Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Еве поминаа и неколку часа по утакмицата со Бразил, пробувам да ги средам мислите но секогаш мислите ми одат во еден правец оти редно е да се средат проблемите вон теренот. Прво да се смени управата, второ Шундо, трето фам. Лазаровски, Мојсовски да не гледаат фамилијарно и да не се мешаат во изборот на играчи. Е дури тогаш ќе имаме и континуитет на првенства, дури тогаш ќе можиме да се сметаме ракометна велесила
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Еве поминаа и неколку часа по утакмицата со Бразил, пробувам да ги средам мислите но секогаш мислите ми одат во еден правец оти редно е да се средат проблемите вон теренот. Прво да се смени управата, второ Шундо, трето фам. Лазаровски, Мојсовски да не гледаат фамилијарно и да не се мешаат во изборот на играчи. Е дури тогаш ќе имаме и континуитет на првенства, дури тогаш ќе можиме да се сметаме ракометна велесила

Така е и треба на време да креваме врева инаку кога ќе дојде да се игра со Австрија да не биде касно. Можат да не сјебат не се заебанција имаат и Германски селектор плус во Австрија е седиштето на ЕХФ, за да не фрламе покасно дрва и камења по судии кои не оставаат со играч повеке 16минути.
 
I

Ilindenka

Гостин
Ким Андерсон врши голема работа, Киро со под 40% шут од игра......+ некорисен брат :facepalm:
Нема да влагам во таа дебата... само мислам дека е смешно 30 страни да се посветат на проблемот Кире и брат му. Поентата ми беше дека има и друг пар браќа, од кои едниот нешто вреди а другиот е сметало, иако со Унгарија направи еден престап (за среќа) и даде четири гола (за малер), па никој не вика дека Наумче е крив...
30 страни за тоа дека Кире е крив бидејќи ја уценувал репрезентацијата... бла, бла...така беше и на ЕП. После секој изгубен натпревар "Кире самобендисаниот го донесе брат му неспособниот..."
Никој не спомна дека Наумче беше меќу најдобрите на листата со технички... (немам ништо против Мојсовски), ама стварно доста е веќе. Па премногу се напаѓа Кире, а сигурно не е само негова заслуга што завршивме со 3/3.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Аман те веќе со Кире и брат му.... Од нив двајцата барем едниот врши голема работа. Што не рипате така и за браќата Мојсовски - едниот престап а другиот речиси безначаен во поголемиот дел од натпреварите (во Србија па тотално безначаен)

Погледни ги статистиките на другите рпезрпезентации, најдобрите играчи немаат потрошено толку топки или напади како кире.



Ова го докажува што јас секојденвно овде го трубам дека ракометот е тимска игра и мора сите да даваат голови а не да се ослонуваме на еден или двајца играчи.
 
I

Ilindenka

Гостин
Аман бе, си запнал за Горан... ни Горан, ни Бранче не заслужуваат да играат во репрезентација. Патем, Кире мислам дека му е нешто кум на Горан, ама ете не го зема во репрезентација :pos:

Вака, можеме со денови да се караме што, како и кој, каде и зошто треба да игра. Прво за Раде Стојановиќ... не сум го гледал во последно време, не знам дали е тоа што беше или не. Во последните три години ако изигра десет мечеви по Источниве земји и во Вардар. Ете го игра сеа во Европа, ќе видиме што и како ќе биде, ако се покаже добро не гледам причина зашто да не се повика за баражот за СП, ама не носете заклучоци по статистики, згора на тоа го немате гледано со години. За Кире Лазаров и неговите „избрзани шутеви“... Кажав и после мечот со Унгарија, многу погрешно се изразуваат нашиве коментатори, какви избрзани шутеви кога има чист простор пред него, речиси и да немаше сериозни блокови. И точно е дека имаме и други играчи што преземаат иницијатива, ама со исклучок на Миркуловски денес ги немаше. Мојсо... изигра три одлични полувремиња, но тоа е, многу е лимитиран со неговата висина, и не е дебел, телевизорот го прави таков :pos:. Миркуловски е фантастичен, единствен играч кој знае да го искористи просторот што се создава поради тоа што противничките одбрани се сконцентрирани на Лазаров. Пикерите феноменални, се надевам дека утре конечно ќе добие шанса Никола Марковски, да видиме за што го бива и него, иако лично мислам дека е многу спор и неподвижен, барем последниот пат кога го гледав, ама како што кажав и за Раде, не сум го гледал долго време. Стоилов добро се држеше, иако одбраните беа исто така сконцентрирани на него. Да се префрлам на крилата... Алушовски мислам дека треба да се повлече конечно од репрезентација, можеби би му дал уште една шанса со баражот, ама доста беше. И вака е подобар од сите крила што ги имаме, ама време е да се даде шанса на помладите. Манасков, па кај беше бре дете вака да играш на ЕП. Го гледав и со Романија во Скопје, а еве и на овие квалификации, детево полека добива во самодоверба, многу е брз, има одличен одраз, не правеше глупости во контрите како на ЕП, значи добитна комбинација... Златко Мојсоски, значи не ми се верува како може професионалец, човек кој сигурно заработува над 2.000 евра месечно од ракометот, ако не и повеќе, да прави престапи на секој натпревар. Да не се навреди некој од Пелистер, ама сигурен сум дека ни таму не би бил стартер. Гоце Георгиевски, детево има изгубено самодоверба, се сеќавам дека пред две-три години, на некои од квалификациите, кога доби шанса на два-три меча по ред, ако не и повеќе немаше промашување. Ојлески, не сум го гледал многу, но ете сакам да добие шанса барем на пријателска, да видиме што знае и умее и тој. Сега малце за неподготвениот, Милан Левов... каков е*ан Мајнов, ова е резервистот за Кире, му помогна на Вардар да се пласира во ЛШ кога имаше 20-21 година, мислам дека беше и најзаслужен... брзо го земаа од Металург и не му дадоа вистинска шанса. Дечкото може да игра и десен бек и десно крило, а со неговата брзина може да се употребува и на средина. Проблемот е што нема некоја висина, но ете ни квалитетна резерва за најмалце две позиции. Стварно е во многу лоша форма, но тука е маестро Червар, според многумина на форумот е врвен стручњак (и ја се согласувам, но не е непогрешлив како што го прикажуваат некои од вас) и мислам дека тој е највиновен за ова што се случува со ракометарот. Околу нашите голмани, нема што тука да се дискутира, стварно станува збор за најдоброто што го имаме во моментот, со тоа што Борко мора да поработи малце на себе. Митровски е исто така добар голман, веројатно за две-три години тој ќе биде главниот меѓу стативите. А Дивиот ми е фаворит, не е толку талентиран голман како Станиќ или Борко, но извлекува и дава максимум од него, секогаш најзапален и крајно мотивиран. Околу резервите... Филип Лазаров, напаѓачки е подобар од сите резервни бекови кои беа повикани во ререзентацијата (еве го исклучувам Раде, ама пак ќе напоменам, повеќето немаме претстава како игра во моментов), Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Митков, сите ги имаат сличните предиспозиции на Филип ама пак напаѓачки се послаби од него. Бранислав Ангеловски, прво не е ЛЕВ БЕК туку „принудно“ игра на таа позиција исто како што играат и Мојсо и Миркуловски, ама за разлика од нив двајца, нема ни шут, ни знаење, повисок е и од двајцата, ама не е тоа, тоа... Ацо Јоноски и Велко се одлични дефанзивци, Митков убедливо најлош ракометар на квалификациите и во напад и во одбрана. Велко мораше да работи и на нападот повеќе но проблемот кај него е што нема прецизен шут. Шундо, човекот е за -50 оценка :pos: Не ми е криво за неговото незнаење, криво ми е што не повика доста квалитетни играчи, за да бидат батенцата во тимот. И така Златко и Никола Марковски не изиграа некоја улога, овој вториов не ни влезе во игра. Филип, ни тој не го искористи којзнае колку, Златко изгледа беше на некој допинг што даде четири голови против Унгарија, ама пред тоа направи престап во момент кога можеше да се израмни резултатот. Друго што ме нервира кај Шундо, абе идиот, немој да кажуваш дека си го викнал најдоброто кога имаше бар уште тројца-четворица играчи кои требаше да бидат во тимот :) Селекторот мора да се менува, ама како што кажав, проблемот е далеку подлабок и треба целосно да се смени пристапот во репрезентацијата. Инаку утре би сакал во напад да ги видам Манасков---Ф. Лазаров----Столе----Миркуловски---Лазаров---Златко... Ф. Лазаров и Миркуловски би се менувале со Мојсо (а може по некој напат да изиграат и Велко и Јоноски), а Столе со Н. Маркоски. Да беа во тимот ќе беше добро и Левов (да, да, пред Лазаров, нема потреба да се форсира на ваков меч) и Георгиевски да се во стартната постава, со тоа што Левов би го играл и на бек и на крило, а Ојлески да се менува со Манасков, Митревски би го ставил на место на Борко. Ама не сум ниту стручњак, ниту мислам дека којзнае колку добро го напишав постот. Сепак треба со репрезентацијата да водат луѓе кои се разбираат многу повеќе во ракомет, затоа што на Олимијада не се оди со едно десно крило.


Води неспортски живот, ќе беше одличен за лев бек, мислам дека нема спас за него (како ракометар се разбира), или мали се шансите да се врати на прав пат (пак како ракометар) :)
 
I

Ilindenka

Гостин
Погледни ги статистиките на другите рпезрпезентации, најдобрите играчи немаат потрошено толку топки или напади како кире.



Ова го докажува што јас секојденвно овде го трубам дека ракометот е тимска игра и мора сите да даваат голови а не да се ослонуваме на еден или двајца играчи.
Значи да расчистиме од старт... јас не го бранев Кире. Само кажав дека ДОСТА Е ВЕЌЕ со маубетот Кире е крив затоа што го земал брат му.
Ништо не реков за муабетот Кире е крив што шутирал.... Гледајте ја анализата на ТераТВ дента пред утакмицата со Шведска. Стефче точно предвидува што ќе ни се случи ако не ја рашириме играта - ќе добиеме парализиран Кире. Едноставно невозможно е да погоди ако високиот блок ја штити едната страна, а голманот другата. Прашање е "Зошто воопшто шутира" и "Зошто не ја раширија играта на крилата" ....
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.328
Поени од реакции
5.304
Не знај шо кажва Шундо на тајм аут бе :D
Безвеза колку да помини времето само...
Дури беше тренер на Пелистер, го слушав неколку пати и се губи, ќе збора, збора и ќе се закочи како лента. Се губи при зборањето...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Не знај шо кажва Шундо на тајм аут бе :D
Безвеза колку да помини времето само...
Дури беше тренер на Пелистер, го слушав неколку пати и се губи, ќе збора, збора и ќе се закочи како лента. Се губи при зборањето...
Дај му ја Димовски, па на Жути, Жути, Жути, а не, на Бранче :pos:
Играше ли Миркуловски во последниот напад? Зашто мислам дека не играше... Ако не го изиграл него овој треба да е тотално ненормален. Овој Бранче е изгубен, го кажував тоа кога играше за Вардар, сега го тврдам тоа.
 
I

Ilindenka

Гостин
Не знај шо кажва Шундо на тајм аут бе :D
Безвеза колку да помини времето само...
Дури беше тренер на Пелистер, го слушав неколку пати и се губи, ќе збора, збора и ќе се закочи како лента. Се губи при зборањето...
Ајде Битолчани дајте линк од вчерашната и денешната анализа на Тера. :pipi:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Значи да расчистиме од старт... јас не го бранев Кире. Само кажав дека ДОСТА Е ВЕЌЕ со маубетот Кире е крив затоа што го земал брат му.
Ништо не реков за муабетот Кире е крив што шутирал.... Гледајте ја анализата на ТераТВ дента пред утакмицата со Шведска. Стефче точно предвидува што ќе ни се случи ако не ја рашириме играта - ќе добиеме парализиран Кире. Едноставно невозможно е да погоди ако високиот блок ја штити едната страна, а голманот другата. Прашање е "Зошто воопшто шутира" и "Зошто не ја раширија играта на крилата" ....
Ама ти дали сфачаш дека е себичен? па на крило спие играчот сам, а кире шутире преку двајца, пак кај го има тоа? сака само тој да биде најдобар стрелец и игра за себе. тоа е рпоблемот кога се нема тренер авторитет.
 
M

MrzaRules

Гостин
уште муабетите бе....излишно е уште да се анализира и дискутира....сите видовме шо изиграа нашите и тоа е....џабе ќе се убедуваме кога помина...
 
I

Ilindenka

Гостин
Ама ти дали сфачаш дека е себичен? па на крило спие играчот сам, а кире шутире преку двајца, пак кај го има тоа? сака само тој да биде најдобар стрелец и игра за себе. тоа е рпоблемот кога се нема тренер авторитет.
o_O Еј дечко.... темава ја читам од сам почеток и сфачам само дека ти си земал за задача да го напаѓаш Кире по секоја цена. :sick:
Најди си друг на форумов за да му контрираш со што ќе добиеш прилика уште малку да го похејташ Кире. А од мојот пост прочитај ја следната реченица од таа што си ја болдирал и може ќе ти стане јасно дека јас имам попаметна работа од тоа да го бранам Кире по секоја цена.
Ајт сега со здравје, ова ти е последна реплика од мена на твоите Кире-хејтови. :cenzura:
--- надополнето: 9 април 2012 во 02:17 ---
Ууу како ја најде сликава, сите тројца под итно да си идат!!!
Дајте линк од анализите на Тера. :(
--- надополнето: 9 април 2012 во 02:19 ---
Киро прв ќе го бутнам од репрезентација ако ова е вака а е така изгледа! Киро постигнува по 4/5 гола по натпревар и другото е од пенал!И друг играч би го остварил тоа доколку му се даде шанса. Ако веќе треба да се разреши со Начевци кои мислам дека се најгадни во приказната нека тргне да се одмотува клопчето! И замисли тие рекетари успејаа да влезат на Олимијада, ке судат таму.....

Во репрезентацијата не владее никаква сплотеност, а со таква репрезентација нема натаму и да не се лажеме во Србија имаа НАЈГОЛЕМА ПОМОШ од публика. Да небеше така ќе го сонуваа Белград.

Најголема казна треба да им се направи, ако истиов состав остане( ако не ги исфрлат тие џаболебари од репрезентација) знаете ли како треба да им се даде да играат во Скопје пред празни трибини со Австрија и да го покажат квалитетот и нивното големо срце за Македонија.
А Минчо? Он таман ли си е?
--- надополнето: 9 април 2012 во 02:27 ---
:cuc: :cuc: :cuc:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.908
Поени од реакции
16.166

Aj Шундо и Лазаров океј, ама Филип како можи да разочара некого.. кога увек тоа го прикажувал, ништо повеќе, а ни помалце.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Дебакл,се сомневам дека ќе биде поинаку против Австрија...:facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom