Извинете што каснам малце со одговоров не бев при компјутер...
Вака...значи висок сум 190 цм моментално тежок 82-83 кг али сепак на мене ништо не се познава и голем дел од оваа килажа ми е во стомак (добри 4-5 кг) затоа што веќе подолго време(6,7 месеци) не правам стомачни и кардио вежби со цел да не трошам калории и стомачните скоро скроз ги изгубив иако тоа не е битно.
Најпрво пиев гејнер од олмакс нутришн куик мас со монохидрат креатин и тоа скоро ич не ми помогна односно кило или две,а платив дебело(4400 гејнерот и 600 креатинот) Потоа пиев гејнер базиран на шеќер(Масл џус) во комбинација со креатин монохидрат и имав добри резултати поточно качив 6 кила за 20тина дена ама откако прекинав паднав 3 кила...за време на конзумирањево на суплементиве а и општо внимавам да јадам што повеќе протеинска храна((бело)месо,јајца,млеко и млечни производи и сл) и гледам да внесувам квалитетни јаглехидрати преку овошје најчесто.Исто така и варен ориз,компир и сл јадам често.
Одбегнувам да внесувам неквалитетни калории(Џанк фуд,салами,паштети)иако понекогаш сум принуден поради тоа што по цел ден сум на факс и пак истото.После тоа пиев уште еднаш истото само овој пат кренав помалце килажа(3-4 кила) ама скоро и да ја изгубив кога завршив.И последно пиев Мега Гејнер(Хај-протеин) од Дајматајз со Монохидрат креатин и Трибулус од Ултимејт(нешто што мислам дека е вејст оф мани) и од тоа имав најдобри резултати затоа што откако прекинав не изгубив многу(1 кило а качив 6).Али сепак изгледам слабо...доста слабо...
Во врска со тренинзите вежбам 4 пати неделно Понеделник-Гради,Вторник-Грб(лат машината ја гледам како една вежба),Четврток-Бицепс и Трицепс и Сабота-Рамо и Нозе(не посветувам премногу внимание на нозете затоа што поради кошарката имам и маса и дефиниција и правам само Преден шут,Чучњеви и Заден шут) со максиални тежини по 3 вежби со по 3 серии(погоре пишав во врска со грбот) поточно тренирам за качување маса.
Најдобар дел од телото ми е грбот,а најслаби рацете(ДУУРИ 35-36 цм ми е обемот на рака).
(Мислам дека)Кревам солидни тежини (60,70,75 бенџ,50,55,60 рамо,двата шута по 60,чучњеви максимално со 85-90 кила 8 повотувања и грб 50 60 и 8 повторувања со 70 кг).
Иако сум задоволен со напредокот со оглед на тоа дека пред две години кога почнав да вежбам имав околу 70 кила сепак мислам дека можам да напреднам уште повеќе.
Е сега и генетиката има тука улога затоа што цела фамилија ми е таква слаба и висока ама сепак се прашувам дали и каде грешам или едноставно тоа е тоа.Поздрав и фала ви однапред.