Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Знае ли некој каде можам да најдам Purple Wraath во Скопје? Дали воопшто има?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Знае ли некој каде можам да најдам Purple Wraath во Скопје? Дали воопшто има?
Мислам дека е многу тешко скоро невозможно да најдеш во Скопје, воопшто во Македонија.
Овој бренд сеуште не е донесен кај нас, едино да си го нарачаш од нет.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Совет за оброк пред спиење? Има кај нас посно сирење и колку пари е? Од суплементи има чист касеин кај нас или барем syntha 6 од Bsn?
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Мислам дека е многу тешко скоро невозможно да најдеш во Скопје, воопшто во Македонија.
Овој бренд сеуште не е донесен кај нас, едино да си го нарачаш од нет.
Фала. А за од интернет пробав, али amazon и bodybuilding.com не носат кај нас
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Информација за сите билдеришта и билдерчиња.

Воведена е контрола врз суплементите во Македонија и нека не ве чуди зошто го нема вашиот омилен протеин во продавницата за спортска облека и суплементација.

Што ова значи?

Значи дека одсега па натаму, суплементите со сумливо потекло нема да имаат веќе пристап и влез во нашата држава.
Можно е цените за веќе постоечките суплементи да скокнат, но таа одлука останува на дистрибутерите.

Веќе одамна беше познато кои суплементи дејствуваат и се со проверен квалитет, а кои се од млеко и соја во прав.
Сега правдата излезе на виделина.

пс. Попусите на производи во некои продавници се токму од таа причина.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Информација за сите билдеришта и билдерчиња.

Воведена е контрола врз суплементите во Македонија и нека не ве чуди зошто го нема вашиот омилен протеин во продавницата за спортска облека и суплементација.
...
Од кога ќе почне да се применува ова? Dymatize производите од Калифорниа фитнес сигурни се дека се оригинал ?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Од кога ќе почне да се применува ова? Dymatize производите од Калифорниа фитнес сигурни се дека се оригинал ?
Веќе е започнато, се што моментално се троши во сите продавници се залихите на производите.
Освен нормално, оние кои навистина се оригинал производи и сеуште ќе бидат на нашиот пазар. За оние кои сум сигурен, јавно нема да ги кажам од проста причина што несакам да правам лоша реклама на ниедна продавница во нашава држава.

Конкретно за Dymatize неможам да кажам бидејќи и самиот незнам кој точно фирми ќе бидат отстранети.

Еднино за сега знам за MuscleTech, дека нема повеќе да ги има на пазарот.

Ако пазариш од CaliVita побарај го Игор и потпрашај го за ова, верувам дека ќе ти биде од помош.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Оваа постапка за суплементацијата е последица на допинг скандалот во Работнички?
Конкретно за MuscleTech не е ништо чудно, барем како ми објаснуваа дека е најблиску до "хемија" за разлика од друга суплементација која по хемиски пат од природни состојки се оделува она кое се наоѓа во составот на суплементот. :pipi:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Кога сме кај додатоците, дали внесувате омега-3 масни киселини додатно и на кој начин (таблени, рибино масло...)?
 
Нема никаква поврзаност со ништо освен со парите :)
--- надополнето: Oct 19, 2011 5:37 PM ---
Кога сме кај додатоците, дали внесувате омега-3 масни киселини додатно и на кој начин (таблени, рибино масло...)?
Тие се секојдневен додаток кај секој што професионално се занимава со бодибилдинг.
Одлично е ако секој може да си ги дозволи.

Јас користам од Ultimate, 90 капсули за 45 дена.
Масло собрано од 9 видови на риба, во една капсула.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Кога сме кај додатоците, дали внесувате омега-3 масни киселини додатно и на кој начин (таблени, рибино масло...)?
јас секојден по една , доволно ми е пошто на 2 дена радам риба :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
По колку грама DHA + EPA имате во една капсула?

@Mayers, Може да ми кажеш колку капсули земаш дневно?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
По колку грама DHA + EPA имате во една капсула?

@Mayers, Може да ми кажеш колку капсули земаш дневно?
EPA = 180 mg
DHA = 120 mg

По две капсули на ден. Мислам јасно беше кај делот со 90 капсули на 45 дена :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
EPA = 180 mg
DHA = 120 mg

По две капсули на ден. Мислам јасно беше кај делот со 90 капсули на 45 дена :)
Ах, треба да се чита внимателно :)

Видов дека некои користат и до 2.5 грама дневно, што е околу 8 капсули па затоа прашувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom