Јас лично вака иако знам дека имањето за уставно право на претседателот да помилува е интересен и добар корективен систем за пропустите и систематските дупки на функционирање на судската власт поради кои невини идат во затвор. Сепак стојам на ставот дека ние како општество и народ уште не сме морално и етички дораснати за едно такво право на претседателот, бидејќи како што можеме да видиме тоа право претседателот масовно го користи и дури е повеќе од очигледно дека на моменти го злоупотребува тоа негово уставно право. И со тоа што очигледно многу луѓе се помилуваат од страна на претседателот се руши кредибилитетот на судската власт, или со други зборови се руши судската власт.
А во држава без ефективна судска власт и држава во која претседтелот е над судската власт имајќи квази статус дека е папа над папата по однос на пресудување кој е крив а кој не се губи еден затворен циклус на меѓусебна контрола на трите државни власти, а тоа е законодавната (парламентот), судската власт и извршната власт (владата).
И со самото тоа што претседатлот како што можеме да видиме ефективно ја деградира судската власт создава можност да извршната власт делува против законски односно спротивно на законите создадени од законодавната власт и тоа да помине без никаква законска контрола.
Затоа бидејќи морално, етички и функционално уште не сме дораснати како општество сметам дека терба тоа уставно право на претседателот да се избрише бидејќи и штети на државата и ќе и штети на државата најмалку во поблиска и средна иднина.