Стварно овој Заев кога помислиш дека е глуп и неможе да биде по глуп тој те демантира за најбрз могуќи период, изјавува демек ги стегнал неговите најблиски и имотот на најблиските да не се пријавел тој ке го јаделе тие, па уште за ова се консултирал со правници... со кој и да се консултирал правник сигурно не е...
„
Непријавување кривично дело или сторител
Член 364
Службено лице кое свесно пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години.
Со казната од став 1 ќе се казни тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело од членовите 123, 141, 142, 158, 162, 165, 165-а, 186, 187, 188, 215, 216, 231, 232, 236, 237, 238, 258, 259, 268, 269, 273, членовите 305 до 326, 348, 349, членовите 353 до 362, 382, 383, 394, 394-а, 396 и членовите 403 до 422.
Нема да се казни за делото од став 1 и став 2 лице на кое сторителот му е брачен другар, крвен сродник во права линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или лице кое со сторителот живее во трајна вонбрачна заедница.“
А одозгора на све не ми е јасно кое кривично дело сторил Мијалков со криењево, правно формално тој не примил решение за притвор, значи формално не знаел дека му е одреден куќен притвор, а и да знаел и да избегал најлошо што може да го снајде е да добие притвор а не некаква си казна што избегал.