Прво мораш да се фокусираш на исхрана, односно на енергетски баланс. Колку калории внесуваш и колку трошиш. Тајмингот на оброците, квалитетот на храната се во втор план. Битни се, меѓутоа мораш да внимаваш на калориите.
Во однос на вежбите, прави Low Intensity Steady State Cardio (LISS). Точак, трчање, веслање... долго време. HIIT тренингот нема да ти помогне многу со слабеењето. Исто така, при слабеење ќе губиш и мускулна маса. За да го намалиш ова, мораш да вежбаш и со отпор.
Генерално тоа е тоа, вака изгледа едноставно и лесно ама не е. Особено делот кога ќе почнеш да слабееш, тогаш почнува тешкото. Организмот ќе се бори да остане во истата состојба, односно да ги задржи мастите. Лачи хормон за глад и тоа мораш да го поминеш некако. Најтешкиот момент е кога ќе изедеш кило зелка, стомакот полн и не можеш да дишеш, а пак си гладен.
Издржи додека не стигнеш до целта. Сепак постави реална цел, не „сакам да сум мистер олимпија за 3 месеци“. Мери се на вага редовно, во исти услови (исто време од денот, хидрадатација, јадење). Најдобро сабајле кога ќе станеш. Води евиденција за тежината. Ќе оди нагоре и надоле, ама средната вредност треба да оди надолу. Исто така, мери обем на половина и врат. Тоа е ефтин начин да знаеш отприлика кој процент на масти си. Има калкулатори на нет, барај us navy body fat calculator.
Со среќа! И со лесно!