Е, ова е веќе интересна тема.
Има две опции за ваков случај. Во првата случај, мажот интелектуалец, високообразован, таа само со средно или вишо образование. И браков трае, неретко и со години. Зошто? Затоа што егото на (речиси) секој маж бара жена која ќе биде пониско на финансиското или интелектуално скалило. Тоа психолозите уште го викаат и "Пепелашка синдром".
А сега обратното. Случај кога таа е високообразована, интелектуалка. Жената, сакала да признае или не, бара партнер кој ќе биде подобар од неа на интелектуално ниво, бидејќи тоа е добар еволутивен показател за евентуалното нивно потомство. Дури и најголемата феминистка има потреба од маж кому ќе му се восхитува. Се и да ја вади од такт и неподносливо да ја нервира, пак ќе остане со него, вака или онака. Е, затоа на жените интелектуалки им е многу потешко отколку на мажите. Мажот интелектуалец нема да се замара многу-многу дали жена му е интелектуалка или не. Битно му е да има ручек, редовен секс, да е среден, испеглан и дома да е тип-топ.
Но, женската суета е многу поразлична. Жената ако треба ќе трпи и негово пијанчење, и швалерација и што ти се уште не, дури и ќотек, ама пред народот на фамозното прашање "A што работи маж ти?", да може онака гордо да се истопори и да каже: 'Mаж ми е ДОКТОР, ЕКОНОМИСТ, АРХИТЕКТ!"
Сума сумарум, ваков брак (работник-интелектуалец) може да опстои само ако е тој интелектуалецот. Обратното не. Жените по природа се премногу пресметливи за да си дозволат себеси да завршат со некој со кого не можат да се фалат во социјалните кругови.Такви се и интелектуалките, а работничките тројно повеќе, бидејќи достигнувањата на мажот и стануваат нејзини лични (ако веќе јас немам образование, барем маж ми е магистар, доктор на науки и што-ти-не).
Така обично оди тоа, тој се перчи со својата убава жена, таа со неговиот интелектуален и финансиски статус.
Најдобра комбинација е или двајца работници или двајца интелектуалци. Се друго е само мачкање очи и замижување пред неизбежната вистина дека брак може да опстои само кај индивидуи со слични афинитети, образование и поглед на свет.