Нема којзнае колкава разлика во цената дали изворот на протеин во оброкот е whey (прашок) или еве да земеме туна/пилешки стек/јајца.
- Квалитетен и поскап whey (Whey Gold Standard), 1 доза 30 грама = 51денари, 23 грама протеин (спремен и конзумиран за 10sec, нема потреба од никакво готвење, најлесна замена кога стварно нема време некој да приготви цврст оброк).
- 1 туна конзерва во вода (понеквалитетна, последна што ја купив беше Domi а има и далеку поскапи), 120 грама исцедена = 70 денари 24 грама протеин.
- околу 120 грама бразилски пилешки стек, најевтиниот = 30 денари, 24 грама протеин (со што треба да одвоиш време да го спремиш).
- Секако прв избор е цврст оброк ама whey може многу да помогне посебно кога имаш 5 оброци секој ден и пробуваш да си во калориски суфицит. За дефицит за мене секогаш е подобро цврст оброк, повеќе време ме држи сит.