Здраво живо
. Имам еден милион прашања ама ај ќе прашам само неколку . Никогаш во животот не сум бил во теретана/фитнес/џим . Е сега вака пред 2 години имав околу 110 килограми и бев така некако огромен па почнав со некои мои диети и со домашни вежби и се мачев мачев така година ипол и сега дојдов до 74 килограми што е могу малце сега сум па многу слаб . Е сега вака како што вежбав дома ,плус трчање два пати неделно по 10 километри и возење на точак по 80 километри три пати неделно , ги ослабив тие кила онака без проблем . Од домашни вежби вежбав склекови секекови вид , кревање на врстило , стомачни сите можни начини , тркало за стомачни исто така имам , клупа за стомачни , тег од 12 килограми , ластици за затегнување и така си вежбам две години и имам направено некаква линија на телото не велам не , ама сега веќе 4 месеци се вртам во круг наместо повеќе да се надградувам на телото јас уште слабеам и тоа ме плаши , а сега јадам премногу ама џабе некако , од страна на овошје јадам се и многу , месо исто така многу ама џабе е , како што бев пред 5 месеци да речам од страна на мускул истио сум и сега дури во минус имам симнато уште некое кило .
Е сега бицепс трицепс имам не сум за жалење, six-pack не е без ич ама слабо се познава најмногу после вежбање , рамената солидни , крилата ептен слабо , градите исто слабо , грбот слабо , долен дел на тело набацани нозете од точак возење
Сакам да почнам да одам во теретана
Колку пати неделно е најдобро да одам ? , И дали треба да земам некои тако звани хемии за да забрзам малце со наклавање на мускули оти че се доисушам скрос
И како/кој вежби да ги комбинирам .
Ако некој ми врати одговор на постов , сакам да прашам и други работи ама за сега доста е да не го должам толку .