Поздрав момци!
Денеска го завршив првиот ден од Focus T25! Конечно имам доволно време да се посветам на сопственото тело, па решив Понеделнички да започнам

Засега, само пофални зборови за вежбите, ненормално добро кардио, потење до даска, зацврстување на core-от, плус на крај има некои 3 минутен cooldown кој те враќа колку толку во нормала. Вежбите после некои 15-тина минути стануваат доста напорни за луѓе кои не биле претходно активни, но има и полесни варијации на вежбите кои ги прави една девојка, така да 2-3 пати можеби се префрлив кај неа.
На исхраната внимавам колку што можам повеќе, па ќе видиме какви ќе бидат резултатите на крај на Alpha фазата.