Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Па не ми се верува дека почетник од 77кг ќе подигне 100кг на бенч.... прашањето ми беше како бројот на повторувања опредлува и влијае врз тоа дали се прави дефиниција или се качува маса ? Според мене таа поделба е најголемата глупост. Секогаш поголема тежина а помал број на повторувања дава подобар резултат. Нема потреба да се оди над 10 повторувања во серија... па и 8 се доволно.
Генерално правило според кое јас лично се држам е вкупниот број на повторувања да ми биде околу 25. Значи на рамен бенч со шипка правам 5x5, а со еднорачни 3x8-10. Во принцип, 5 повторувања во серија се релативно малку, и затоа волуменот доаѓа од зголемениот број на серии.

Муабетот овде не е дефиниција / маса. Муабетот е сила / маса.
Големи тежини, 1-3 повторувања, долги паузи = тренинг за сила. Средни тежини, 8-12 повторувања, пократки паузи = тренинг за маса. Мали тежини = никаков тренинг.

На некои вежби нема смисла да се оди на малку повторувања, зашто истите се прават со релативно мала тежина (пример летање). Од друга страна, мртвото кревање (во главно) треба да се прави во серии до 5 повторувања, пред се заради безбедност. Евентуално, може да се направи една серија од 10-15 повторувања со полесна тежина како финишер.

Како и да е, комплицирана тема.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Па не ми се верува дека почетник од 77кг ќе подигне 100кг на бенч.... прашањето ми беше како бројот на повторувања опредлува и влијае врз тоа дали се прави дефиниција или се качува маса ? Според мене таа поделба е најголемата глупост. Секогаш поголема тежина а помал број на повторувања дава подобар резултат. Нема потреба да се оди над 10 повторувања во серија... па и 8 се доволно.
Дефиниција или маса зависи од исхраната.
За да го исцрпиш мускулот (искиниеш) треба да е што подолго време под тензија (10тина повторувања), затоа се прават повеќе повторувања, тоа е бодибилдинг а дигање големи тежини е друга категорија.

Јас најдобри резултати добив кога малце ги намалив тежините и кренав на повторувања, под 8 не слегувам. За раце секогаш правам супер сетови и мислам таму има најголеми резултати

Би ти препорачал да го гледаш оваа видео, каде билдер бара да добие на сила и прашува како да го искомбинира тренингот:
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ja вака знам: има 2 типа на мускулни влакна, оние што даваат маса се активираат последни или пред отказ. Затоа треба да се направат доволен број повторувања за да се поттикне активирањето на вториот тип на мускулни влакна. Затоа се прави и тој дроп-сет после отказ. Ако дигате големи тежини, со кои не можете да направите повеќе од 8 повторувања, веројатно е дека користите и други помошни мускули, пример на чучњеви буткате и со задна ложа, на бенч буткате и со рамо, или немате правилна форма, и тоа веќе е powerlifting, a powerlifting=/= bodybuilding. И како што вика овој горе, тоа е добра основа за големи мускули, али мора да ги направите сетовите за да набаците маса.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Има некој искуство со power gym-ов добар е и може да се најде поефтин или тука некаде одат цените?
 
П

Пепси_

Гостин
Јас имам 60 кила, на гради дигам по следниов редослед : 1 серија 30кг 12 повторувања, 2 серија 40кг 10 повторувања, 3 серија 50кг 8 повторувања и 4 серија 60кг 6 повторувања.
сигурно ја пиша точната килажа ? сумливо ми е ова 3/4 серија да креваш 60 кг :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Има некој искуство со power gym-ов добар е и може да се најде поефтин или тука некаде одат цените?
Ја имам, добар е, малце му се поткинаа тие гумите од страна после некои година дена користење, ама не е страшно не пречи ништо, можда и ја сум крив зашто го бесев на предебела врата. Иначе беше 1200 коа го земав, значи тоа е цената..
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Вака сега дискусиии околу повторувањата гледам дека излегоја многу, јас ја терам оваа програма http://www.napumpajse.com/novosti.aspx?n=216
http://www.bodybuilding.com/fun/wotw41.htm еве ја и овде. Значи стандардно терам со по 6-7 повторувања, али ме интересираше дали има некој повеќе проучувано за ова со 3 повторувања али максимална тежина.
Ете разгледајте ја програмата, досега мене ми работи многу. Кренав доста маса за овие 3 недели откако сум на неа.
Инаку ќе си терам со 90-95 по 5-7 повторувања повторно па за некој месец се надевам дека ќе ја туркам 100ката по 6 пати :)
 
S

Stef Bachatero

А да земеш персонален тренер и да ти одговара на сите прашања,зашто јас повеќе те гледам да прашуваш отколку да вежбаш,искрено колку програми смени,колку пати сакаше нешто да достигнеш и не успеа затоа што не се држеше на ниедна програма.
Секогаш ќе бараш програми а никогаш нема да издржиш ниедна програма да ја вежбаш 4-6 месеци.Гледам даваш толку многу пари за суплементи барем дај на некој што знае како да те воведи и е добар ментор во тоа.
Програмава не е за тебе зашто си почетник и повеќе ќе направиш зло што ќе се повредиш зашто не си искусен отколку што ќе добиеш нешто.
Имаш еден проблем а тоа е одлучноста и да се држиш кон тоа без разлика што јас и другите ќе речат.И не очекувај одговори од другите освен од самиот себе,зашто секогаш бараш најновото и најдоброто а никогаш не правиш тоа што е докажано и издржано со години тестирано....
 
Kолку точно маса крена за овие 3 недели? Јас следам друга програма и за 3 недели кренав само 2 кила.. (без суплементи).
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Kолку точно маса крена за овие 3 недели? Јас следам друга програма и за 3 недели кренав само 2 кила.. (без суплементи).
Па сметај бев околу 74 а сега сум 77,5 за тие три недели.
А да земеш персонален тренер и да ти одговара на сите прашања,зашто јас повеќе те гледам да прашуваш отколку да вежбаш,искрено колку програми смени,колку пати сакаше нешто да достигнеш и не успеа затоа што не се држеше на ниедна програма.
Секогаш ќе бараш програми а никогаш нема да издржиш ниедна програма да ја вежбаш 4-6 месеци.Гледам даваш толку многу пари за суплементи барем дај на некој што знае како да те воведи и е добар ментор во тоа.
Програмава не е за тебе зашто си почетник и повеќе ќе направиш зло што ќе се повредиш зашто не си искусен отколку што ќе добиеш нешто.
Имаш еден проблем а тоа е одлучноста и да се држиш кон тоа без разлика што јас и другите ќе речат.И не очекувај одговори од другите освен од самиот себе,зашто секогаш бараш најновото и најдоброто а никогаш не правиш тоа што е докажано и издржано со години тестирано....
Стеф незнам што се големи резултати спроред тебе, персонален тренер ако земам секако дека нема да го земам сега, туку би го зел по едно 8-9 месеци кога ќе бидам во солидна форма да го можам да ги терам сите вежби со максимални тежини и без проблем и би зел стероиди. Реално прво гледав да се исчистам колку што можи повеќе, можеби згрешив со тоа што го терав така и пола ноември, али реално ако јас не сум одлучен незнам тогаш кој е. Тие тренинзи што ги терав и то што се откажав од се што сум правел предходно незнам дали е одлучност или не, одлучи сам. А то колку пари фрлам на суплементи е моја работа и немора да одговараш, терај си ти по твое јас по мое, секој си има различна цел и причини за вежбањето, а за то дали сум почетник или не, можи да не вежбам време колку многу други, али сум вежбал уште кога бев средно. За годините што ги имам сум поминал и доста време со вежбање (јас сум 20, за разлика од тебе секако 3-4 години помлад).
Биди ми поздравен и вежбај си по твое, а јас по мое.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
За 1 година без стероиди може да кренете максимум 5-6кг чиста мускулна маса. Тоа се 12 месеци или по половина кг месечно чист мускул, се друго е вода и маснотии.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Па сметај бев околу 74 а сега сум 77,5 за тие три недели.

Стеф незнам што се големи резултати спроред тебе, персонален тренер ако земам секако дека нема да го земам сега, туку би го зел по едно 8-9 месеци кога ќе бидам во солидна форма да го можам да ги терам сите вежби со максимални тежини и без проблем и би зел стероиди. Реално прво гледав да се исчистам колку што можи повеќе, можеби згрешив со тоа што го терав така и пола ноември, али реално ако јас не сум одлучен незнам тогаш кој е. Тие тренинзи што ги терав и то што се откажав од се што сум правел предходно незнам дали е одлучност или не, одлучи сам. А то колку пари фрлам на суплементи е моја работа и немора да одговараш, терај си ти по твое јас по мое, секој си има различна цел и причини за вежбањето, а за то дали сум почетник или не, можи да не вежбам време колку многу други, али сум вежбал уште кога бев средно. За годините што ги имам сум поминал и доста време со вежбање (јас сум 20, за разлика од тебе секако 3-4 години помлад).
Биди ми поздравен и вежбај си по твое, а јас по мое.
Не ти ни треба персонален тренер,живи глупости и фрлени пари на некои wanna be инструктори,прашувај што не ти е јасно од тие што се понапредни од тебе,немај срам,исто така ако можеш вежбај со некој понапреден од тебе,ќе ти помага и ќе добиеш дупло повеќе мотивација гледајќи го него.Читај доста,експерементирај на себе,различни вежби,различна храна и тоа е тоа.Мора да си го научиш телото прво,тоа што тебе ќе ти дава резултати,тоа ќе го правиш,секое тело е различно,на друг човек тоа истото што ти го правиш нема да му одговара и дава резултати,итн,во тоа е убавината на спортот.,секој сам треба да си го најде својот пат.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Не ти ни треба персонален тренер,живи глупости и фрлени пари на некои wanna be инструктори,прашувај што не ти е јасно од тие што се понапредни од тебе,немај срам,исто така ако можеш вежбај со некој понапреден од тебе,ќе ти помага и ќе добиеш дупло повеќе мотивација гледајќи го него.Читај доста,експерементирај на себе,различни вежби,различна храна и тоа е тоа.Мора да си го научиш телото прво,тоа што тебе ќе ти дава резултати,тоа ќе го правиш,секое тело е различно,на друг човек тоа истото што ти го правиш нема да му одговара и дава резултати,итн,во тоа е убавината на спортот.,секој сам треба да си го најде својот пат.
Па то и велам, јас прашувам некои работи што не ми се јасни, ако бев стигнат до ниво да ми треба тренер, ќе одев и ќе најдев тренер. Али не планирам да се натпреварувам и слично па да одам до толку, да барам тренери и слично.

П.С Имам салбутамол за продавање, доколку е некој заинтересиран, пишете во пп, ќе ви објаснам подетално околу лекот, како функционира. Многу е побезбеден од кленбутеролот и поевтин.
Myers незнаев кај да го понудам чудово, доколку не смее да се пишува тука за вакви работи се извинувам и ќе го тргнам постот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom