^ Абе добро делува, ама после да не ни биде нешто?
Како и да е, не, вакви работи не би зимал :helou:
Horse Power нее хемија друже, така да нејкам сега тука да те потикнувам да го земаш. Зошто секогаш пред да земеш нешто мора да си сигурен што е тоа, како делува, што содржи и можни последици. Од кога добро ке се информираш тогаш сам ке си знаеш дали е тоа што ти треба, за напредок на твоето тело или не.
Јас кажувам од мое лично искуство дека овој производ има неверојатна моќ, проследена со напредок кој може да се примети уште во првата недела, од почетокот со употреба. Сепак овој суплемент не го препорачувам за почетници, од проста причина што не им е потребен. Овој производ се конзумира кога ке осетите, застој во напредокот, кога ке приметите дека не можете да ја подобрите формата. Kако да се удирате во ѕид и никако не можете да поминете, тогаш ви е потребна малце коњска сила (мотивација) за да го рушите тој ѕид, и да продолжите да напредувате со неверојатно чувство(filling) кој може да ви го овожможи Хорсот.
Дај малце Hard core. Доста глеам бисери на мудроста, од типот: ке ти паднат јајцата од протеини, ке оќелавиш од креатин, немој тоа хемија е а нема врска од хемија сите овие производи што се набројани тука се природно преработани, и ги има во секое јадење што ние секој дневно го внесуваме. Така да нее нешто измислено и тн.
ај некој малце повеќе што е навлезен у ова да ми каже како да симнам односно израмнам долни стомачни и нешто повеќе околу амино киселините?
Па амино киселините, најчесто се користат пред тренинг и после тренинг, зошто овозможуваат брза абсробација во мускулното ткиво. Значи мускулите се најранливи после тренинг и имаат потреба од брза абсорбација на прот односно амино, кој ке го забрза нивниот раст. Значи во една капсула мислам имаше по 4 грама прот, што е доста малку. Обично се препорачува да се конзумира по 40-50грама прот после тренинг, кој подоцна исто така ке биде проследен со добар PWM (post work out meal). Обично амино киселините се во менито на сите билдери во фазата на чистење односно дефиниција, значи тогаш е најпотребна нивната конзумација. Бидејќи после кардио, тренинг нас ние е потребна брза абсорбација, што амино кисленините можат да ни ја овозможат. Сепак за почетници се препорачува да се зема, чист прот во прашок, исто така добро е да се напомене дека има течни Амино Киселини кој уште повеќе го забрзуваат процесот на абсорбација, ама не би ти ги препорачал бидејќи нашки кажано изгор се скапи! А за долните стомачни имам уште еден куп да се пишува ама ке пробам во кратки црти малце да те запознаам со основите. Значи прво и основно стомачните се прават во кујна. Што значи ова: ова значи дека, мора максимално да внимаваш на исхранта посебно на внесот на протеини и јаглени хидрати, масти. Исто така значајна улога за добивање на толку посакуваните коцкички, игра и кардио вежбите. Значи ти треба да го зголемиш внесот на прот, сега незнам да констатирам тука според тежината пута два. Знаци ако си 80кила ке ти требаат 160 грама на прот. За јаглени хидрати никогаш не смееш целосно да ги отфрлиш, ама треба значително да го намалиш нивниот внес, за да го доведеш организмот во фаза да ги согорува масните наслаги, тогаш се слабее, што значи тогаш ги губиме тие масни наслаби што толку сурови ги прекриваат нашите, толку посакувани стомачни, никоаш не заборавај да внесуваш и масти, тиа исто имаат многу значаја улога, значи не сите масти се лоши, а тебе во овој период многу потребни ти се мастите од растително потекло кој можеш да ги најдеш во омега 3,6,9 и др. Значи добра би ти била комбинацијата во периодот на чистење (намалување на телесната тежина) да конзумираш амино киселини, после секој тренинг,кардиот,и други тежински оптоварувања на кој го изложуваш твоето тело, одлично би му дошло одма после тоа да внесеш Амино Киселини. Има уште многу да се пишува тука ама во друга прилика