниво за само една година се зголеми за 33%. Во извештајот се вели и дека цените се доближуваат до највисоките показатели од 2008 година, кога, всушност, почна и светската економска криза. Податоците откриваат дека пченката поскапела за 84%, шеќерот за 62%, пченицата за 55%, а цените на кафето скокнале за 45%. Поради тоа, практиката да не ја зголемат цената, туку да ја намалат тежината ја користат најчесто производителите од прехранбената индустрија.
Според Сава Димитрова, генерален директор на Европа, производителите се одлучуваат за намалување на тежината на производите токму поради задржување на психолошки прифатливата цена за потрошувачите. Вакви “симпатични“ цени, кои најчесто се заокружени бројки, како на пример 10 или 100 денари, најчесто се условот кој го поставуваат и трговците за да соработуваат со производителите.
“Кога лансиравме наполитанки за да постигнеме конкурентност на цената во однос на увозните супститути кои се нудеа на пазарот решивме да одиме со пакување од 900 грама наместо еден килограм“, објаснува Димитрова и додава дека Европа нема редовни практики за дополнително намалување на тежината на веќе лансираните производи за да постигне конкурентна цена.


НАЈЧЕСТИ ПРОИЗВОДИ СО НАМАЛЕНА ТЕЖИНА ВО МАРКЕТИТЕ:


1. КАФЕ, ШЕЌЕР, СОЛ

2. МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

3. ШПАГЕТИ, МАКАРОНИ, ЛЕЌА

4. ЧОКОЛАДИ

5. ЛЕБ И БЕЛИ ПЕЦИВА


ЕУ ВО 2009 ГОДИНА ДОЗВОЛИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНИТЕ

Во 2009 година Европската унија ја укина регулативата за стандардна големина на пакувањата на продуктите, па така, пакувањето млеко може да тежи 0,9 литри, а чоколадото 75 или 90 грама. Тогаш имаше остри реакции од европските здруженија за заштита на потрошувачите, кои тврдеа дека цените на новите, помали пакувања, нема да бидат пониски и дека купувачите најчесто нема да бидат свесни за промената, која е со ситни букви наведена на пакувањето. Со цел да се заштитат купувачите европскиот законодавец ги обврза производителите на секој производ да ја истакнат основната цена, односно колку нешто чини по единица мерка (килограм или литар).
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Сите вклучени во утврдувањето на цените на горивата , во нафта да се удавите и да ве запалат живи да горите....ја испивте крвта на народот :mad:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Аман бре више... :mad:
Ајде нека го направат 100 денари литар бензин упм... :mad: !!!
Вакви цени на бензините се астрономски и крајно нереални за земја како нашава, со ваков низок стандард на живеење... :notworthy:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Остај бензинот него сеа пак се ке оди нагоре. Ова веќе секоја граница ја помина СРАМОТА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom