Брак помеѓу интелектуалец и работник и рок на траење

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Прво партнерот треба да ти е мотив за се во животот, инспирација. Потоа мора да имате теми за разговор и забава, интереси, ставови, сексуални дополнувања и фантазии. Јас не верувам најискрено дека луѓе со различни интереси, опкружувања и амбиции би можеле да функционираат заедно на долги патеки.

Право збориш, иако не знаеме зошто од сите луѓе го одбираме баш тој човек да ни биде партнер. Настрана дипломите, интересите, изгледот.
Има нешто што е невидливо, а пресудно за избор на партнерот.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 19:45 ---
Е, ова е веќе интересна тема.

Има две опции за ваков случај. Во првата случај, мажот интелектуалец, високообразован, таа само со средно или вишо образование. И браков трае, неретко и со години. Зошто? Затоа што егото на (речиси) секој маж бара жена која ќе биде пониско на финансиското или интелектуално скалило. Тоа психолозите уште го викаат и "Пепелашка синдром".

А сега обратното. Случај кога таа е високообразована, интелектуалка. Жената, сакала да признае или не, бара партнер кој ќе биде подобар од неа на интелектуално ниво, бидејќи тоа е добар еволутивен показател за евентуалното нивно потомство. Дури и најголемата феминистка има потреба од маж кому ќе му се восхитува. Се и да ја вади од такт и неподносливо да ја нервира, пак ќе остане со него, вака или онака. Е, затоа на жените интелектуалки им е многу потешко отколку на мажите. Мажот интелектуалец нема да се замара многу-многу дали жена му е интелектуалка или не. Битно му е да има ручек, редовен секс, да е среден, испеглан и дома да е тип-топ......

Јас сум го забележала обратното. Интелектуалките најчесто се со мажи кои имаат помало образование, ама се фраери. :)
На пример Радмила Шеќеринска.
 
А стално и го кажувам ова на AnFem

Тоа ќе им го кажуваш на тие недепилираните. Јас маж пречекувам од работа како што е ред, кафе, ракија и ручек на маса, легенот за миење нозе е спремен со топла вода во него, свеќи, музика, станот - чист, јас избањата, намирисана, со шминка, долен веш кој вреска „еби ме“... Не треба Шемсо ти да ме учиш на домаќинлук, си знам јас како треба.
 
Јас сум го забележала обратното. Интелектуалките најчесто се со мажи кои имаат помало образование, ама се фраери. :)
На пример Радмила Шеќеринска.

Сега кога го прогуглав сопругот на Шеќеринска вели дека е Директор на Дајнерс за Македонија. За таа позиција сигурно не е со средно образование :)

Плус и позицијата му е далеку од неуспешна и немотивирачка :)

Плавоока јас се согласувам со твоето го имаме разговарано ова и во друга тема. Сега како да ни се повторува муабетот :)
 
Е, ова е веќе интересна тема.

Има две опции за ваков случај. Во првата случај, мажот интелектуалец, високообразован, таа само со средно или вишо образование. И браков трае, неретко и со години. Зошто? Затоа што егото на (речиси) секој маж бара жена која ќе биде пониско на финансиското или интелектуално скалило. Тоа психолозите уште го викаат и "Пепелашка синдром".

А сега обратното. Случај кога таа е високообразована, интелектуалка. Жената, сакала да признае или не, бара партнер кој ќе биде подобар од неа на интелектуално ниво, бидејќи тоа е добар еволутивен показател за евентуалното нивно потомство. Дури и најголемата феминистка има потреба од маж кому ќе му се восхитува. Се и да ја вади од такт и неподносливо да ја нервира, пак ќе остане со него, вака или онака. Е, затоа на жените интелектуалки им е многу потешко отколку на мажите. Мажот интелектуалец нема да се замара многу-многу дали жена му е интелектуалка или не. Битно му е да има ручек, редовен секс, да е среден, испеглан и дома да е тип-топ.

Но, женската суета е многу поразлична. Жената ако треба ќе трпи и негово пијанчење, и швалерација и што ти се уште не, дури и ќотек, ама пред народот на фамозното прашање "A што работи маж ти?", да може онака гордо да се истопори и да каже: 'Mаж ми е ДОКТОР, ЕКОНОМИСТ, АРХИТЕКТ!"

Сума сумарум, ваков брак (работник-интелектуалец) може да опстои само ако е тој интелектуалецот. Обратното не. Жените по природа се премногу пресметливи за да си дозволат себеси да завршат со некој со кого не можат да се фалат во социјалните кругови.Такви се и интелектуалките, а работничките тројно повеќе, бидејќи достигнувањата на мажот и стануваат нејзини лични (ако веќе јас немам образование, барем маж ми е магистар, доктор на науки и што-ти-не).
Така обично оди тоа, тој се перчи со својата убава жена, таа со неговиот интелектуален и финансиски статус.

Најдобра комбинација е или двајца работници или двајца интелектуалци. Се друго е само мачкање очи и замижување пред неизбежната вистина дека брак може да опстои само кај индивидуи со слични афинитети, образование и поглед на свет.
Ок потполно ја разбирам малограѓанштината, предрасудите, сререотипите и сето тоа. Но, бидејќи браковите и врските во најголем дел се склопуваат помеѓу 25 и 35 плус минус некоја година ме интересира колкав процент од тие архитекти, економисти, и дотори заработуваат пример над 500 евра во тие години. Односно дали заработуваат повеќе или помалку од еден столар. Јас мислам дека столарите и останатите мајстори баш во тој период водат по заработка и возат мерцедеси. Една од причините е што почнале да работа порано.

Нејсе, темава е интересена и има што да се каже. Како прво е тешко да се дефинира што е интелектуалец. Ако поставиме ригорозна дефиниција ќе ипадне дека во мк нема повеќе од 1000 интелектуалци.
Како второ основното и средното образование се барем на хартија во сите уччилишта исти. Нормално не секој е талентиран и еднакво ангажиран, но основната идеологија ја имаме сите, а освен тоа и да си се ангажирал во текот на образованитето со тек на време матерјалот се заборава.
Јасно факултетот е друга приказна. Ама па од друга која е користа од факултет кога луѓе со висок просек работаат како кенлери. Ела најди му го крајот.
 
Сега кога го прогуглав сопругот на Шеќеринска вели дека е Директор на Дајнерс за Македонија. За таа позиција сигурно не е со средно образование :)

Плус и позицијата му е далеку од неуспешна и немотивирачка :)

Плавоока јас се согласувам со твоето го имаме разговарано ова и во друга тема. Сега како да ни се повторува муабетот :)

Илити Бобо Дајнерс. ;)
Директор е на Дајнерс откога е со неа. Имаше завршено средно (во меѓувреме можеби нешто е сменето), а мислам дека имал сендвичара пред тоа. И бил голем мангуп. (y)
Пред тоа Радмила имала долга врска со дечко со сите нишани: паметен, учен, од фамилија, ама код жена игра неки пети кец :)
 
Дека има врска, има. Само што тоа се расчистува пред да се стапи во брак.
Не станува овде збор за кој е добар или лош, туку дали заради различниот степен на образование може да се распаден бракот.
-- Е ова се бара во темата, а не да се одбере невеста за Луки Јуниор.
А да ги земеме порано еве Војните лица,сите женски трчаа по нив,
е мислам баш таму имаме најповеќе ваква разлика во образованието
на партнерите,каде најчесто и сопругата на овој со палети и чварки
на рамената е домаќинка,поради добрите примања на мажот и сите
други привилегии кои ги имаа со маршалот.
 
Јас сум го забележала обратното. Интелектуалките најчесто се со мажи кои имаат помало образование, ама се фраери. :)
На пример Радмила Шеќеринска.


Еве ти цела биографија на Бобо Дајнерс, читај ако не те мрзи:) Во Дајнерс е пред Рада, инаку. Има капиталистички ментален склоп, а не секој интелектуалец "на папиру" го може тоа(y). Повеќето преферираат да ринтаат за други.

Сите мои пријатели работеа за себе. Немав пријатели кои работеа за државата. Истото го правев и јас. За мене, споредено со денешната младина е чудно да бидеш послушен, да не работиш на себе и да не стекнуваш работни искуства кога имаш 20 години. Работните искуства ме направија самостоен и независен од родителите, што ме правеше многу среќен. Тогаш бев убеден дека не мора по ред да ги работам работите. Континуирано, со многу мали паузи, работам од тогаш...

http://kapital.mk/mk/na_ruchek_so/88821/bez_glad,_nema_uspeh.aspx
--- надополнето: 5 септември 2013 во 21:41 ---
Плавоока јас се согласувам со твоето го имаме разговарано ова и во друга тема. Сега како да ни се повторува муабетот :)

Deja vu, драга моја, deja vu;)
 
Еве ти цела биографија на Бобо Дајнерс, читај ако не те мрзи:) Во Дајнерс е пред Рада, инаку. Има капиталистички ментален склоп, а не секој интелектуалец "на папиру" го може тоа(y). Повеќето преферираат да ринтаат за други.

„Сите мои пријатели работеа за себе. Немав пријатели кои работеа за државата. Истото го правев и јас. За мене, споредено со денешната младина е чудно да бидеш послушен, да не работиш на себе и да не стекнуваш работни искуства кога имаш 20 години. Работните искуства ме направија самостоен и независен од родителите, што ме правеше многу среќен. Тогаш бев убеден дека не мора по ред да ги работам работите. Континуирано, со многу мали паузи, работам од тогаш...

http://kapital.mk/mk/na_ruchek_so/88821/bez_glad,_nema_uspeh.aspx


Го читнав интервјуто и никаде не пишува дека има завршено факултет. Сите написи за него почнуваат со неговите манири, а не со тоа колку е паметен или учен. :)
Тоа не е познат по капиталистичкиот ментален код, туку по шармот и по големиот успех што го има(л) кај жените. Нормално, тоа не се пишува во биографиите. :)

Бобо е роден веројатно 1963/64 и тоа што го зборува (болд) едноставно не точно . Тоа беа често генерации на вечити студенти, без можност за работа. Сигурно не почнал со приватен бизнис 1984.
А за шпедиции - ги имаше како печурки под дожд. Ќе сопрам тука. :)
 
-- Е ова се бара во темата, а не да се одбере невеста за Луки Јуниор.
А да ги земеме порано еве Војните лица,сите женски трчаа по нив,
е мислам баш таму имаме најповеќе ваква разлика во образованието
на партнерите,каде најчесто и сопругата на овој со палети и чварки
на рамената е домаќинка,поради добрите примања на мажот и сите
други привилегии кои ги имаа со маршалот.

Ова може да се резимира мошне едноставно.
Кој ги има парите, тој ја има и контролата во врската, на овој или оној начин. Балансот на сили се поместува делумно кога ќе дојдат децата. Но, и потоа таа си е домаќинка, а тој носи леб дома, што би се рекло.

Инаку, имам таква ситуација во поширокото семејство (домаќинка и војно лице). Сега, веќе во бајаги поодминати години, таа би се откажала од сите материјални привилегии како жена на тој и тој, само кога би имала свое образование и свои пари, а со тоа и можност да си избере маж по свој терк. Но сега веќе е доцна, возот поминал. Затоа памет во глава совреме.
 
^^Офф: Шубоо вака ко ќе се роди љубоФ измеѓу два сродни акаунта.(дека е форум де, за тоа не викам души, :D )

Ок потполно ја разбирам малограѓанштината, предрасудите, сререотипите и сето тоа. Но, бидејќи браковите и врските во најголем дел се склопуваат помеѓу 25 и 35 плус минус некоја година ме интересира колкав процент од тие архитекти, економисти, и дотори заработуваат пример над 500 евра во тие години. Односно дали заработуваат повеќе или помалку од еден столар. Јас мислам дека столарите и останатите мајстори баш во тој период водат по заработка и возат мерцедеси. Една од причините е што почнале да работа порано.

