Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

L

Luki Junior

Гостин
Секоја година има некој ваков „направи 100% профит за една година“ бизнис.
Памтам одамна ги имаше чинчилите (за крзно), па ноевите, па јагодите во пластеници (стариот мој се фати на оваа превара), па сега Пауловнија.
Којзнае догодина што ќе измислат.
Да сееме ламбови шишиина.... Или сол. :D:D:D
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Многу да не се 20 души, замисли 50 души да посадиле веста ќе отидеше во инвестициски БУМ :D

Кој сака да работи земјоделие може да заработи. Ама во 21 век тешко дека некој ќе се врати на село. За продавање на македонскиот пазар да, нема можност за големи пари.

Но со доволна стратегија и пласман на правиот пазар доколку се фрли инвестиција за извоз човек може многу големи пари да сврти. Сега тука не кочат нас многу и царините и давачките незнам некој ако има искуство со ова нека каже. Ако таксите се до плафон тогаш се знае дека само големците си играат со овие работи.

Знам за житото така прават. Нашето се продава во Србија што им руши цена, а ние јадеме од српското. Каква игра е ова врска немам, истата работа се врти и со млекото.. :tapp:
Текстот одеше ‘‘интегрално од Фактор‘‘ не е мое мислење дека се 20 многу или малку.... но едно знам дека ако се годинава 20 до година најверојатно ќе бидат 200... незнам дали се останатите, но знам дека ние сме такви: Лековерни и веројатно алчни! Гледаме во туѓиот двор и во стилот: ако комшијата сади пауловнија и јас ќе садам!....Да не се повторувам, така беше и со останатите не-автохтони растенија или животни: Со чинчилите, со калифорниските црви, со јапонските печурки Шитаке... па и со останатите земјоделски производи (одамна познати) кои се протнуваа тука и на Балканите како ‘‘хит‘‘ ете некој погоре спомна за тоа те за преварата дека некои наши култури биле многу исплатливи ако се одгледуваат во стиропорни саксии.... и навистина, веројатно многу е профитабилно, но продажбата на саксиите и семето!?....и тн и тн.
Во текстот исто се спомнува ми се чини дека пауловнијата како производ се извезува. Оно као била барана многу таму некаде во странство на берзите.... И да е така, се прашувам зошто тогаш ние те производителот би плаќал царини и давачки?... Нели извозот се стимулира а не да се оптоварува со давачки ....или барем треба да се стимулира!?
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:19 ---
Луки, јас би пробал со нешто вакво http://www.profitableplantsdigest.com/lavender/ ама не знам дали се откупува овде кај нас и по која цена.
Интересно, ама мислам дека климата на средоземието повеќе одговара за ова растение.... или пак така ми звони, дека ја има на Јадранот!:) Лаванда нели, за лаванда се работи!?
 
L

Luki Junior

Гостин
Луки, јас би пробал со нешто вакво http://www.profitableplantsdigest.com/lavender/ ама не знам дали се откупува овде кај нас и по која цена.
Сеј и сусам и сончоглед, за идилата да биде комплетна. И малку праз. За да има да си прааш салата. :D:D:D

Не се заебавај, кај нас шо и да се роде најлесно е да се исселе накај Истоко (читај Русија). Поедноставно е. Само требе неколку откупни центри со капцитет за ладејне и пакувајне. Неколку посети на саемите за храна у Келн (сега беше минатата недела, Јануари има у Берлин), напролет имаше еден у Виена и да видеш ако имаш некаков готов продукт или доволно голем склад за зачувувајне зеленчук/овошје, как ќе станеш играч у играта со храна.

Шо и да биде, мора да се јаде, и мора да се пие алкохол. Да, оваа година не ми земаа сливите, немаше дека да ги продадам, ама ќе имам 2 тона ракија на залиха. Да са живи и здрави пијаниците, ќе се продаде. ;)

Се шо ти требе е да знаеш барем англиски и да имаш 100к евра за среден ладилник со пакувална (100-150 тона капацитет). Мојте сонове големи, а мојте џебове празни. :(:(:(
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Интересно, ама мислам дека климата на средоземието повеќе одговара за ова растение.... или пак така ми звони, дека ја има на Јадранот!:) Лаванда нели, за лаванда се работи!?
Да, да, за лаванда се работи. Колку што знам и кај нас во јужните делови има средоземноморска клима.
Треба да се праша во Алкалоид или другите фармации дали вршат откуп и по која цена.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:26 ---
Не се заебавај, кај нас шо и да се роде најлесно е да се исселе накај Истоко (читај Русија).
Тешко лаванда во Русија да успее, ради климата.
 
L

Luki Junior

Гостин
Да, да, за лаванда се работи. Колку што знам и кај нас во јужните делови има средоземноморска клима.
Треба да се праша во Алкалоид или другите фармации дали вршат откуп и по која цена.
Никој нема да ти даде гаранции оти ќе ти ја земе. Тава е најголемио проблем.

Јас сам го мислил и по друг начин. Ако би имал ладилник/пакувална за храна би направил договори со земјоделците, да и враќам ддв-то на репроматеријалите (ќе ги купувам преку фирмата и со повраток на ДДВ-то ќе им ги враќам парите) за да ги стимулирам да работат за мене, и да гарантирам некаква цена на нештата шо ќе ги произведат.

Целио проблем на таа идеја е шо тава сакам да го праам у Македонија. :(
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:29 ---
Тешко лаванда во Русија да успее, ради климата.
Мислеех да се извезе натам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Таксист колата ти е фирма, дуќан, и вложување само за гориво :icon_lol:.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ставрески е еден од најдобрите економистии кои излегоа од НБРМ не го заборавајте тој факт. Само што му требаше да се заплетка во политика го замразив човекот. Он многу добро ги знае последиците од неговите потписи. Али политика е политика. Да го судриш со неговите трудови, денес нема ни А од трудот, се наопаку направи.

Koга е парата во прашање волкот јагне станува. Има многу интелегентни луѓе во ДПМНЕ кои доколку не би се бавеле политика тешки промени можат да зададат на општеството. Самошто се знае дека политиката ја крои 1 човек и поголемите сили околу него, овие помалите се само пиуни кои виделе, не виделе мора да го слушаат а кога има можност и тие по нешто да си земат. Јбг :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Koга е парата во прашање волкот јагне станува. Има многу интелегентни луѓе во ДПМНЕ кои доколку не би се бавеле политика тешки промени можат да зададат на општеството. Самошто се знае дека политиката ја крои 1 човек и поголемите сили околу него, овие помалите се само пиуни кои виделе, не виделе мора да го слушаат а кога има можност и тие по нешто да си земат. Јбг :)
Такозвани бескичмењаци.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Текстот одеше ‘‘интегрално од Фактор‘‘ не е мое мислење дека се 20 многу или малку.... но едно знам дека ако се годинава 20 до година најверојатно ќе бидат 200... незнам дали се останатите, но знам дека ние сме такви: Лековерни и веројатно алчни! Гледаме во туѓиот двор и во стилот: ако комшијата сади пауловнија и јас ќе садам!....Да не се повторувам, така беше и со останатите не-автохтони растенија или животни: Со чинчилите, со калифорниските црви, со јапонските печурки Шитаке... па и со останатите земјоделски производи (одамна познати) кои се протнуваа тука и на Балканите како ‘‘хит‘‘ ете некој погоре спомна за тоа те за преварата дека некои наши култури биле многу исплатливи ако се одгледуваат во стиропорни саксии.... и навистина, веројатно многу е профитабилно, но продажбата на саксиите и семето!?....и тн и тн.
Во текстот исто се спомнува ми се чини дека пауловнијата како производ се извезува. Оно као била барана многу таму некаде во странство на берзите.... И да е така, се прашувам зошто тогаш ние те производителот би плаќал царини и давачки?... Нели извозот се стимулира а не да се оптоварува со давачки ....или барем треба да се стимулира!?
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:19 ---


Интересно, ама мислам дека климата на средоземието повеќе одговара за ова растение.... или пак така ми звони, дека ја има на Јадранот!:) Лаванда нели, за лаванда се работи!?

Знам дека не е твое мислење не се секирај.

Е ајде најди нзс. Ако лупаат царини и давачки ќе ти речат дека тоа е со цел да се заштити нашето производство за граѓаните да јадат наше македонско. А гледаме како ама баш ништо не јадеме македонско ( освен зелечнукот и овошјето - нешто ситно ).

Јас незнам ниту 1 селанец кој своето производство успеал да го пласира на некој голем пазар па така од својата мака изградил цела индустрија на производи. А се е возможно, кога некоја држава има недостиг на некој производ, си плаќаш транспорт, истражуваш на кој пазар ќе одиш, правиш соодветна амбалажа и бато на крај ти се исплати трудот.

Е сега ако имаш царина од 99% од старт државата ти вика кај се леташ момче. Ама исто така и знам луѓе намерно бркаат врски или пак вработуваат некој свој на царина за да можат некако да ги избегнат давачките што е незаконски. Абе што да ти кажам каша попара е..
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Такозвани бескичмењаци.

И пак се на власт и пак на наредни избори ќе бидат :) Ете така се игра паметно. Барем ќе направат пари дур пропадне државата па после фитиљ и тие. Кој и да фатат од поранешните политичари абе 99% имаат пари на странски сметки. Е не ќе му ја мислат, они викаат предавници се тие што се иселуваат а тие го прават истото :pos:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.532
Поени од реакции
24.331
најди на нет и прочитај за калоричната вредност и за употребата на Пауловнијата како репроматеријал за изработка на пелети или огревно дрво, зашто ептен си упатен во таа материја.....Незнам листовите се користеле за ова она, гранките... ништо не се фрлало!
Ова ми личи како приказните за ноевите што се вртева кога се појавија фарми низ Македонија, велеа: Се користи се од нојот! Месото толку толку било во рестораните во Германија, јајцето толку и толку го откупувале европските ЗОО (скапоцено се од ред)... дури имаше и такви будалаштини кои тврдеа дека и ноктите и трепавиците ноеви се користеле во индустријата, се правеле четки чешли незнам кои се други будалаштини се изнаслушавме!? Така и од ова дрво без чворови и голема калорична вредност, лесно како топола, а цврстина на бука!.... а бе ајде таму, цел работен век меѓу другото со дрво масив го поминав, вакво нешто досега не бев слушнал.... Будалаштини ми се повеќето од работиве што прочитав, оние кои ги наведов и особено за финансиската оправданост! Со вложени 8К.... Скептичен сум, а би сакал да се излажам во проценката, те. некој да ме демантира! Реков, можеби сепак може некако да се егзистира од ова брзорастечко дрво... без оние приказни и математики: 1 хектар 800 дрвца - фиданки, по 6 години секое вискоко толку и толку и маса на дрво еден кубик, Х 800 = 800 кубици помножено со цената на берзите(150Еу/м3) = 120,000.... будалаштини!.... Да кажева: ќе има плата (лепче) за 2-3 ца со хектар дрвја, пеки - вреди да се размисли! Вака....
Што велиш ќе заличат шумите и не само тоа... па и кислород многу повеќе! :P
Да си бидам искрен ми подарија пролетва неколку стебленца ( од семки секако) од ова дрво. Две беа елонгата едното томентоса. За жал сега засега само една елонгата ми преживеа другите морам да нагласам по моја вина се исушија. Било како било колку што имав јас прочитано на нет некои тврдат дека сосем добро горат, некои не така да искрено незнам. Незнам ни за калорична вредност ( ми беше мака да барам). За пелети конкретно ако збораме се што е органско можи да се употребува како материјал па така да не гледам зошто не би можела да се употреби и павлонијата. Ако можи трева или сено , ќе можи и паулонија. За растење ако збораме за од семка досега е порасната едно добро 40 цм, така да незнам дали е тоа многу или малце, уште е во саксија. Напролет ке ја посадам во земја нормално па ке видиме како ке оди со растењето.
Инаку не е ново дрво на овие простори . Томентосата ја има од многу поодамна и е добро приоспособена за оваа клима и претежно се користела како декоративно дрво за дрвореди. За разлика од неа елонгатата претежно се користи за индустриски цели затоа што побрзо расти но е помалце отпорна на мраз( до кај -5 -10). Сега има и хибриди кои се напревени за овие простори да издржуваат пониски температури така да и тоа не е некој проблем ако некој сака да си купи садница.
Сепак најголема мака е пласманот. Што ако е барана да речеме по светот, но кој ке ја купи тука и зошто би му била.
Во секој случај и да неможе да ја продаде, сепак може да ја употреби за греење. Ваква таква ке гори, дрво е.
Некој ако си има некоја запуштена парцела и ако земиме дека дава 1 кубик за 8 години( ајде десет ке речиме) доволно е пример да си посади 10 реда со 10 стебленца во ред и за по десет години да си има колку толку стабилен извор на огревно дрво. Секако под услов парцелата да немал намера да ја користи за ништо попаметно, едноставно се нашла од баба и дедо во некоја вукојебина и седи празна без врска. И нормално во овој случај воопшто не му треба да биди стеблото од институт платено ѓаол и пол, можи и од семки.
На крај на крајовите како дрво колку што можев да видам на сликите е многу лично па и една садница за во двор не е лоша инвестиција. Па без многу пари ке се види дали издржува на овие простори, дали толку брзо расти и дали е добра за било што. Дека дворот ке му заличи е бонус;)
П.с Пред неколку години прочитав дека оваа менаџерката на Тоше се откажала од менаџирањето и почнала да се занимава со производство на лаванда. Имаше и слики од парцелите. Ама да не го заборавиме фактот дека таа е менаџерка и дека тоа и е во крвта да најди пласман. Сега не сум информиран до кај е со таа работа и колку е исплатливо.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес на Скопскиот саем - Технома едни Бугари продаваа садници за Пауловнија за 300 денари за садница
Имаат и интернет адреса
http://paulownia.bg/
Ми збореа дека тоа дрво наводно имало многу голема употреба, ама јас слабо се разбирам во ботаника. Ако некој повеќе разбира нека објасни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom