Бодибилдинг дневник

Дискусија во форумот 'Фитнес, бодибилдинг и рекреација' започната од Myers, 20 мај 2012.

  1. Myers

    Myers

    Член од:
    30 јули 2009
    Мислења:
    1.764
    Допаѓања:
    1.042
    Слично на Драга Кајгана. Пишете се што ви лежи на срце.
    Со каква суплементација сте се подновиле, како ви дејствува новата програма, што интересно имавте денес на менито од бодибилдинг оброци, водење евиденција за зголемување на телесната килажа или пак тежините кои ги дигате на одредена вежба.
    Се што ќе ви падне на памет поврзано со "надворешната" страна на бодибилдингот.
    Еве јас прв почнувам.

    Веќе 4 дена како сум на пауза, која ќе трае до следниот понеделник. Комплетно обновување на мускулот и враќање на гликогенските резерви.
    А и многу матури следат неделава, па ќе треба да се пивне по некое винце, причина плус да одморам од дигање на тегови
    Затоа нека не ве чуди времево во кое ја отварам темава, за сите останати, во овој час треба да бидете во длабок сон :)
     
    На Mariusz, Mj, KristijanMK и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. M.O.P.

    M.O.P. Niggaz were born to kill

    Член од:
    27 јануари 2012
    Мислења:
    1.447
    Допаѓања:
    1.295
    и јас одмарам еве до понеделник ке ме фане цела недела па ке почнам пополека да темпирам формата за на лето
    иначе престанав некако чуствував замор мускулите не ми реагираа како што треба и то..
     
  3. Educate dont discriminate

    Educate dont discriminate

    Член од:
    12 октомври 2011
    Мислења:
    1.942
    Допаѓања:
    711
    Јас одмарав,од утре почињам асално...сменив начин на вежбање,почнав теретана,и од прва дигнав 35 кила и не осеќав некоја тежина,па сеа цел ми е за 2-3 недели да дигнам максимумот што го дигав дур идев(50 кила) па кога ќе кренам тоа,ќе зеам исо 93 и crea pure micronized и омега 3...а за тие 2-3 недели,ќе правам кардио+теретана,и по 1 дозерка протеин ќе пијам,и L-carnitine,за да спуштам уште тоа малце масти што остана...:D
     
  4. FuckYouAll

    FuckYouAll Гостин

    Скоро еден месец сум на пауза поради повреда на левото рамо......и десното. :( :place:

    Од Вторник ќе почнам повторно да вежбам, овој пат без глупирање.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. M-1

    M-1 Добро утро Махачкала!

    Член од:
    6 септември 2010
    Мислења:
    3.897
    Допаѓања:
    6.561
    Вчера и денес никакви физички активности денови за одмарање, не ми се станува некако баш ми е погодено, идам после да испазарам овесни снегулки и јајца и банани, Понеделник ме чекаат гради 5 вежби со по 3 серии има да се отперетам јако и малце стомачни, ке се подновиме со амино само уште немам одлучено од кој производител најверојатно ке се Dymatize или Muscletech.
     
  6. Ripes

    Ripes

    Член од:
    17 јули 2008
    Мислења:
    704
    Допаѓања:
    260
    После 9 недели FST7 на одредени мускулни групи правев цела недела одмор,од утре почнувам исто пак со FST7 само целосно ќе ги сменам вежбите за сите мускулните групи,гради,странично рамо и грб ќе ми останат приоритети за вежбање со FST7,суплементи си земам нови:Мутант веј,ЗМА,БЦАА 4800мг,Л-Карнетин..исто така почнувам со додатно кардио насабајле - 8мин јаже и 7мин стомачни.Овие 9 недели ќе бидат особено тешки поради зголемено кардио и со оглед на тоа што цело зимо и пола пролет не правев никакво кардио.
     
  7. MikiMiki

    MikiMiki

    Член од:
    4 октомври 2008
    Мислења:
    653
    Допаѓања:
    434
    Има тука некој што вежба уствари, или сите одмарате? :D
     
    На man18, ACTION, Ripes и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. sajSiGa

    sajSiGa

    Член од:
    4 октомври 2008
    Мислења:
    4.010
    Допаѓања:
    1.240
    Завршија предавањата на факултет конечно ќе може да се насијам и по асално да се посветам на исхраната и тренингот. Моментално почнав да експериментирам со програма ГОРЕН/ДОЛЕН дел од тело 2 пати неделно значи 4 дена тренинг во недела. (понеделник,среда,четврток, сабота) ако не ми делува ефикасна програмата ќе се вратам на стандард 3дневна. Успат почнав да правам и по малку кардио со велоспедот секој втор ден по 10тина километри за почеток. Целта за оваа лето ми е да го пробијам платото на бенч и да качам барем 3 кг квалитетна маса. Нарачав 2 книги од амазон - 101 Strength Training Workouts & Strategies од Muscle &. Fitness и Bigger Leaner Stronger од Michael Matthews треба да стигнат околу 1 јуни да се научи нешто ново летово :D Обработуваат главно теми како начин на загревање, вежбање, пробивање на платоа, начин на исхрана, митови поврзани со бодибилдинг, суплементи, правилно изведување на вежби начини на мотивација, фокуси слично со многу примери и илустрации во боја. Од суплементација планирам што повеќе од потребите да се дисциплинирам да ги внесувам со храна. БЦАА-то е спремно исто и креатинот уште некој добар веј да се пазари да се има нешто брзо за по тренинг.
     
    На ZeLEnasite му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Дамјан_Amstaff

    Дамјан_Amstaff Гостин

    Веќе 2 месеци вежбам само вратило и стомачни ,малку кардио и припазувам на исхараната..па и има резултати мислам...

    Бицепс 31.5цм - 33.5цм
    Грб(од рамо до рамо) 45цм - 48цм
    Граден кош(обем) 88-93
    Килограми : 68кг - 73кг (височина 183цм ,17 години)

    Овие резултати за 2 месеци со никакви суплементи само вратило и стомачни мислам дека се солидни...или па не :)
     
    На M.O.P. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Misery

    Misery 30% off

    Член од:
    3 април 2011
    Мислења:
    1.548
    Допаѓања:
    2.384
    Одмор, после секој ден тренинг.
    Демек препорака од еден набилдан фраер од теретана за да одморам периодов. Не викам дека не работи, пораснав на бицепс и на гради по 1-2 сантима, од утре пак стар режим.

    Креатин немам купено цел месец, до толку не сум при кеш, битно имам уште ZMA. Незнам дали работи на placebo ефект, ама повеќе сила за време на тренинг имам откога почнав само ZMA да земам отколку со креатинот минатиов месец.

    Тестостеронот ќе да ми се покачил, почна секој втор ден да треба да се бричам. Порано бев на 5.

    Имав вишок пакетче L-Tyrosine, демек некоја неесенцијална аминокиселина. Ми пркнаа малце стомачниве ама имам вишок кожа од кога бев дебел. Само пластична операција, вика матичната, ама не сум до толку решен да имам стомачни па да идам под нож, јебемга.

    Се спремам психички за квадрицепс и задна ложа утре. Ќе ми треба среќа, после нозе 3 дена неможам да одам.
     
  11. Strenght

    Strenght Never Give Up!!

    Член од:
    24 април 2010
    Мислења:
    2.205
    Допаѓања:
    1.275
    Сеуште неможам максимално да се посветам на исхраната.. планирав ниско бодифет за летово ама поради учење,обврски мн е тешко кога намалуваш килажа..напротив качувам пополека на сите вежби килажи..

    Од утре ќе гледам максимално исхраната.. нов ворд документ отварам и почнувам со чистење..

    иначе темава е екстра(y)
     
  12. ACTION

    ACTION

    Член од:
    28 мај 2009
    Мислења:
    3.370
    Допаѓања:
    3.959
    Vezbanjeto ne e samo za da se oformi teloto za nekoja cel, vprocem za poubav izgled ili davanje samodoverba (psihicki).Treba so nego da se sozivees da ti vleze vo krvta ednostavno da bide navika sekojdnevno ..Sekoj pocetok e tezok za se taka i mojot bese so golemi maki sekojdnevno vo uzasni krizi koj edna sekunda mi se pravese cel eden vek , ja postignav taa navika i sega eden den ako propustam se osekam kako da mi fali nesto .....
     
    На Biljbilj08 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Мартин`

    Мартин` Гостин

    Може е подобро темава да биде дневник општо за сите спортски активности (велосипедизам, трчање итн) не само за бодибилдинг, да се мотивираме меѓусебно и ние што спортуваме некои останати работи не само бодибилдинг :D
     
  14. Myers

    Myers

    Член од:
    30 јули 2009
    Мислења:
    1.764
    Допаѓања:
    1.042
    Вчера за прв пат после долго време се наканив да ставам алкохол во уста, и нежестоко, но како неистрениран за пиење, главата ми бучи денес.

    Исхраната сеуште е иста како и во деновите кога вежбав, иако до понеделник на пауза.
    Од утре ќе почнам со благо намалување на јаглехидратите.
    И искрено, едвај чекам да дојде понеделник да се вратам пак на стариот режим.
    Боемскиот живот не е за мене.
     
  15. Gjoroski

    Gjoroski Персонален тренер.

    Член од:
    14 септември 2009
    Мислења:
    1.146
    Допаѓања:
    813
    Јас уште малку и ќе славам. Една година надвор од теретана и режим на исхрана.
    Ама, не се давам ;)
     

Сподели преку: