Биртии

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
:place: Абе аман се испозатвориле, или мене одамна изгледа ми прошол периодот за биртии :pos:
nee rabotata so lugevo tolku gi palat eftinite raboti , povise se palat na mrsulavite kelnerki ako im se nasmee ili na nekoja pevaljka da i se ligavat a ona im vristi nad glava .....e se zatvaraat ama novi se otvaraat samo se skrieni ete ima dosta luge tuka na temava sto shetale pa gi znaat , abe proziveani luge:D
 

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
И јас не сум бил, ама тие што биле ми кажале дека ,,Деспина" е биртија од прва класа :)
Класика е Деспина бе, таму идат лица исто ко во три фазана, на една маса може да се видат група рекетари а на соседната пратеници и нивните... хмм, придружнички :) Сега плус викаат и реновирана била... којзнае што се десило, можда пак имало некоја тепачка.... за Деспина све може да се каже ама атмосферата е закон, весеље до 5 саат :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Некаде нагласив, во овие биртии се влегува еднаш и никад више. Излегуваш од таму и се пикаш во машина за перење и таа не те пере, таква смрдеа месец дена не ти излегува од кожата и косата:icon_lol:
Од два галеба покачи на два месеца :))
Jас во спомнатите биртии во мојот прв пост на темата редовно си одам.
Заради одличната скара :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Jас во спомнатите биртии во мојот прв пост на темата редовно си одам.
Заради одличната скара :)
Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем не :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем не :)
Супер се такви биртии се до моментот кога ќе ти се приоди во ВЦ или уште позаебано ако по вторпат ти се оди и знаеш какво е таму. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем не :)
Е, е, е... чеееекаааај малце....
Изгледа не сме се разбрале баш најубаво.
Ама сега ќе ја оправиме работата.
Оние места кои ги спомнав таму, во првиот мој пост на темата се за мене биртии... во смисла ќебапчилници покрај пазар, онака ефтини места не баш најсредени...
Инаку, не сум баш некој кафански тип... На прсти од една рака може да се изброи колку пати годишно седам некаде. Или ајде... нека се месечно еднаш во просек, да не претерувам.
Но, кога сум некаде надвор од Струмица, задолжително морам да си апнам нешто, а тоа нешто мора да биде брзо... а башка, атмосферата е интересна :)
Во Берово на пр. она што го спомнав, Златно пиле е една барака од 2 на 2 метри + надвор некоја маса. Исто и кујната е 2 на 2 метри. Ама, скарата е прекрасна! Посебно ќебапите.
И, си седиш така со една шливова, салата стандардно, плус некое парче одлично малешевско сирење, гледаш некој тип, брадосан, засмрден, паркира секирата пред врата, си влегува и си порачува пиво...
Завршуваш со јадењето, викаш сметка, и не плаќаш повеќе од триста денари.
Не е тоа тип на биртија со певаљки, музика и сл. Онака си е... сама по себе - биртија.
Радовиш...има едно местенце кое има исто прекрасна скара, тука е кај плоштадот... има кладилница до него... и таму има интересни фаци, обично ливчиња пишуваат, локаат, јадат...еднаш и музика жива имаше...ама немаше певаљка :)
На таквите места ми е убаво тоа што околината не се замара со тебе. Не те приметуваат. Баш ги боли таквото, кој си, што си, зошто си... како си облечен, и што кој кур бараш тука.
Додека кај рестораните кои држат до себе, и се сметаат за некоја ексклузива, ситуацијата е сосема поразлична. Одиш да бидеш виден, или да видиш некого. Ако откачиш, веднаш те знае цел град. Па вака си бил облечен, со тој си бил, со таа си бил, така било, онака било...
Но, таков ни е менталитетот, од тоа бегање нема.
А јас сум секогаш спремен на се.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Убаво рече Суси тенка е линијата помеѓу биртија и кафана, зависи кој како гледа на работите. У биртија речиси и не се порачува за јадење од типот на месо освен некој ако не е сигурен дека има здрав желудник (или не му е гајле) или ако не го познава газдата. Претежно таму се е на ракија, повеќето на голо, некои со зелка, некои со туршија. Оти тие се редовни муштерии, луѓе кои нема дома што да прават и си седат сами на маса или алкохоличари па си ја бараат најефтината ракија.
Овие со бонус певајка се више крајна фаза и одиш со таква намера на певајка. Ама од оние кршови, кој знае од кај избегале и може пее за 200 денари цела вечер. Али атмосферата е незаборав и неповрат :)
Овие кафанчиња со добра скара, а лош изглед ги има многу низ градовите. Имаат и келнер вработено. Ваму газдата/рицата е келнер/кувар/пеач/другар/слушач/прихијатар шо сакаш тоа :)
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Таа со натпис цигари и Албанци не примаме беше до мало мовче кај споменикот.. на Тумпето мислам (незнам дали уште постои мислам не) и натписот не само на табла туку беше и горе кај она демек рекламите што обично стојат со големи букви.
Да бе на таа на Тумпето мислев..Пијана работа,јбг по такви места трезен не се оди,па после се чудиш кај си бил :pos:
Бети бе :pos:
А незнам дали ви текнува на најстарата биртија незнам која генерација сте Под Мостот. Се наоѓаше буквално под нови мост, се идеше од кај Стоковна доле накај куќите. Беше сместена како во шупа, испаѓаш надвор и се фрлаш во Вардар. Али најубава скара имаше таму.
:)
Ја памтам таа ама за жал го немам посетено тој ендемски локалитет..

