- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.589
Ја прегледував темава неколку страни наназад и заклучив дека има луѓе кои се соочуваат со истите дилеми и прашања како јас што ги имам во моментов. Пред извесен период одлучив да го симнам вишокот килограми и иако не се надевав многу на некои претерани резултати после скоро 7-8 месеци успеав да стопам значителен број на килограми преку претходно воспоставен план на исхрана а најмногу преку кардио вежби и резултатите дојдоа преку пот и истрајност до едно задоволително ниво, имено кога започнав со вежбање имав некаде над 90 килограми а висок сум 183 cm па стигнав по одреден период од неколку месеци до 76 килограми. Е сега главниот дел, она што не го очекував а претоставувам дека ми беше и грешка е тоа што се фокусирав само на кардио вежбите што доведе до симнување на вишок масните наслаги ама и воедно и на мускулна маса па после тоа изгледав ептен млитаво. Горе сум слаб без никаков вишок но и без некоја претерано развиена мускулатура што ептен ме иритира додека во пределот на абдоменот особено од страните сеуште имам масни наслаги кои ме нервираат до степен што во еден момент и ја претерав, дојдов до помалку од 70 килограми само за тој дел да исчезне и сепак не успеав во целост да се ослободам од салото. Во моментов имам некаде околу 76 килограми со истата висина 183 cm и се одлучив да почнам да посетувам теретана комбимирано со кардио вежби се надевам на задоволителни резултати. Јас сум инаку целосен почетник во тежинските вежби за развивање на мускулатурата на телото, знам кон што треба да се придржувам кога е во прашање одржувањето на оптималната тежина преку исхраната но немам поим која храна треба да се внесува за развивање на мускулна маса па имам неколку прашања кои знам дека се сигурно споменати до сега но сакам да знам конкретно мислење и совет на едно место базирани на мојата состојба која ја опишав погоре. Е сега за приоритетите кои ги имам поставно заедно со неколку прашања:
-Целта ми е за старт да започнам со дефинирање на мускулатурата на телото особено во делот на градите и рамената исто така и стомачните мускули.Кои се најдобри вежби за овие делови?
-Колкав треба да биде интензитетот на вежбите ( значи да напоменам за старт се фокусирам на дефиниција не маса ) ?
-Колку пати неделно е поребно да посетувам третана во текот на една недела и дневно времетраење на вежбите за оптимални резултати? ( ова од ваши искуства колку пати практикувате )
-Дали додека вежбам на пример денес, треба да се фокусирам на еден мускулен сегмент пример гради а наредниот пат на друг пример стомачни мускули или пак е подобро сето тоа да го правам во еден ден одеднаш ?
-Од читањето во подфорумов дојдов до заклучок дека исхраната е многу битен сегмент, дали постои некој diet plan за почетници кој одговара на мојата сегашна состојба или пак некој претходно бил во слична ситуација како мојата и што е тоа што најмногу му помогнало за постигнување резултати.
-И за крај ако има некој совет по некое прашање кое поради неинформираност сум го изоставил слободно нека го напише повоторувам се работи за целосен почетик во овие работи и целта ми е ако може некој да ме насочи како за почеток, секој совет е добредојден.