Еве ви го целиот меч за тие што не гледале.
Не дека нешто јас премногу и се разбирам од бокс но сакам да гледам понекогаш вакви спортови и според она што видов мечот беше досаден, добро е што јас скоро цел и го преспав па го гледав одложено.
[DOUBLEPOST=1503832885][/DOUBLEPOST]Мора реванш Мек Грегор да побара, сигурен сум дека ќе победи наредниот пат.
Џошуа ќе го обели образот на горе споменативеАко сакате за очи убав бокс ќе си гледате мечеви на Myke Tyson, George Foreman,Julian Jackson, Thomas Hearns (The Hitman), Naseer Hamed, Muhammad Ali, Joe Frazier, Rocky Marciano, Roberto Duran, Manny Paquiao, Sugar Ray Robinson, Amir Khan, Sugar Ray Leonard, Roy Jones..., во последно време се помалку и помалку има убав бокс за очи, се е тактизирање, дојде време кога повеќе адреналин има во шах, отколку во бокс
Не се различна категорија Головкин и Мејведер?Штета... голема штета што Мејведер ќе се повлечи од боксот со овој меч наместо со мечот со Triple G!!! Во таков случај мислам дека ќе го видеше Дедо Мраз во август..
Во секој случај неговото име и вака ќе остане со златни букви во историјата на боксот! Човекот кој го сруши рекордот на славниот Роки Марчиано, со скор 50-0-0, иако МекГрегор беше повеќе шоу од противник, но изгледа после разочарувањето на огромните маси народ од дуелот со Пакијао, само вака можеа да се направат милјардите!
Исто така, ќе остане запаметен како најдобар дефанзивен боксер и посебно најдобар за ескиважи! На претходните 49 дуели, од вкупно упатените удари на противниците кон него едвај 19% биле прецизни и тоа со екстремно брзи борци како Пакијао!
Во иднина не посакувам многу борби од ваков тип... нека си продолжат сите на својот занает каде што се мајстори! Зошто ова доаѓа како на пример Болт во 2008 г. да посакаше да се проба во трчање со пречки или во фрлање диск или ѓуле! Демек сите атлетичари ќе ги победва, а не само спринтерите...
Различна се, но можеа да договорат.. еве на пример Мејведер веќе го имаше и едвај го победи на поени Канело Алварез, а Головкин со него ќе боксува на 16 септември!Не се различна категорија Головкин и Мејведер?
jasno e deka sudiite go pobedia mak gregor, vreme e za revans!