Ај вака,коментаров не ми е директно насочен кон никого и не ми е ни со цел да посочам кривица,но незнам дали имате забележано дека повеќето суплементи во Македонија што се продаваат ги има само на одреден период и после тоа има само нивни замени,или пак чекаме подолго време додека повторно ги видиме.Додека се навикнеме на еден бренд што еве индивидуално на секого му се допаѓа тој е сменет.Еве конкретно да зборуваме за производите на Mutant и на Allmax.Толку реклами и претставување на производи кои на крај ги има само повремено,еве мене лично Мутант протеинот и гејнерот ми се допаднаа и ги користев подолго време и секако,беа застапени во скоро сите поголеми продавници за суплементација во Скопје,а сега ги има само чат-пат во Калифит.Исто е и со производите на Dymatize,и ред други фирми да не ги набројувам.
Значи проблемот се јавува повеќе пати,секој пат кога знам што барам и ми одговара и според цена и според состав на суплементот ми нудат замена,не е спорно дека има солидни замени,ама да бидеме реални кога се работи за бодибилдинг сите имаме точно пресметано колку финансии трошиме за суплементација колку за исхрана итн.Со често заменување на суплементи треба цело време да се ребалансира месечен буџет,што некогаш иритира.Верувам дека не сум само јас што го мисли ова,но сепак најверојтно ваква е ситуацијата поради не толку развиенот бодибилдинг како спорт/хоби во државава па продавнициве за суплементација немаат редовни купувачи,или пак е до неконкретните закони во државава за регулација на лекови/суплементи кои се увезуваат од странство,како и да е,не е баш добро.