Блам држава

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Според тоа видео на твитер тој што објавил од ДУИ бил на смена кога ова се случило.
Никој не ни имаше дилема што бил одговорниот.
Ја викам уопште каури да нема таму, све да бидат УЧК. Пилоти од Арачиново или нешто слично.
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
318
Поени од реакции
1.004
Анѓушев нели беше под санкции?

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
Screenshot 10-03-2024 17.54.19.jpg

Инфомакс денес


...би рекла делумно не се криви, зашто треба да постои законодавно тело кое ќе ги повика на одговорност дадени очигледно намерно филувани и лажирани новинарски информации од многу осетлив карактер кога се работи за државни работи и нејзин денешен углед во светот!

Screenshot 10-03-2024 17.56.20.jpg

...би требало веднаш да се санкционираат ваквите намерни скоцкани погрешни информации и да им се одзема новинарската лиценца или воопшто професионалната работа како новинар, кој е должен да ги пренесува работите и настаните како што се, трудејќи да не завземе страна, а не пак на ваков первезен начин да се лаже македонскиот народ дека ДЕНЕС 03.10.2024 вака :
„Што мисли АФД за Македонија? Германски пратеник не нарече корумпирана и смешна држава“



...тие тоа го мислеа и го кажаа, пред година и пол во 2023 година кога на власт си беа СДСМ и ДУИ и коалиција, а не денес 2024 година кога на Власт е ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, зашто е вака намерно поставено? ќе им се зголеми платата од погрешни податоци, ќе го збуни македонскиот народ да СДСМ со ДУИ дојдат пак на ВЛАСТ? турбо работење на лажиран маркетинг без никаква цензура? зарем не знаете дека има луѓе кои не пасат трева и не пијат нафта и ќе имате повратен бумеранг негативен ефект на лажни и наместени погрешни информации со што работите против државата?

Screenshot 10-03-2024 17.57.55.jpg

Затоа треба денешната Власт да се замисли малку и да почне да повикува на одговорност и казнување за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО и работење против интересите на државата, зашто машинеријата не застанува, напротив го замајува македонскиот народ, јас сосема случајно приметив гледајќи ги сите податоци од видеото дека тоа не е денес како што е преставено!

...ќе беше коректно од Инфомакс да кажеше и времето кога се случи да германскиот пратеник Маркус Фронмаер каже тоа што кажа за Македонија кога на власт си беше СДСМ и ДУИ (2023 год), а не да го изнесе како да се случило сега (2024) за време на ВМРО ДПМНЕ и коалиција!!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.430
Поени од реакции
9.079
Прегледај го приврзокот 431221

Инфомакс денес


...би рекла делумно не се криви, зашто треба да постои законодавно тело кое ќе ги повика на одговорност дадени очигледно намерно филувани и лажирани новинарски информации од многу осетлив карактер кога се работи за државни работи и нејзин денешен углед во светот!

Прегледај го приврзокот 431223

...би требало веднаш да се санкционираат ваквите намерни скоцкани погрешни информации и да им се одзема новинарската лиценца или воопшто професионалната работа како новинар, кој е должен да ги пренесува работите и настаните како што се, трудејќи да не завземе страна, а не пак на ваков первезен начин да се лаже македонскиот народ дека ДЕНЕС 03.10.2024 вака :
„Што мисли АФД за Македонија? Германски пратеник не нарече корумпирана и смешна држава“



...тие тоа го мислеа и го кажаа, пред година и пол во 2023 година кога на власт си беа СДСМ и ДУИ и коалиција, а не денес 2024 година кога на Власт е ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, зашто е вака намерно поставено? ќе им се зголеми платата од погрешни податоци, ќе го збуни македонскиот народ да СДСМ со ДУИ дојдат пак на ВЛАСТ? турбо работење на лажиран маркетинг без никаква цензура? зарем не знаете дека има луѓе кои не пасат трева и не пијат нафта и ќе имате повратен бумеранг негативен ефект на лажни и наместени погрешни информации со што работите против државата?

Прегледај го приврзокот 431224

Затоа треба денешната Власт да се замисли малку и да почне да повикува на одговорност и казнување за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО и работење против интересите на државата, зашто машинеријата не застанува, напротив го замајува македонскиот народ, јас сосема случајно приметив гледајќи ги сите податоци од видеото дека тоа не е денес како што е преставено!

...ќе беше коректно од Инфомакс да кажеше и времето кога се случи да германскиот пратеник Маркус Фронмаер каже тоа што кажа за Македонија кога на власт си беше СДСМ и ДУИ (2023 год), а не да го изнесе како да се случило сега (2024) за време на ВМРО ДПМНЕ и коалиција!!
1727983721907.png
1727983755288.png


А тројцата токмаци што само ломотат, подобро нека се придржуваат до ова:

1727984279603.png
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
Во Лозово нема преваре нема лагање, 100 кила свиња 200 кила маст


:facepalm::facepalm:
Шознам, јас би ги распердашил квалитетно и трите. Овие се најлесни за убедување да се напупат надвор во некоја темница. Особено карактери како плавата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471

...и уште многу случаеви, ниту се разрешени, ниту имаше информаци од работата на комисиите од Министерство за здравство, ниту пак Лакарската комора нешто превзеде, се се’ сведува за „секое чудо за три дена“ и се заборава, а затоа трудниците и понатаму ненајдено ќе им се случуваат вакви фатални ситуации, нема одговорност, нема судски процеси и казнување, со еден збор „како до сега, така и од сега“!

...последниот случај со трудницата од Куманово, со гестациски дијабет смеела да прима лекови за провокација и стимулација во девети месец, дали за време на бременоста трудницата добивала и антикоагулантни лекови, зошто изборот на антикоагулантна терапија за време на бременоста бара внимателен и индивидуализиран пристап, никој тоа нема ниту да го испитита, ниту да го реши, само што се случило во моментот на породување со што сигурно ќе речат дека се запазени сите протоколи и дека нема лекарска грешка,а кога пак имало лекарска грешка? така да бламот на државата и понатака во здравството ќе биде „како до сега“!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471

...Манганот се наоѓа во околината и тоа во воздухот, храна, вода, почвата и карпите од каде навлегува во подземните води кои се пробиваат низ земјата, собирајќи минерали, но секогаш, велиме најчесто загадувањето го прави човекот со негова активност, така да градоначалниците на тие општини треба да си ги проверат тие човечки активности на терен и да не чека од природата да „расчисти“ оти тоа загадување не доаѓа од мајка природа, туку доаѓа од човекот или од негово несовесно работење и тоа:

- рударски активности,
- индустриско празнење,
- истекување од депонии


...така да изворите на загадување богати со органска материја може да биде од рударски активности и ископини (затоа локалното население се буни во градење на рудник во околина), од индустриско празнење- од силажа или хемикалии како што е бензинот може да се додадат на позадинското ниво со зголемување на ослободувањето на манган од почвата или основата во подземните води, потоа извори на загадување може да биде истекување од депонии, ете тоа треба да се провери на терен!

...доколку има загадување на водата за пиење (и за готвење) конкретно со високи концентрации на минералот манган, прочистелните станици се тие кои треба истиот го остранат и не само него туку све што може да биде агенс за загадување на таа вода.

...прво велат водата за пиење била бактериолошки неисправна, за да после кажат дека била загадена од повисоко ниво на минерал „Манган“ :toe:

така да изјавите на одговорните од Јавно здравје (доктори) би рекла се паушални и некоориднирани, без да си мрднат газињата од фотељите и истите да ги посетат и прочистелните станици или барем да испратат екипа, кога веќе осудуваат приватна лабораторија за сомнителни резултати, која за да работи сигурно е акредитирана (нели, со дозвола од Министерот за здравство) и на тендер учествувала со обемна тендерска спецификација и затоа е одбрана од Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, а општо околу тој гостиварски градски водовод до вчера бил одговорен Градоначалникот А.Таравари, што денес, нели е министер за здравство, па под негова надлежност се овие Институти за Јавно здравје и изјавите на докторите, ова д-р А.Таравари си мава со сопствен камен по глава :facepalm:

...ете што кажуваат од Општина Василево дека:
направиле сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, го промениле кварцниот песок, кој претходно никогаш не бил променет од 2006 година,односно од изградбата на самата филтер станица, а била променета и целата електроника, така да не значи само името дека се има прочистителна станица на градски водовод, туку дали истата станица е функционална и си ја врши својата улога, а според ова загадување на водата за пиење, очигледно е тука проблемот кој го преќутуваат или воопшто не знаат што е проблемот т.е. причината, по секоја нормална логика, нели?


...и сега доаѓам до заклучок дека градоначалниците на тие насочени градови се тие кривци доколку пречистелните станици не си ја вршат работата, оти поројни дождови (за кои се насочени како кривци) се случиле на цела територија на Македонија, а не само во тие области, значи последниот филтер на здрава и исправна вода за пиење е пречистелната станица со исправни делови за да ја прочистува водата која доаѓа кај неа како загадена.

...и сега малку подлабоко во склучените договори за пумпа станица за водоснабдување потпишано од Градоначалникот на Гостивар А.Таравари

Screenshot 10-08-2024 16.40.16.png
Screenshot 10-08-2024 16.39.41.png


... се трошат народни пари за физибилити студии за правилно управување со отпад кој може да биде еден од причинители за загадување на подземната вода, а со тоа и водата за пиење со високи концентрации на минералот „Манган“ , дали некој воопшто ги видел овие студии и резултат од истите на терен во Гостивар? :toe:

Screenshot 10-08-2024 16.42.18.png
Screenshot 10-08-2024 16.42.35.png

за да на крај видиме како се склучува договор со две фирми за вршење на основни анализи на водата за пиење, при што како се гледа со едната фирма Б Проанализ (микробиолошка лабораторија) од Струмица која за една мустра за испитување за водата наплатува 1,850.00 денари без ддв,

Screenshot 10-08-2024 16.55.17.png

за да после највероватно се раскинува договорот според следново изнесено со таа фирма од Струмица :toe:

Screenshot 10-08-2024 16.58.05.png

и се „продолжува“ само со Договорот со државната ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ Скопје (нема назначено „Северна“ и нема архивски број на испратен договор од ЈП Комуналец од Гостивар и архивски број од ЈЗУ Институт за јавно здравје РМ Скопје, само назначено датум 05.08.2024 дека е склучен, затоа што во исти ден е испратен 05.08.2024 година и до фирмата во Струмица, а вратено од приватната фирма Проанализ од Струмица на 08.08.2024, а овие веќе склучиле претходно догоро за ист предмет на услуга со Институтот во Скопје), значи видлива „дупка“ и сомнителни договарања носи и сомнителни лабораториски анализи и резултати или можеби не!? :toe:

...инаку според Договорот кој меѓувремено бил склучен (неархивиран) со ЈЗУ Институт за Јавно здравје 05.08.2024, додека другиот Договор патувал за Струмица на другата приватна фирма за анализа за водата за пиење која конкурирала да го потпише договорот на 08.08.2024., по правило на склучување на Договорот прво се праќа да се потпише и архивира тој што ја дава услугата, а потоа документот за договорот се враќа назад кај купувачот на услугата (Комуналец Гостивар) каде се архивира и потпишува крајно договорот, а не обратно.

...а да, услугата на прифатениот Договор од ЈЗУ Институт за јавно здравје РМ Скопје за една мустра на испитана вода изнесува 5,400.00 денари без ддв, додека на приватната струмичка фирма Проанализ 1,850.00 ден без ддв, договорот како се гледа бил раскинат! така да склучен договор на 05.08.2024 без архивски број од двете страни (значи не патувал договорот) и важи според напишаното од 30.08.2024 до 30.08.2025 година, а Договорот со струмичката фирма во исто време склучен ама важи од 15.09.2024 година до 15.09.2024 година, за да после пишува дека е раскинат, а услов на склучување на договорот е „цената“ :icon_lol:

Screenshot 10-08-2024 16.53.21.png
Screenshot 10-08-2024 17.16.22.png

...дали некој ги проверува овие тендерски манипулации и исправнсоста на документацијата, мислам од државни инспекциски институции, е па и таква вода за пиење ќе имаме како краен резултат!

П.С.

...ако подлабоко се испитува работењето и кривецот кој знае што ќе се најде уште, како на пример Договорите склучени од Градоначалникот д-р А.Таравари (погледајте сами) прво е напишан на македонски јазик лево, па на албански јазик десно, но насловот на општината е прво на албански јазик што не е дозволиво според закон поради јавен државен документ кој сите ставки првично треба да се прво на македонски јазик, додека директорот на Комуналец Гостивар - Зеадин Нуредини кој е под капа на градоначалникот, неговиот Договор прво е напишан на албански јазик (лево), па на македонски јазик (десно), нели, ако пројде пројде се правиме мутави, да на крај на договорот нели, прво Набавувач напишано на македонски јазик(лево), а десно на албански јазик, значи знаеме што е точно, ама што се проверува во државата, па да не се протне и ова на мала врата,


како што вон работно време, што не му е работа екс вицепремиерот од ДУИ д-р Б.Османи како шериф Мек Клауд, ги шеташе централните државни институции во Скопје ако било допишано и на албански јазик, демек двојазичност да се почитува, нели, ами, шоч Бујари, што не прошета во провинција така, што не се почитува македонскиот јазик, а ?? ама нема кој да му каже, јас вака на форум, нема ефект,
затоа е блам држава и тогаш, а како иде работава изгледа и сега! :(
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471

...а бе билмез еден, кој сакаш да гледаш на Власт сега СДСМ и ДУИ, кога на избори победи ВМРО ДПМНЕ и коалиција?

... лажеш дека насекаде е само ВМРО ДПМНЕ појди само во институците на здравството да видиш дека присутни се топтан само коалиција на ВРЕДИ и по некој останати пониски шефчиња од СДСМ и ДУИ, па дури и Началници на локални служби сеуште се дуисти луѓе иако не се на власт,

... велиш, остана само непроменет Судскиот совет и Претседателката Весна Дамева за да биде комплет ВМРО ДПМНЕ во сите сфери, па кога беше СДСМ и ДУИ на власт кои беа во сите сфери застапени?

... во што сте во право, па не сте згрешиле, ама тоа беше во 2022 година - Инфомакс, сега пеете нова песна, еве самите јадевете бурек за Весна Дамева во 2022 година, ајде потсетете се очигледно имате кратка меморија:
еве еден ваш краток цитат:
„ за потсетување, во 2019 година, Дамева заедно со нејзината претходничка на претседателската функција во Судскиот совет – Црвенковска, се предложени од Stevo Pendarovski за членови на Судскиот совет.
Откако Црвенковска изјави дека не е подобна за ,,судските бизнис елити”, Дамева побрза да се кандидира и да го преземе претседателството со Судскиот совет, за да ја продолжи партиско – коруптивната агенда на СДС и ДУИ, која го разорува и целосно го има заробено правосудството во Македонија.
Нема да биде изненадување кога ваков претседател на Судскиот совет ќе си го оркестрира за неколку месеци изборот на веќе скандалозните кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители.“
затворен цитат (читај во линкот).


...ајде ќе ја оставиме сдсмовката Весна Дамева за време на Власт на ВМРО ДПМНЕ, да си продолжува со функцијата оти, нели самата кажа дека не била членка на СДСМ (жими стојко) туку само симпатизерка, на кого бе билмези едни на СДСМ и на З.З., не дека сте биле во право дека насекаде е ВМРО ДПМНЕ, туку што такво прави ВМРО ДПМНЕ за кои промени гласавме, да остане истата сдсмовка, симпатизерка на З.З и на СДСМ за Претседател на Судски совет? Тоа ли се промените?

dameva-960x540.jpg

...ја би рекла во стил на премиерот Х.Мицковски кој премногу е мек и во иднина ќе го кошта тоа, оти има работа со хиени не со совесни нормални карактерни луѓе.
„час поскоро да се сменат сите членови со се Претседателката Весна Дамева од Судскиот совет кои се го изработиле своето во интерес на СДСМ и ДУИ, но не и во интерес на македонскиот народ и државата Македонија!

весна.jpg imagesфф.jpg

... индивидуална одговорност? па сите вие од Судски совет дигавте рака „За“ кога не треба и прогледавте низ прсти многу работи, а тоа што велиш индивидуална одговорност како Претседател највише одговара и треба да се повика на одговорност, сама за себе со камен по глава, е тоа ти е кадар, џабе американската амбасадорка написмено не предложила нејзино разрешување,


maxresdefault.jpg

ама прашањето кој тоа ја врати повторно и зошто ?

П.С.
нема да ја коментирам физиономијата на лицето и улогата која ја копира од друга особа во однесување, штета што такви кричери се дел на високи позиции што ни ја водат државата Македонија и се дел од нејзиното уништување!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
Блам на годината!

...да се потсетиме на 28.03.2015 на неговиот јавен говор во Охрид, што не сакал да биде политичар, иако покасно станал советник токму на политичар, исто ама не е исто!




04.04.2015 година



...да се потсетиме пред шест години, 09.2018 Љупчо Бубо Каров, членот на К15 со улога на Цацко Конопишки, објаснува за додавката „Северна“ на државата Македонија, како додавката „Бубо“ на Љупчо Каров:
„Додавка во името не менува ништо... јас имам додавка во името.... (после 30 секунди автогол).... Се викам Љупчо Каров, но 90% од луѓето не знаат кој е Љупчо, а Бубо сите знаат кој е“




Владиниот службеник Љупчо „Бубо“ Каров, голем поддржувач на сите политики на Зоран Заев и СДСМ со советничко место во Владата на Заев,


Graganski-tribina-Kavadartsi-1.jpg


за да после, нели, вложениот труд на терен и промена на името во „Северна Македонија“ , Љупчо Бубо Каров кој кажувал дека никогаш нема да биде во политиката и ќе работел само за плата како обичен човек постане надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ашколсум, во негов стил - сдсмовски дупелизач!


41398278_2246345005578906_9208580560329375744_n.jpg


...еве ги двајцата што за нив не е ништо страшно една додавка „Северна“ на државата Македонија, нели во 21 век, за чие име толку деца на мајка Македонија изгинаа, едниот со потпис, другиот со говор им се измочаа на вековната борба на македонскиот народ за опстанок на името, индетитет!

и да биде денес бламот на државата поголем, денес на 11.10.2024 година, кога е државен празничен ден, Ден на народното востание на македонскиот народ „11Ти Октомври“, овој кричер од Цацко, советник на екс премиерот Зоран Заев и неговата партија СДСМ, тој што не му пречи „Северна“ и не прави мутави во споредба на неговата додавка на негово име „Бубо“ дека не му го менува идентитетот, денес кога на власт е токму спротивната партија т.е. ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ во позадина како опозиција со катрофални парламентарни и претседателски избори, е токму денес на овој свечен историски ден му е доделена награда „11 Ти Октомври“ за животно дело токму на советникот на Зоран Заев- Љупчо Бубо Каров!! :facepalm:



...награда за животно дело на мултимедијалниот уметник Љупчо Бубо Каров, токму од Одборот за доделување на државната награда „11Ти Октомври“ на седницата која се одржала на 11.09.2024 година со одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија, на чело со Претседателка на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“
, браос бе, кандидатов Цацко како го нарековте мултимедијален уметник, од толку вистински уметници за време на Власт на ВМРО ДПМНЕ да се додели на окорели сдсмовски советник на Зоран Заев, пресмешно ќе беше да не беше трагично, па потоа блам држава, па блам невиден!



...која е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, што одлучува за наградите. нели како претседател?


DSC_3687.jpg


...именована од премиерот З.З.






Screenshot 10-11-2024 18.21.18.png



П.С.
...македонскиот народ мислам дека има проблем со памтењето, се има тотална амнезија, за три дена све забораваат, аман бе луѓе имајте барем усул, размислите кому, што и кога доделувате, што не му доделија за време на владеење на СДСМ таква државна награда кога просеруваше на јавни медиуми за промена на името на државата во Северна Македонија како советник во Владата, од тогаш изгубил човекот секакви симпатии кои ги градел со труд со К15 скечевите, а директоркава на комисијата за доделување на наградите очигледно работи по партиска директива, а не по професионална, алооооо ВМРО ДПМНЕ спиете ли?

...премиере Х.Мицковски ги следиш ли настаниве, за кои промени изгласавме, да за време на ВМРО ДПМНЕ, сдсмовски член, советник на З.З. да му се додели државна награда за животно дело токму на ден 11 Ти Октомври и токму нагрдата „11Ти Октомври“? :facepalm:

што да напишам друго, освен:

:oeoeoe: да живее Македонија и нејзиниот државен празник „11Ти Октомври“ Ден на народното востание на македонскиот народ !!!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
...да се потсетиме на зборовите на екс Претседателот С.Пендаровски кога беше претседател:



GMmykwxWUAAvsC_.jpg


...денес кога веќе не е Претседател С.Пендаровски, се поставува прашање:

464367530_2239568153091641_5445956933612324861_n.jpg


:facepalm:
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.984
Поени од реакции
5.133
...да се потсетиме на зборовите на екс Претседателот С.Пендаровски кога беше претседател:



Прегледај го приврзокот 433161


...денес кога веќе не е Претседател С.Пендаровски, се поставува прашање:

Прегледај го приврзокот 433162


:facepalm:
Е ми оти „канцеларија„ да бара чо‘еко‘, кога местото „професор„ му е резервирано...како и за било која друга комуњара...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471

...све е во ред, нели ќе речеме ако му следи законски зошто да не, ама немој бе да глумиш лудило и да се правиш скромен за поени, имај образ биди искрен, претседател на држава е највисоката функција, ете такви кричери со такви вредности не воделе и не водат!

...зинати бре за пари, никогаш да не им се доста и со харам да ги имаат!

„Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4то лице.
Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4тото лице е 51.000 денари.“

...има луѓе по мариовски и други затуцани места немаат леб да јадат и основни услови за живот, како не им е срам и страв од Виша сила, да не речам Господ!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Да не се лажеме со комуњарит. Скоро сите битни од двете најг. мак партии се или деца на комуњари или "бивши" комуњари (види еден екс обвинител во СРМ, подоцна министер за правда, па еден од невладина со брадичка кој правеше анкети а во суштина лапа незаконски згради, па безбедњаци, премиери и министри од ДеА, продадени пратеници... и слични) или докажани лопови. Затоа и си играат театар со луѓето, но со успешна реклама/поткуп на медиумите, гласачите се манипулирани дека овие нешто работат. Крпење улички со 250 миљони ниту е продуктивна ниту капитална инвестиција за да ги оплоди и врати парите, а за тоа ни фондерлајни ни бугарите ни се криви. Бадијала дефокусот на анал5 со т.н. само вистина. Едни исти фамилии што се вртат во круг ни ја е*баа функционалноста на државата. Најниска продуктивност, најниски плати, висока корупција...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
има луѓе по мариовски и други затуцани места немаат леб да јадат и основни услови за живот, како не им е срам и страв од Виша сила, да не речам Господ!
А зашто страв од господ?
Тие што велиш треба да им е страв, нели се креација на самиот креатор.
Тие на сила не го прават ова, туку со согласност на сите други, така да, нема што креаторот да реагира.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
А зашто страв од господ?
Тие што велиш треба да им е страв, нели се креација на самиот креатор.
Тие на сила не го прават ова, туку со согласност на сите други, така да, нема што креаторот да реагира.
...овде има дупли грев, едно е да се прави лошо не почитувајќи закони ќе си одговара лично, а друго да се прави лошо не почитувајќи закони ама и истовремено со тоа и лошо на друг човек што со ништо не му скривил и третиот кои не реагира, оти директно не е засегнат, а може да помогне има тројни грев, е за овие последни двајца мора креаторот да регира!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom