- Член од
- 14 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 162
Генерално правило според кое јас лично се држам е вкупниот број на повторувања да ми биде околу 25. Значи на рамен бенч со шипка правам 5x5, а со еднорачни 3x8-10. Во принцип, 5 повторувања во серија се релативно малку, и затоа волуменот доаѓа од зголемениот број на серии.Па не ми се верува дека почетник од 77кг ќе подигне 100кг на бенч.... прашањето ми беше како бројот на повторувања опредлува и влијае врз тоа дали се прави дефиниција или се качува маса ? Според мене таа поделба е најголемата глупост. Секогаш поголема тежина а помал број на повторувања дава подобар резултат. Нема потреба да се оди над 10 повторувања во серија... па и 8 се доволно.
Муабетот овде не е дефиниција / маса. Муабетот е сила / маса.
Големи тежини, 1-3 повторувања, долги паузи = тренинг за сила. Средни тежини, 8-12 повторувања, пократки паузи = тренинг за маса. Мали тежини = никаков тренинг.
На некои вежби нема смисла да се оди на малку повторувања, зашто истите се прават со релативно мала тежина (пример летање). Од друга страна, мртвото кревање (во главно) треба да се прави во серии до 5 повторувања, пред се заради безбедност. Евентуално, може да се направи една серија од 10-15 повторувања со полесна тежина како финишер.
Како и да е, комплицирана тема.