Ајде малку помош луѓе.Одамна се наканувам да одам на фитнес,но се бев некако зафатен особено со предавања итн
Имам една нејаснотија во мене како да се направи совршено тело на пример како саша ковачевиќ(тој ми дојде при гуглање)
Дали фитнес тренерериве или инструктори(како се викаат точно незнам) глобално во цела земја кај нас сите или повеќето имаат знаење и програма како на луѓето кои вежбаат во нивните теретани да им објаснат или упатат како да си го оформат убаво телото на пример по терк на некоја sвезда пример саша ковачевиќ или незнаат ? Дали програмата кога би се водел до неа би гарантирала успешно оформување на тело како кај Саша на пример
прашувам бидејќи гледам дека луѓево околу мене кои одат по фитнес и теретани, ниту еден нема оформено убаво тело иако одат одамна на фитнес.Може имаат некој истакнат мускул и тоа е тоа. Кога ќе ги прашам велат абе Горан туби треба да купам со креатини и такви работи.
Инаку без тоа не бива и нема резултати. Значи тренерот ги убедил дека туби треба па и тие ги земаат и пак слабо.
Значи пијат и туби, вежбаат редовно но резултати како кај Саша, Роналдо и слични нема
Ќе го земам за пример Тошо Зафиров кој го среќавам често по телевизии и порталиве.
Неговото тело ми дава една глобална слика како изгледаат кај нас фитнес инструкториве.И повеќето што сум ги видел такви ми се.Воопшто неприродно и многу невкусно према мене
На страна имам школски со кои завршивме средно школо и кои се преселија Швајцарија пред 3 години.
Децава од слаби и ајде ќе се изразам од никаква фигура после нешто една година од вежбање имаат тело баш како sвездиве.
На мојата пофалба дека изгледаат одлично и прашањето како до вакво тело. Вели јас само одам во теретана и тренерот ми даде начин на исхрана и постојано ме следи и објаснува речиси на секој тренинг. Он со ништо не се замара.
Епа барам и јас таков некој фитнес клуб или поточно инструктор кој ќе ми помогне во оформување на тело, без да се замарам да читам по интернет за калории, масти, трицепси, бицепси итн.А не само пиј ова и надувај се и на крај пак тело нема.
Значи на одредено време да бидам прегледуван и да се види дали воопшто има напредок или само се губи време.
Ќе споменам дека најблиску ми е Атлета и Терминатор и незнам како им е знаењето но ако се слаби и некаде има добар тренер не ми е проблем да отидам и подалеку.