Нејсе, темава е интересена и има што да се каже. Како прво е тешко да се дефинира што е интелектуалец. Ако поставиме ригорозна дефиниција ќе ипадне дека во мк нема повеќе од 1000 интелектуалци.
Како второ основното и средното образование се барем на хартија во сите уччилишта исти. Нормално не секој е талентиран и еднакво ангажиран, но основната идеологија ја имаме сите, а освен тоа и да си се ангажирал во текот на образованитето со тек на време матерјалот се заборава.
Јасно факултетот е друга приказна. Ама па од друга која е користа од факултет кога луѓе со висок просек работаат како кенлери. Ела најди му го крајот.

Во право си со ова 100%. Понекогаш мислам дека подобро ќе поминев во државава да бев некоја битанга у школо, да не учев редовно и да научев некој занает после средно како тишлер или механичар и сл. отколку да трошам пари и време на т.н Високо образование тука.
Се знае во Мк која е главен приоритет после завршување на факултет(со исклучок на ИТ, Финки, минки и други)- работа под државна цицка.
Столарите и децата шо научиле некој занает од порано многу подобро си поминуваат или во приватен, фамилијарен бизнис или пак си избегаат на време надвор. Затоа и возат мерцедеси, си спечалиле од време, додека ти си ги арчел парите на твоите.

Што се однесува до предрасудите за интелектуалец+интелектуалка, е глупост. Како шо спомнаa повеќе луѓе, дипломата не ти е гаранција дека си Интелектуалец. Знам тешки идиоти со дипломи(купени фала богу) и многу деца кои се стварно интелигентни, па едвај и средно завршиле или немал можност да заврши. Не е мерило, иако гледам околу мене дека и на луѓе и на родители им е многу битно „Шо има завршено?“ дотичниот/та. Инаку практично Факултет да завршиш кај нас се израмни со средно-нема никаква вредност ни на пазар на труд, ниту пак како лично достигнување.

Сепак нивото на образование наметнува и начин на однесување и мислење. Посебно ако има голема разлика во образование. Не може ако си доктор да ти работи мозокот или егото на пониско ниво. Не може да ти биде ни забавно, ни инспирирачки да бидеш со некој кој не те разбира, нема манири, или заеднички интереси.

Плавоока спомна за пепелашка синдром, се сложувам и со тоа и го забележувам често. Функционира и кај двата пола како што навела: Мажот си бира некоја инфериорна, неинтелигентна риба чисто за фукање, а она е со него ради ќешот, образованието или функцијата. Или е обратно.
Овие врски по дифолт се со разлики на многу нивоа и веројатно е да не успеат(има многу примери). Кај и да е ќе избијат и разлики и ставови и однесувања и се у пм.
Лично не би можел да изберам некоја гуска со „едвај средно“ каква и да е, ниту пак можам да се замислам пред некој доктор на науки жена-и-пол. Не иде...

 
Јас ак не се искомплексирам барем еднч дневно, дено нема да ми тргне со арно. Комплексираноста е основната движечка сила на селскостопанската економија. Комшијата од 4 саато е станал да ора. Е јас утре од 3 и пол ќе станам, па да виде он коа куќа мрсно јаде.
А момата, пожелно е да знаа да праа есапите и математиките, иначе ојде магарето у зелките и метафорички и буквално... ;););)



Абе вија оште малко и ќе ме женете. Дедо Анчо со причина се љуте...


Него он топик:
У Македонија си важе оште девизата, има диплома, ќе се закаче на државно црево, ќе се дебелее, добар/добра е. Има надеж на долгорочен план. Нема ништо поеротично од интелектуалец да се дере на сељак како мене на шалтер. Демонстрира супериорност у најмала рака. :-)

Интересно е како еден извитоперен државен апарат ни контролира умо, разумо, живото,односите меѓу човеците, љубовта, сакајнето, создавајнето заедници базирани на некакви книшки шо ги печатат институции изгубени у времето и просторо. :(

Дури и самата тема е инспирирана од таа контрола на тај извитоперен систем. Дедо Анчо, ништо лично, ама шом некаков систем ти е нафлезел у секоја пора на твојто битие, наебал си ја. Здраво си ја наебал. А нема излез. :(:(:(


Жално.
 
rokot e se dodeka nosam pari, a ona si intelektualizira :D
 
Во меѓувреме, се случи ли некој развод поради овие причини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom