^^Офф: Шубоо вака ко ќе се роди љубоФ измеѓу два сродни акаунта.(дека е форум де, за тоа не викам души,

)
Во право си со ова 100%. Понекогаш мислам дека подобро ќе поминев во државава да бев некоја битанга у школо, да не учев редовно и да научев некој занает после средно како тишлер или механичар и сл. отколку да трошам пари и време на т.н Високо образование тука.
Се знае во Мк која е главен приоритет после завршување на факултет(со исклучок на ИТ, Финки, минки и други)- работа под државна цицка.
Столарите и децата шо научиле некој занает од порано многу подобро си поминуваат или во приватен, фамилијарен бизнис или пак си избегаат на време надвор. Затоа и возат мерцедеси, си спечалиле од време, додека ти си ги арчел парите на твоите.
Што се однесува до предрасудите за интелектуалец+интелектуалка, е глупост. Како шо спомнаa повеќе луѓе, дипломата не ти е гаранција дека си Интелектуалец. Знам тешки идиоти со дипломи(купени фала богу) и многу деца кои се стварно интелигентни, па едвај и средно завршиле или немал можност да заврши. Не е мерило, иако гледам околу мене дека и на луѓе и на родители им е многу битно „Шо има завршено?“ дотичниот/та. Инаку практично Факултет да завршиш кај нас се израмни со средно-нема никаква вредност ни на пазар на труд, ниту пак како лично достигнување.
Сепак нивото на образование наметнува и начин на однесување и мислење. Посебно ако има голема разлика во образование. Не може ако си доктор да ти работи мозокот или
егото на пониско ниво. Не може да ти биде ни забавно, ни инспирирачки да бидеш со некој кој не те разбира, нема манири, или заеднички интереси.
Плавоока спомна за пепелашка синдром, се сложувам и со тоа и го забележувам често. Функционира и кај двата пола како што навела: Мажот си бира некоја инфериорна, неинтелигентна риба чисто за фукање, а она е со него ради ќешот, образованието или функцијата. Или е обратно.
Овие врски по дифолт се со разлики на многу нивоа и веројатно е да не успеат(има многу примери). Кај и да е ќе избијат и разлики и ставови и однесувања и се у пм.
Лично не би можел да изберам некоја гуска со „едвај средно“ каква и да е, ниту пак можам да се замислам пред некој доктор на науки жена-и-пол. Не иде...