Туку сега ми текна за едно место во Демирхисар.Мал локал,пред него една маса и трупчиња ( баш трупчиња) за седење,а внатре во еден ќош имаше и бербер.
Мултипрактик :cuc:
Прашам што кафе имате,ми вика има турско и шанк кафе..Какво е тоа шанк кафе не ми објаснија,па дајте ако има некој од Демирхисар нека каже,ја не се осмелив да го пробам :pos:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Биртиите си имаат посебен шмек кој бил "Кај курето" знае за што зборам.
 
M

Moon Child

Гостин
Како копиљаци (прва средно) уште додека беше старата економска во Велес кај пазарче, имаме гледано сред бел ден кај Тумпето во биртијата како на маса качена, гола, меша певаљката :pos: Ептен крш место е тоа, истата таа певаљка, жена во години, може 50 да има, ја имам видено како спие во биртијата навечер додека нема више луѓе :pos: А ја имам гледано еднаш исто во прва средно ова, како игра и таму на улицата одма до биртијата :pos:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.632
Вториот дел ќе го започнам со една ударна биртија последниот бастион на биртиите во Скопје во најкласичниот смисол на зборот. И тука ќе се задржам со опис како што беше за Опатија затоа што оваа биртија ми е ептен, ептен прирасната за душа, и кога некогаш (неизбежно) ќе ја затворат никој повеќе нема да знае како изгледа класична биртија со сите пиетети кои ги заслужува. Станува збор за
Орихидеја. Не постои мештанин од Козле, Трнодол и Жданец кој не ја знае биртијава. Не знам од кај да почнам со описот. Се што читате натаму е буквално и без ни малце заебанција. Кафаната е на фантастична локација во Жданец, и има прекрасна глетка на цело Скопје. Некој со малце сенс за бизнис да ја преуреди и да направи некој концепт има пари да се намлати. Ама газдата е стар ков какви што ретко има. Како што ја има отворено ваљда по стилот некаде 70-тите така е и до ден денешен. Прво кафаната е од две страни со стакла, влезниот дел и панорамскиот према скопје. Има излепено слики од кока кола со always кока кола од пред 25 години на стаклото и уште стојат. Газдата е скоро нон стоп таму. Има 2-3 ца келнери од кои стариот е најдобар. Има се вкупно 5-7 заба останато (како што реков се е буквално) и кога збори збори ем брзо ем ништо не се разбира како да има арапски призвук. Кока кола нема има, пепси на точење во чаша 20 или 30 денари. Чашите и за ракија малецките и за се останато од кисела вода до коњак се од оние комунистичките во форма на буре темето им е потесно па после чашата се надебелува па на врвот дијаметарот пак е со иста величина како на дното грубо вака


мада овој е модерен дизај чисто да се сетите за кој облик станува збор. Тањирите кои ве служат се метални како во мензите од основно кај постарите генеразии. Од кафе постои само турско во филџан со плава лента. Кога нарачуваш било што од месо сите димензии се различни. Пример ти носи 10 ќебапи од кои едниот е 2 сантима, другиот е 15, на другар ти кременадлата е дупла од твојата а цената нормално иста. Масите и столиците се истите од пред 30 години, столиците се од оние што завршуваат со топчеста форма на врвовите на конструкцијата и кои ако се исечат претпоставувам дека можат да се искористат кај женската популација како солидно дилдо. Газадата е строг поборник на старото и непроменливото тоа и спремен е и камиказно да нема ништо модерно. На едната страна наместо ѕид има дрвени даски односно дрвен ламперај на кои се приковани зачачалки оние старине што личат на инфинити знакчето ама во баклавовидна форма и секако слика која не знаеш дали е од импресиноистичкиот период или едноставно е гоблен. На лето имаат и летна тераса и мини паркингче оти кафаната им е во склоп на куќата која што им е на удолница и кога ќе излезеш од кафаната за дома обавезно ќе си ја поткачиш предницата од колата, а мораш да дадеш газ оти па на узгорница си, така да препорачливо е да не им го користите паркингот. Секако ако сакате да јадете во 6 попладне не е лошо да дојдете во 4 затоа што то саат и 15 минути се чека храната која ако не е сервирана во метални чинии тогаш е во тие белите тањири со плава лента на крајот e како овој, само што овој има 3 ленти а во Орхидеја само последната онаа најголемата


Од радио имаат стар систем оној со плоча и 2 касети, во позадина иде строго 104.4 или 106.5. Телевизорот им беше од оние марка Еи без далиснко што мора да станеш и да ги притиснеш тие испакнатите куриња за да смениш канал иако после газдата за чудо стави помодерен.


Местото е скоро реоткриено од локалните тинејџери и повторно за викенд е полно пред се заради стварно ниските цени. Певаљка нема никогаш освен кога се оргзнизираат свадби, матурски, крштевки и тогаш строго славеникот си организира музика а не газдата и тоа трае до раните утрински часови на негодување на некои стари матори од Жданец и Козле на кои им смета музиката. Секако чаршафите се со флеки од вино и мрсни а кујната е со бели плочки оние ситните најефтините. Вецето е посебна приказна. Казанчето е тркалезно а чешмата е со цревце ваљда за да не прска, секако на принципот чучневац се обавува нуждата. Тепихот е оној класичниот сив несменет од отворање на кафаната. Фрижидерот им е од оние што ги има во бурекџилниците на принципот стакло+лим топлана каде што ти го сечат бурекот, е ова е истото само фрижидер. Поради умор, а и поради тоа што Орхидеја си заслужува посебен дел ќе завршам тука со вториот дел. Ако има заинтересирани и мераклии, а богами и аматери кои за биртии сметаат ресторани кои можат да се најдат и на реномираниот и елитен Мишелин водич на ресторани а сакаат да ја научат вистинската работа еве можност да се види овој редок историски монумент ко за некоја година само ќе се прераскажува, па предлагам една мини збиранка кајганска тука следниве дома по можност да е работен ден кога нема гужва за убаво да се долови цел амбиент.
Нешто најдов слики на нет од некои славеници па таму се доловени некои сегменти што ви ги опишав.






Како изгледа Скопје гледано од Орхидеја


За сега Орхидеја останува гордо да му пркоси на времето, на модернизмот, постмодернизмот и постпостмодернизмот.
Чекајте има уште, ај хев а репутејшн ту кип. Останува отворена понудата за збиранка.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Пред да ја прошират беше биртија, шљокица ти е моден детаљ:icon_lol:
Велешко барем изобилува со биртии. Од автобуска десно двете трафики карши Енгилизот ти се за од нога. Во превалец Ламбада, најново кај Гавро десет денари ракија. Четворица софра пукаат за 500денари на раце испаѓаат. Нема певаљки само тоа им фали. Во Градско на самиот пат од десна страна тоа беше колеж атмосфера, една рика качена на маса, флаши летаат, кој ја тегне за цицка, газдава фрла маси, твое е само да пиеш и да внимаваш да не те погоди нешто. После 2 ноќта се одеше. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Болетос строго да се посети, темно, прст пред око не се гледа. Задимено мислиш си стасал во пеколот. Едно типче со сентисајзер уу филм дека е ѕвезда и едан певајка може има 18 години, само жалопојки пее, срцепарателни. Можеш да порачаш само тоа што останало, не она што сакаш. Значи ако се испило пивото, има само вино. Десно курвите застаните на бендис, Бузалково мафија по маси, тепачки преку една ноќ. Ако се многу лути и пиштоли и бомби летаат кај браќата. Ако не се задеваш никој не те задева.
Кавадарци една биртија ми остана во мозок, имаше три маси, домаќинката за мезе ни извади домашна туршија и сирење од канта, плус и во едно чиниче ајвар. Биртијава се наоѓа на патот накај Ваташа од десна страна, минијатурна исто со ќумбенце во средина и клиентела секој сам на маса со ракија. И една исто спикана немаше веце се друго им се распаѓање, па за олеснување се идеше пред врата. Бонус после 3 у една дискотека по скали надоле, скршени прозори, мажи заспани на шанк, пеачкава рика ли рика. Едно време се степуваат, другиот момент се гушкаат, трет момент флаши летаат. Преживеавме.
Шабан, Дабиле Струмичко. Кој не бил ова му е задолжител испит за лиценца кафански човек. Огромен хангар, копачите пред врата, рамбовка дрес код, две певајки рикаат на двете страни на маса качени. Едната мрсна глуми полицајка, со пластичен пиштол на појас, другава слаба ребрата и се бројат. Слободно можеш да стоиш на стол и да се фрлаш од маса во слободен пад. Ова неможе да се опише, само да се доживее.
Друго не ми иде сега на памет :)
Си била кај Гавро и во Болетос ? или од муабети рекла-казала ти е постов ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom