Биртии

М

Мартин`

Гостин
Бил некој во Дон Тони до пругата кај мостот во Велес? :pos::pos: Е тоа мислам дека е биртија во права смисла на зборот. :vozbud: Прееска поминував од тука, го здогледав местово и ми текна дека мора да биде спомнато, споделено и овековечено во оваа тема :pos:
Уште кога ќе ги видиш фаците на циганките што ја прават скарата страв те фаќа, за хигиена да не правам муабет :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Бил некој во Дон Тони до пругата кај мостот во Велес? :pos::pos: Е тоа мислам дека е биртија во права смисла на зборот. :vozbud: Прееска поминував од тука, го здогледав местово и ми текна дека мора да биде спомнато, споделено и овековечено во оваа тема :pos:
Со трски залепени на мостот ВРВ ! :pos::pos:
 
M

MrzaRules

Гостин
А кога и да поминам од таму стално има клиенти, додуша се истите се, ама битно секоја вечер има гости. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Имаше у Ѓорче една кафана до општината спроти Дома Мебел салонот, во зградите пред некоја година ич не ми текнува на името како беше. Стаклата залепени со фолии да не влага дневна светлина оти глава боли после пијанство, простор 2 на 2 на 1.5, клупи дрвени ко од чардак од село земени. Од пиење само Смедеревка и ништо повеќе ни помалку, се пиеше директива од шише, чаши никако, или си маж и пиеш шише или ич не влагај.
Една вечер се распукаа, се растепаа, памтам тој што ми беше по ОТП во седмо настрада у тепачките таа вечер па месец дена го немаше на работа :pos: и после тоа затворија :(
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Биртии низ Струга еден куп ги имат
Корса - 4х4 2 келнерки газдата 2 маси шанкче и на лето 1 маса надвор
Два Шешира - внатре трезен не мојш да најш и во двеве келнеркиве се елегантно пополнети госпоѓи
Кај Коле - барем така го знам којзнајт како се викат ракии се пиет, пилиња се печат абе како на приказнине
Тик-Так - смена којзнајт колку имиња едно време Селтик се викаше јас вака го запамтив работеше само на лето на раскрсницава на патот за Кафасан одоколу со трска заградено како помал одевме да ги гледаме тетките низ трска :D
Милано - овде турбофолк се рокат еднаш памтам си одев за дома и само неднаш отворија врата и еден пискав глас почна КУКАВИЦААААААААААА :pos:
И сега не ми теквит во моментов ама ги имат уште олку

Инаку Прилеп имаше една биртија ама не ми теквит како се викаше од на Студентска одма одевме таму ора се вртеа околу една шипка исто лом беше
И Перон Битола еднаш се закачивме 1 година на факс не знаевме каде баравме кафана и таму најблиску ни беше до возот :D
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
Во Охрид биртија беше „Перса“ кај шо е сега хотел Монтенегро. Ем автоперална ем кафана. Дур мијаш кола сабајлечки мојш и да го отрујаш „црвецот“. А навечер певаљки, и понекое цице голо и глај скршени секоја вечер.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.635
Третиот дел на тема биртии ќе го започнам со една култна од Тафталиџе
Веки
Лоцирана на 30тина метри од гиманзијата Георги Димитров, Веки своевремено беше задолжителна лекција на сите биртијаши. Самата кафана е сместена во подрумот на една куќа а својата слава ја доби по тоа што во неа настапуваше современата мадам Помпадур на целата народна естрада од Ибарска магистрала до Прдејци, неприкосновената д уан енд онли Жаки Макарена. За телетабис, млади бунтивници и покемон генерацијата Жаки беше најјаката, најсексуљавата и најлегендарната кафанска певаљка на едно време. И сега тешко трпи конкуренција. Нескриено си ги кажуваше сите швалери меѓу кои и Владо Јаневски и покојниот лесна му земја Нино
и имаше најебастична тетоважа на лева цицка
Барав настапи нејзини на јутуб ама тешко... Единствено можам да ги споделам овие слики со вас. Внимание-Предизвикуваат тестостеронски овердоуз




Цитати од нејзни песни
Амазон, амазон,
главна шема и фазон,
сакаш рап, сакаш фолк,
живеј како Амазон.

Телевизија нон стоп,
телевизија нон стоп,
си гледам јас порнич,
а тебе не те рецкам ич,
ич бре будало ич.

Спотот беше со за жал сега покојниот комичар Ѓоко Тасевски-Коска, ех што би дал сега да го најдам на јутуб. Доказ за нејзините способности е тоа што мојот добар другар И.Л. два пати има заврешно на клиника од алкохол, првиот пат заради неа. Цитирам-Брат, знае к..вата како да те начука. И стварно знаеше. Пеење на увце, наздравување и пиење со тебе, дигање...атмосфера. Жаки беше специјалист, мајстор, доктор за својата струка прваше журка кои сега можам само да ги раскажувам. Не може бре секоја да биде кафанска певаљка. Кога ќе ги видам сега тие помладите облекла штикли, минич и здрвена како бетонски ѕид со едвај милиметрско помрднување на колковите колку да се знае дека е жива, смрштувам фаца и со носталгија се присетувам на Жаки и незаборавните џумбуси во кафана Веки.
Кога сме веќе во Тафталиџе, наслебата може да се гордее со уште една незаборавна, биртија која што ми остана непречкртана сеуште. Исто така на 30-тина метри од Ѓорѓи Димитров ама на спротивната страна на раскрницата со Октомвриска Револуција се наоѓа биртија во најкласичната смисла на зборот каде што сите новајлиии кои мислат дека биртија е отмена кафана во Дебар Маало можат да го остеат автентичниот дух на една биртија. Ќе зборам од екстерен аспект а и од едниот мој краткотраен влез кој не го бројам.
Хилда
Многу работи ја прават Хилда биртија која мора да се посети пред да се умре. Прво да почнеме со името кое само си кажува. Второ, местото е 3 пати затворано поради кхм танчерки и кралици на ноќта а во случај некој од оние ашљацине што мафтаат со енциклопедии да го читаат ова и мислат дека измислувам и зборувам без основа го приложувам овој извадок од Вест од 2002-ра
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=54847&idg=3&idb=745&rubrika=Makedonija
Внатре главни клиенти се цигани гастербајтери со надвор паркирани Мерцедесите и БМВињата со немачки, швицарски, бечки и остали регистарски таблици, нормално сите оковани во златни ланци и прстени. Певаљката мрсна средновечка жена со целулитишта и банџи цицки. Песните што се пејат таму ги знае само оргиналниот пејач што ја испеал првично песната, споментата певаљка и мајката на оргиналниот пејач ако е уште жива. Шабан. Синан, Шемса, Халид, Харис за такво место се префинети колку што би биле Хајдн, Хендл, Вивалди и Брамс да ги пуштат на рап журка. Танчерките беа неизбежен дел од декорот тогаш, нормално за пригодна цена можеше да добиеш и...дискусија за текот на експоненцоналниот напредок во технологијата сето тоа поткрепено со графикони, сликички и википедија линкови. Топлото оружје беше и сеуште донекаде е облигаторен декор со модата својствена единствено за непосредниот запад од Ќафасан.
Стар В'к
Оваа за жал веќе непостоечка кафана беше моја рана. Се наоѓаше во подрумчето под хотел Лаки (види линк погоре) во непосредна близина на клубот на пратеници. на самото стакло на влезот од вратата стоеше слика од волк како од цртан филм налик на оној Ну Зец Пагади

а испод сликата стоеше и името Стар В'к. Баш така сосе апострофот. Внатре вкупно 4 маси, нашиот клас број 6 со класот број 4 се збиравме и беше фул. Шанкот беше 70 сантима а до него беше вецето со шибер врата на која што на лист хартија имаше напишано Шибер да не случајно некој трезе ја отворе при зорт. Ве-цето класика-чучневац. Газдата личеше на пејачот Ванчо Тарабунов ќелав со попска брада. Повторно појаснување за покемон генерацијата не, не е тој од Идолот Тарабунов него овој

абе истиот како брат да му беше. Нормално пиеше со нас, две тури ние, третата од него. Некогаш за викенди викаше певаљка и на едниствениот звучник кој не знам дали повеќе крчеше од што беше од пеесет и деветта или од гласот на певаљката која звучеше како да голтнала коска од риба ечеа кафански хитови домаќи и шумадијски. Само на такво место можеш да сретнеш човек кој ти иде сам во кафана во доцни 40-ти, рани 50-ти, сателит направен, меша чочек како да е тинејџер, и се упикува на певаљката дали да ја граба, дали да му пее на уфце, па после ти иде на тебе и обраќајќи ти се со следните зборови со карактеристична арома на лук, ракија и туршија ти вика-Јас сум тој и тој. Ако некогаш се запишуваш на Филозофски, да ме побараш мене. Ете тоа беше Стар В'к под култниот хотел Лаки. Толку многу носталгија...
Сватив дека на оваа тема малку ми е еден пост па морам да го водам овака фељтонски. До следниот пост...
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
"Жар" кај пазарот во тафталиџе., Човече која бљувотиња, кој не бил нека не оди ич:icon_lol:
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Амазон, амазон,
главна шема и фазон,
сакаш рап, сакаш фолк,
живеј како Амазон.

Телевизија нон стоп,
телевизија нон стоп,
си гледам јас порнич,
а тебе не те рецкам ич,
ич бре будало ич.
Ова може у потпис да иде комотно. Браво за постов другар!
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Случајно налетав на темава,и морам да ви кажем јака тема сте отвориле:D,leandra,глеам имаш искуство со биртиеве:).Кај нас у тетово има една развод брака се вика:pos::pos:,која мајка го изгубила синот таму ќе го најде:D.Само не знам дали уште работи,дека многу инциденти имаше,до 00,00 пијат,после се знае:D.
 
A

AnFem

Гостин
Сега кога имам повеќе искуство, пред „Галеби“, „Гулаби“, „Гугутки“ (или како и да беше) од Чашка, ја ставам Болетос како најдобра, мада не знам зошто викате дека е биртија, тоа повеќе на кафиќ удара бе! :icon_lol:

А да, и певаљката ептен ми го направи ќеифот!
Поздрав до едни луди џенцки од форумов, од мене и од волкот.
Еве ја сиктерот
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не апат у Болетос, сите се у свој филм, плус пеачката е „наше“ дете и келнерот е сменет од тезгите што продаваше сега главен фраер у Болетос. Мора тука поштовање да и удрам на Ligeia_;

Мухарем е познат со таа песна, вакви претежно пеат, прво се трудиш да ја сфатиш содржината и емоциите на гостите, после се срамиш зошто од цела биртија само ти не ја знаеш песната:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom