Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.570
Kbk Gladiator, kbk gorilla, the strongest muay thai, zavisi od kade zivees i koe ti e najblisku
Во прв план не ми е локацијата туку финансискиот аспект во сооднос со квалитетот на тренерите, т.е дали се исплатат парите за тоа што ќе ме учат и ќе вежбам на тренинзите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950

Друже ако ти е за самоодбрана, поарно купи си пиштол.
Тренирав кик бокс и ММА, и пак ако ме збрка некој со нож (најчесто), или пиштол, ќе го јадам.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145

Да не одам оф топик, али пред неколку години имавме слична ситуација кај нас, мислам дека имаше загинати.
Ако добро се сеќавам беа припадници на тигрите, се закарале во кафеана и извадил кашикара на маса.
 
Нека чита /гледа ако планира некој да запише вештина за самоодбрана.

Најдобра самоодбрана е бегање, и нема страм во тоа, и да е појак, со еден удар може да го осакати и да заврши во затвор за ништо.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
Нека чита /гледа ако планира некој да запише вештина за самоодбрана.

Најдобра самоодбрана е бегање, и нема страм во тоа, и да е појак, со еден удар може да го осакати и да заврши во затвор за ништо.
Ова го имам зборувано илјадници пати.
И да знам да ти скршам: рака, зглоб,нога, или да те нокаутирам, три пати би се помислил, оти ќе ме тужиш и пак ќе сум зијан.
Најпаметна работа е да не се закачиш, ако веќе дојде до тоа: прва опција пробај да си заминеш без да навлегуваш во физичкиот конфликт, а втора ако се закачиш биди спремен да одиш до крај оти ако не ти другиот ќе биде.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
За жал има ситуации кога нема бегање и мора да се браниш, во секоја друга избегнување на било каков физички конфликт е најпаметна опција.

Aко е за спортување кик бокс е супер, ако е за самоодбрана тренирајте и учете боречка вештина што не е спорт, на пример нинџуцу, крав мага, система и слични. Во сите тие ве учат како ефективно да се одбраните и од нож, пиштол итн, е за од кашикара не сум сигурен :D
 
Сите ситуации можат да се одбегнат, ако неможеш да избегаш рацете околу глава и нека мавнат два-три пати па потоа има други средства преку кои можеш да им вратиш, како приватна тужба.

Јас пред повеќе години во самоодбрана му пукнав аркада, ако стигневме до суд ќе го јадев, затоа што на шамар вратив со прекумерна сила.
 
Тоа е доста педерска работа да си ќутиш и да оставаш да те маваат, па после да тужиш. Да не збориме што напаѓач под дејство на алкохол да оставиш да те мава е доста ризична работа, а истото важи и за некој што ти се заканува со оружје.

Во сите тие боречки вештини што ги набројав првенствено учиш како да имаш самоконтрола, како да знаеш да не вратиш со прекумерна сила и како да ја процениш ситуацијата па според тоа соодветно да реагираш. A ако си приморан да реагираш тоа да го направиш на најнеприметлив можен начин. Ти тоа што си го направил не е самоодбрана туку контра напад :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
За жал има ситуации кога нема бегање и мора да се браниш, во секоја друга избегнување на било каков физички конфликт е најпаметна опција.

Aко е за спортување кик бокс е супер, ако е за самоодбрана тренирајте и учете боречка вештина што не е спорт, на пример нинџуцу, крав мага, система и слични. Во сите тие ве учат како ефективно да се одбраните и од нож, пиштол итн, е за од кашикара не сум сигурен :D
Повеќе ќе ти помогне атлетика, отколку било која од овие ако станува збор за нож.
Шанса нема да излезеш без повреди ако некој те нападне со нож, особено тоа што во боречки вештини најчесто учиш правилни напади, а не напад од некој ропак кој се исклучил во моментот и мавта во секој можен правец.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
особено тоа што во боречки вештини најчесто учиш правилни напади
Ова важи за карате, кик-бокс и слични спортски боречки вештини, во оние што јас ги набројав учиш само како најефективно да се одбраниш и да го неутрализираш нападот, нема правила и фер потези.
Иначе тоа видеото е на место, затоа и реков примарно е избегнување на ескалација, а ако веќе решиш да тренираш самоодбрана тогаш кик-бокс не е баш добар избор.

Во секој случај добар офтопик муабет испадна, а членот можда само рекреативно сака да си спортува :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
Ова важи за карате, кик-бокс и слични спортски боречки вештини, во оние што јас ги набројав учиш само како најефективно да се одбраниш и да го неутрализираш нападот, нема правила и фер потези.
Иначе тоа видеото е на место, затоа и реков примарно е избегнување на ескалација, а ако веќе решиш да тренираш самоодбрана тогаш кик-бокс не е баш добар избор.

Во секој случај добар офтопик муабет испадна, а членот можда само рекреативно сака да си спортува :D
Да ја размрдаме темава, секако слабо се пишува за билдање :)

Една од најдобрите боречки вештини за самоодбрана е аикидо, не сум ја тренирал лично, ама другар тренираше со години, и на заебанција ме има седнувано на земја буквално со 1 потег, а е физички послаб и поситен. Така да ако некој бара чисто за самоодбрана, ова можеби е наједноставната, без многу скокање и филозофија, чисто зафати за онеспособување и купување на време да избегаш :)

Инаку додека сме на муабетов, кик бокс и мма ги прекинав бидејќи ме тераа на агресија, искрено во живот не сум губел никогаш повеќе контрола отколку во тој период, и не ги препорачувам (особено во никој случај во комбо со стероиди).
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Општо ако се ставиш во тој мајндсет пошо мозокот тие фајт ор флајт веројатно е и потсвесно да се ставаш во ситуации каде што ќе наидуваш на дегени и ќе мораш да користиш тоа што го тренираш.

А и се знае како е кај нас, ќе те види некој, ќе рече абе онај кик бокс тренира, дај да го чепниме да видиме што знае... :icon_lol:
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.570
Друже ако ти е за самоодбрана, поарно купи си пиштол.
Тренирав кик бокс и ММА, и пак ако ме збрка некој со нож (најчесто), или пиштол, ќе го јадам.
Не ми е за самоодбрана. Кажи ми каде тренираше кик бокс за да проверам дали да се запишам.
Инаку знам дека од ладно оружје нема скоро никаква шанса да се одбраниш.
Кога спомна те терало на агресија и не требало да се користи боречката вештина за самоодбрана , ќе ти кажам дека сум израснат во парк и најдобра е паркашката боречка вештина : Собери 20 луѓе и размонтирај го противникот да заврши на костозглобна :icon_mrgr:

Кикбоксов ми е чисто за зацврстување на мускули и оформување на атлетско наместо билдерско тело.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
Не ми е за самоодбрана. Кажи ми каде тренираше кик бокс за да проверам дали да се запишам.
Инаку знам дека од ладно оружје нема скоро никаква шанса да се одбраниш.
Кога спомна те терало на агресија и не требало да се користи боречката вештина за самоодбрана , ќе ти кажам дека сум израснат во парк и најдобра е паркашката боречка вештина : Собери 20 луѓе и размонтирај го противникот да заврши на костозглобна :icon_mrgr:

Кикбоксов ми е чисто за зацврстување на мускули и оформување на атлетско наместо билдерско тело.
Не тренирав во метрополата боречки вештини, само додека си бев во мојто село.

Види агресија спомнувам во однос на тоа што сум нормално, да ме натераш да се пресметувам физички во нормални услови треба апла да ми згазнеш на нерв, додека тренирав ова мислам дека имаше период кога бев спремен да се спукам со некој за најмала ситница.

Инаку не се плаши дека ќе станеш билдер, и таму ќе имаш само атлетско тело, треба години тренинг, еден тон храна и суплементи за сериозна мускулна маса (како тие што се натпреваруваат и еден тон стероиди, природно нема шанса).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom