Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878

Која е разликата помеѓу овие вежби? Која вежба на кој дел од бицепсот повеќе "удира"?
Досега само втората ја имам правено (дланките рамно со рамената), а таа тесно кај што е фатена шипката ја правам со крива шипка седнат.
Што имате нешто да препорачате околу вежбите за бицепс, некој совет и сл.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
АЈ да развиеме дискусија околу H.I.I.T. тренинг. Ме интересирадали некој имал искуство со ваков вид на програма , дали имал успех со неа итн. Лично пред година и пол тренирав вака и сега повторно сакам да направам еден период од месец ипол со ХИТ тренинг. Кога вебав имаше добра реакција на дефиниција и ектра трошење калории.
Моментално имам 2 пати неделно ХИТ , ама кардио тренинг, а сакам да почнам со ХИТ тренинг со тежина.

http://www.bodybuilding.com/fun/six-week-shred-torch-fat-with-hiit-100s.html

Одприлика нешо вака иде.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247

Која е разликата помеѓу овие вежби? Која вежба на кој дел од бицепсот повеќе "удира"?
Досега само втората ја имам правено (дланките рамно со рамената), а таа тесно кај што е фатена шипката ја правам со крива шипка седнат.
Што имате нешто да препорачате околу вежбите за бицепс, некој совет и сл.
Потесен фат удира понадворешно на бицепсот, понадворешен повнатре удира, со тоа што ако имаш болови во подлактот нема да бираш фат туку ќе вежбаш со тој кој ти е безболен.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Сакам да почнам да одам во теретана од утре, па ме интересира, кој вежби да ги правам за кој дел од градите, рамото, бицепсот и грбот. За стомак и за надоле знам. Проблем ми е што неможам да се кревам на вратило, поради слабата сила што ја имам во рацете, па слушнав од прво да висам само, ама и тоа не ми е јасно, дали во серии по колку минути итн...? Исто така, ми треба програма, кој ден што да правам, затоа што имам одено порано во теретана, преку еден ден, и ги правев сите вежби во еден ден, и не видов некој резултати, а одев 5-6 месеци. Фала од напред :)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

На странава ќе ги најдеш сите потребни вежби подредени под мускулна група и како се изведуваат.

Вратилото ќе го совладаш со тек на време. Почни со партнер кој ќе ти помага да се отфрлиш 1-2 пати, и со тек на време ќе ти стане полесно да ја ги зголемуваш повторувањата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Можеби е веќе одговорено. Колку отприлика е потребно загревање и истегнување пред комплексни или изолациони вежби и дали се загрева само дел од мускулатурата/телото (на кое моментално при вежбање ќе му се посвети внимание) или се загрева целосно. Пример доколку се вежба горниот дел од телото, дали е потребно да се истегнуваат и загреваат нозе и обратно. Инаку моето загревање е околу минута-две на рамената, вратот, половината и најчесто рачните зглобови. Пред лента или нозе ги истегнувам дел по дел мускулатурата на нозете со исто времетраење. Прашувам оти можда грешам, заради евентуални повреди "незагреан"
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Можеби е веќе одговорено. Колку отприлика е потребно загревање и истегнување пред комплексни или изолациони вежби и дали се загрева само дел од мускулатурата/телото (на кое моментално при вежбање ќе му се посвети внимание) или се загрева целосно. Пример доколку се вежба горниот дел од телото, дали е потребно да се истегнуваат и загреваат нозе и обратно. Инаку моето загревање е околу минута-две на рамената, вратот, половината и најчесто рачните зглобови. Пред лента или нозе ги истегнувам дел по дел мускулатурата на нозете со исто времетраење. Прашувам оти можда грешам, заради евентуални повреди "незагреан"
Загревањето е околу 10-тина минути. Се загрева целото тело, но акцент се стана на оние мускулни партии и нивните зглобови кои се планираат за тренинг. Во тие 10-тина минути покрај истегнувањето и механичкото подготвување на мусклните партии кои се планираат за вежбање, потребно е и аеробно загревање, статичен велосипед, степер и сл. со цел да се подигне работата на срцето и на некој начин да се постигне работна темература на организмот.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Можеби е веќе одговорено. Колку отприлика е потребно загревање и истегнување пред комплексни или изолациони вежби и дали се загрева само дел од мускулатурата/телото (на кое моментално при вежбање ќе му се посвети внимание) или се загрева целосно. Пример доколку се вежба горниот дел од телото, дали е потребно да се истегнуваат и загреваат нозе и обратно. Инаку моето загревање е околу минута-две на рамената, вратот, половината и најчесто рачните зглобови. Пред лента или нозе ги истегнувам дел по дел мускулатурата на нозете со исто времетраење. Прашувам оти можда грешам, заради евентуални повреди "незагреан"
Прво загревање, после тегнење, па вежбање, па уше едно тегнење, па ладење. :)
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
24
Поени од реакции
0
За ова има да добијаш најразлични одговори, јас тргнав уште на 14 години во теретана и одев 6месеци после то 5 години не влегов таму пак :)
Цел живот ќе се прашувам дали се заебав со то што од 15 години немам израснато ниту 1цм до сега. Али се силев многу ко влегов и кревав неправилно оти нормално никој во теретаната не го интересирало што работиме, а ние шапшали се силевме да крениме колку некој од 25 години кои вежбаат со години. Може да почнеш да вежбаш втеретана али внимавај со тежините и научи ги вежбите правилно. Или пак почни си дома да вежбаш, склекови, вратило, разбој, стомачни, чучањ без тежина но многу повторувања па за 2-3 години може да тераш во теретана. По мое би ти го препорачал ова второто али еве нека си кажат и останатите свое мислење

а ако почнам да вежбам во домашни услови како што ми ги наброја овие вежби ,дали ке ми влијае на растењето, и даваат ли резултати овие вежби??
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
214
Поени од реакции
51
абе имаше некоја дискусија на претходна страна колку е 5 грама
мала лажичка рамно наполнета или со купче како кафе кога вариш :D
 
MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Здраво момци, еве ме повторно по подолго време на темава...
Се враќам во форма полека, па време е за суплементација
Сакам да земам суплиментација т.е. протеин, сум одбрал два, но се двоумам..сакам да ми помогнете при изборот.

Twinlab 100% Whey Protein Fuel Cholate

или

Dymatize Elite Whey Chocolate

Ако имате нешто да предложете плус слично на ова, слободно. И уште нешто, со што би оделе овие протеини најдобро, дали комбинација нивна со БЦАА(течни или прашок) или со Креатин, Глутамин.

Поздрав.
 
Креатин би било првото нешто со што би го комбинирал, а БЦАА би избрал секогаш пред глутамин. Од двата протеини би одел на Дајматајз.
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Продавам Leutor Aminocore, ги купив од Гет Реди 2550 денари, 210 таблети, поради повреда на рамото морам да бидам надвор од теретаните неколку месеци, а бев почнал да ги пијам, ми останаа уште 180 таблети, тоа се околу 25-26 дози, ги давам за 1500 денари, ако сака некој нека пише ПП.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Дечки имам една молба до вас се надевам ке ми помогнете,Сакам да земам аминокиселини... НЕ ОДАМ ВО ТЕРЕТАНА, тренирам ракомет веќе 6 години, и имам справа од топшоп купена (Она што е за повеке мускулни групи да вежбаш за повеќе вежби мислам дека знаете за која ви велам), и + имам едно рачни тегчина. Е сега дали е штетно да земам аминокиселини, И КОЈ АМИНОКИСЕЛИНИ БИ МИ ГИ ПРЕПОРАЧВИТЕ ! значи да напоменам НЕ ОДАМ ВО ТЕРЕТАНА !!! ФАЛА однапред!
http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn=fit_productview&pid=295033&c=7922 За ова справа ви кажував !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom