Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

S

Stef Bachatero

Гостин
Мислам дека имаш премногу малку килажа.
Земи создај мускулна маса...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
Би можел на пример дома да следам некоја HIIT програма додека во теретана вежбам стрикно тежински? Да пробам да направам некоја комбинација. Фала иначе!
можеш, за во ист ден ако се осекаш спремен после тежини тоа до тебе зависи, или во посебни денови
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Мислам дека имаш премногу малку килажа.
Земи создај мускулна маса...
Работам на тоа друже. Сеуште сум почетник во теретана но засега иде одлично. Како што кажав единствен проблем е салото кое што ми е останато од порано, затоа и барам совет.
 
G

garthok

Гостин
Ова вишокот сало од порано ми задава проблеми, ептен тешко се трга. 180 со 67 кила сум. Од кога почнав теретана до сега стомачните можам да ги осетам добро но салото ги покрива. Некој начин да го изгубам него без да паѓам на килажа? Каков вид на кардио ми е поисплатлив?

Фала ви.
како бе 180/67 и сало имаш, од оние ,,skinny fat" си?
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
како бе 180/67 и сало имаш, од оние ,,skinny fat" си?
Претпоставувам, имам сало кое што треба да се изгори кое ми останало од порано. Од 87 кила паднав во еден момент на 65, изгубив до сега солиден дел од салото, но имам проблеми да го исчистам салото во долниот дел од стомакот. Дури фрустрира малце.
 
П

Паган-др

Еј, не сум редовен овде, неам нишо пипнато од дамна физички. Ама нешто ме тера да прашам.

Исхраната средена ти е доволно?
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Еј, не сум редовен овде, неам нишо пипнато од дамна физички. Ама нешто ме тера да прашам.

Исхраната средена ти е доволно?
Би рекол дека е до некаде средена. Пазам што јадам во 90% од случаите, сум заборавил што се прженици. Протеини внесувам на природен начин што е можно повеќе. Грицки, благи и такви работи ми се да не речам елиминирани. Сокови не пијам веќе 2-3 месеци, стрикно вода, јогурт и млеко. Понекогаш ептен после теретана ако се осеќам гладен знам да купам да речам ѓеврек или слично, друго тешко.

Исто така заборавив да напишам и дека не јадам обичен леб, само по 1 парче црн леб од Специјал преку ручек.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Нека почива во мир дечково али сепак станува збор само за случајност што ова се случило во теретана ... дечкото очигледно си имал проблеми со срцето и сега поради тоа што фаталниот момент се случил во теретана ќе се јават таканаречените " експерти " што ќе почнат да тропаат глупости за кревање тегови итн..

Факт е дека посетувањето теретана и кревањето тегови го ПОДОБРУВА кардио здравјето заедно со целокупната здравосостјба на човечкото тело се дур не се клукате со тешки хемии.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.121
Поени од реакции
13.206
Да да јас само да споделам, не сум еден од тие експерти :) Него може и знаел дека има проблеми со срцето, како шумови, или грчеви на моменти, ама сепак мислел дека ништо нема да му се случи и се форсирал упорно без да се консултира со доктор... Штета млад ептен :(
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247

Грчеви на моменти не се проблеми со срцето, напротив срцевата болка е тапа и долготрајна.
 
Член од
31 декември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво
Ме интересира колку саати дневно треба да се вежба за да се видат првите ефекти и за кој временски период (месец,два?)
Мене конкретно ми требаат вежби за стомачни и зацврстување на задникот..одредени вежби веќе правам, ама ме интересира колку дневно да вежбам за да има ефекти?
Поздрав
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Се е релативно,нема саати вежбање што ќе ти даде за 2 месеци резултати.
Среди ја исхраната следи калории и макронутриенти.
Види колку телесни масти имаш и резултатите ќе дојдат со тек на време.
Нема никој што видел резултати за 3 месеци,за 1 година интензивно вежбање е тоа е веќе нешто.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Се е релативно,нема саати вежбање што ќе ти даде за 2 месеци резултати.
Среди ја исхраната следи калории и макронутриенти.
Види колку телесни масти имаш и резултатите ќе дојдат со тек на време.
Нема никој што видел резултати за 3 месеци,за 1 година интензивно вежбање е тоа е веќе нешто.
Како бе така ги демотивираш почетниците што сакат да почнат да вежбат,што тренер ке беше,дефинитивно треба да поработиш не само на телото туку и на начинот на кој што делиш информации.Викаш дека никој не видел резултати за 3месеци, абе ајде никој ама баш никој ?Па човек првите 2-3 месеце се прави доста солидна промена ако претходно не си бил активен и да зависи од состојбата од која почнуваш и ред други работи али да го кажеш тоа е бесмислено а се сметаш за личен тренер
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Реков дека е релативно,за 2 месеци не знам што очекувате да се постигне.
Може да се изгуби 5 кг и да зголеми малку мускулна маса,али да изгледа како фитнес модел како што бара треба години и време.
Зборам реално и искрено,треба минимум 6 месеци...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom