Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ne odat da ti pomognat vo biznisot so 2000-3000 eura ..Kaznuvaa selektivno barem vo Kumanovo kade jas kupuvam kifli ducan 70 kvadrati nikogas ne mi izdal fiskalna go promasile e kako toa ??? ama on e obespraven uvezen iz Kosova
Секаде е селективно. Во Велес кафаната на сопругот на инспекторката не е допрен 20 години. Не фискална што нема, туку и бесправно се прошири. Сите на истата улица се затворени, кафаната не е чепната. Тоа е тоа казнување.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
УЈП затвори 24 автоперални и угостителски објекти во Скопје


Инспекторите на Управата за јавни приходи, вчера, во рамки на масовната акција за проверка на фискализацијата во земјава, затвориле се 24 објекти во Скопје, информира МИА.
Контролирани биле деловни објекти околу Т.Ц. „Беверли Хилс“ и во Дебар Маало. Во најголем дел се затворени перални за автомобили и угостителски објекти.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Нека не ве лажат дека можело со три илјади евра да се започне бизнис и да се успее.Тоа може да ви успее во некоја од западните земји и тоа ако се има некоја добра идеја.Тука и да имаш добра идеја сето тоа ти е џабе кога „земјата не е плодна и не раѓа плодови“.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Нека не ве лажат дека можело со три илјади евра да се започне бизнис и да се успее.Тоа може да ви успее во некоја од западните земји и тоа ако се има некоја добра идеја.Тука и да имаш добра идеја сето тоа ти е џабе кога „земјата не е плодна и не раѓа плодови“.
Абе тој Запад... Остана ли некој уште во оваа вукојебина?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Нека не ве лажат дека можело со три илјади евра да се започне бизнис и да се успее.Тоа може да ви успее во некоја од западните земји и тоа ако се има некоја добра идеја.Тука и да имаш добра идеја сето тоа ти е џабе кога „земјата не е плодна и не раѓа плодови“.
Абе тој Запад... Остана ли некој уште во оваа вукојебина?
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Ајде осмели се :P

УЈП затвори уште 29 објекти

Вкупно 29 објекти затвори УЈП во последната акција поради како што соопштија, „профитирање“ на сметка на данокот кој го плаќале граѓаните. Во Штип се затворени 21 објект, а осум во Гостивар.

Од УЈП соопштуваат дека од затворените објекти две биле трговци- поединци кои вршеле дејност од мал обем, за кои е предвидена казна од 750 евра.

За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра.

Од УЈП потенцираат, граѓаните задолжително да побараат фискална сметка со цел да се осигураат дека данокот, кој тие го плаќаат како потрошувачи, нема да заврши во нечии “приватни џебови“.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=7&vest=8193
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 00:29 ---
Абе тој Запад... Остана ли некој уште во оваа вукојебина?
Останаа старци и жени :)
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Значи аман , пак ли проблеми со овие Бизнисиве од 2.000-3.000 евра...:facepalm:

Никако,ама никако да се " oпаметите " :tapp:

 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Останаа старци и жени :)
Ништо трудничко и пензија ќе ви ја расплаче мајката да не се иселенициве и девизни дознаки корења ќе се јадат во Папокот на Светот и Ацевата родина.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не е бизнис за 2-3000 Евра (дотичниов вели 8,000 Евра), ама еве тука ќе го објавам овој напис од ‘‘Фактор‘‘....http://faktor.mk/archives/64667?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=makedonski-biznis-na-idninata-zasadi-drvo-paulovnija-i-chekaj-profit
Македонски бизнис на иднината: Засади дрво Пауловнија и чекај профит!

10/08/2013 // Пред 2 месеци // АГРОБИЗНИС // 1 Коментар

Расте интересот на кај македонските земјоделци за производството на кинеското дрво Пауловнија (Paulownia). За разлика од лани, годинава се очекува поголем интерес. Во трката за профит, некои од земјоделците го напуштија традицоналното земјоделско производство и се преориентираа кон прозиводство на ова брзорастечко дрво. Лани околу 20 –тина земјоделци ја посадија пауловнијата на местото пластениците, поточно продадени се 8.000 садници. Фактот што за одгледувањето на ова дрво нема големи трошоци а светските пазари е меѓу најбараните дрва за производство на мебел, е доволна причина за зголемување на површините засадени со ова дрво.

Пауловнијата се сади од крајот на октомври до почетокот на април. Првите садници во земјава беа засадени минатата година. Данаил Паланков од струмичкото село Муртино е првиот земјоделец кој иако беше еден од поголемите раноградинарски производители, одлучи да го напушти ова производство и на 10 хектари да подигне насад со пауловнија. Во моментов има 9.000 садници, а до есебн планира да ги зголеми на 13.000 садници.
-Во 2008 година цената на домат произведен во услови со загревање на 15 мај беше 30 денари за килограм. Состојбите во раноградинарското производство одеа само на лошо. Роа ме доведе на работ на пропаста и веднаш мораше да барам друг начин на егзистенција. Идејата која ја разработував беше производство на цреши во пластеници бидејки јас ги имав пластениците но одејќи по иституите како предлог ми го дадоа дрвото пауловнија. Но јас не му дадов значење веднаш туку после неколку месеци. За црешите се распрашував и во соседна Грција, и таму го видов дрвото како расте се распрашав за производството профитабилноста, и така се роди идејата да почнам со овој бизнис и јас. Првите садници ги набавив од Грција, раскажува Данаил Паланков.

Сега Паланков има репроцентар за садници за пауловнијата и вели дека секојдневно доаѓаат луѓе кои се интересираат за одгледување на ова дрво.
-Сега садниците ги увезувам од лабораторија од Бугарија и ги догледувам кај мене па ги продавам како едногодишни садници на есен и рана пролет. За сите што се заинтересирани за семе не се занимавам со тоа, бидејки не сакам да ги лажам луѓето дека од семе ќе израсне добро дрво, ќе чекаат 5-6 години и на крај наместо техничко дрво ке ги сечат како огревно дрво за половина цена, објаснува Паланков.
Инвестицијата е околу 8.000 евра, се враќа со првата берба

Вложените средства се враќаат со првата берба односно по три години од засадувањето на садникот, што прави ова производство исплатлив семеен агробизнис. Пауловнијата расте еден метар за еден месец, за 7-8 години прави еден кубик дрвна маса, што ја прави конкурентна на другите дрва. Поради способноста за исклучително брзо време да го развие кореновиот систем, погодна е за засадување на ерозивни терени.
- Трошоците за одгледување не се големи. После секое сечење на стеблото кое се врши најчесто во седмата или во осмата година, самото се регенерира. Карактеристично е што стеблото се сече во било кое годишно време, односно не е врзано со сезони и куси рокови за собирање, како што е случај кај другите видови. Влогот е околу 2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и сте во добивка од околу стотина илјади евра. Како се добива таа бројка, па 800 дрва во хектар по 150 евра е околу 120.000 евра, и да има нешто потфрлено, заработка е тука некаде, вели Паланков
Од секој дел од пауловнијата се заработува
Секој дел од пауловнијата може да се искористи за продажба. Дрвото нема чворови и затоа е идеално за производство на мебел.

-Брзорастечкото дрво пауловнија е најверојатно дрво на иднината кое се употребува буквално секаде, во бродоградбата за уредување на кабините, изработка на бродови и јахти, чамци како и даски за сурфање, во авиоиндрустијата за сите дрвени делови во внатрешноста бидејќи е многу лесно, потоа за производство на музички инструменти, хот и хот куќи,прозорци, врати, мебел како и за огрев бидејќи ослободува голема енергетска моќ. Ќе кажам еден податок, дека најголем корисник на ова дрво е светската фирма ИКЕА, која го користи за производство на мебелот, вели Паланков
Цената на дрвото за дрвната индустрија на светските берзи се движи од 300 долари па нагоре за метар кубен во зависност од квалитетот и намената.
Гранките од дрвото при сечењето се мелат и така се добиваат брикети.

Големите листови со дијаметар од 75 сантиметрипримаат околу 22 килограми јаглероден диоксид и ослободуваат 6 килограми кислород, така што имаат моќ да прочистуваат илјадници кубни метри воздух. Исто така тие се многу хранливи и се користат во исхраната на домашните животни. Во некои земји лисјата се користат и во фармацевтската индустрија. Цветовите, чајот и сирупите добиени од нив, се користат за лекување на болести на црниот дроб, жолчката, крвниот притисок и бронхит.
Данаил Паланков е оптимист дека во овој агробизнис ќе биде успешен. До првата берба очекува да ги добие сите дозволи и сертификати за да може производот да го пласира на светските берзи и на странски фирми. Со количините кои очекува да ги произведе, може да конкурира на светските берзи, но планира продажба и на домашниот пазар.........



Мене од вакви текстови цревата ми се превртуваат во стомакот. Со 8К за 6-7 години 120К.... математика у ПМ. Ни у кладилница ниту пак на рулет неможеш да добие ш толку со 8000 влог, нити пак да садиш од ‘‘расадот на Кили‘‘.... Преку глава ми е од не-автохтони растенија животни: Ноеви, калифорниски црви, пастрмки, аронија ацерола, Шитаке печурка од Јапонија била чудо во медицината, скапоцена! А ене ја во маркетите поевтина е од буковка денес!, чинчила од Мексико била тражена многу и ценета 150 Евра единка (а ги продаваа 3-4,000 Евра семејство (1мажјак+6женки)!.... сега пак некое кинеско бргурастечко дрво!?
Дека е толку профитабилна ‘мало морген‘‘ но Сепак оставам простор.... можеби е рентабилна и можеби може едно семејство да речеме пристојно да заработи (живее)? Па некој можеби и ќе ја преиспита оваа работа некој можеби и ќе инвестира!? Но никој нека не се будали за големи заработки и за скапоцена цена на Пауловнијата која бтв се откупува на берзанска продажба (значи не зависи од локални не-плаќачи) но сепак будалаштина е цена од 300$, кога од 350$ се нуди http://www.alibaba.com/product-gs/569166217/paulownia_wood_price.html?s=p како обработена масивна плоча.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Е ако де барем ќе заличат шумите и нивите;)
најди на нет и прочитај за калоричната вредност и за употребата на Пауловнијата како репроматеријал за изработка на пелети или огревно дрво, зашто ептен си упатен во таа материја.....Незнам листовите се користеле за ова она, гранките... ништо не се фрлало!
Ова ми личи како приказните за ноевите што се вртева кога се појавија фарми низ Македонија, велеа: Се користи се од нојот! Месото толку толку било во рестораните во Германија, јајцето толку и толку го откупувале европските ЗОО (скапоцено се од ред)... дури имаше и такви будалаштини кои тврдеа дека и ноктите и трепавиците ноеви се користеле во индустријата, се правеле четки чешли незнам кои се други будалаштини се изнаслушавме!? Така и од ова дрво без чворови и голема калорична вредност, лесно како топола, а цврстина на бука!.... а бе ајде таму, цел работен век меѓу другото со дрво масив го поминав, вакво нешто досега не бев слушнал.... Будалаштини ми се повеќето од работиве што прочитав, оние кои ги наведов и особено за финансиската оправданост! Со вложени 8К.... Скептичен сум, а би сакал да се излажам во проценката, те. некој да ме демантира! Реков, можеби сепак може некако да се егзистира од ова брзорастечко дрво... без оние приказни и математики: 1 хектар 800 дрвца - фиданки, по 6 години секое вискоко толку и толку и маса на дрво еден кубик, Х 800 = 800 кубици помножено со цената на берзите(150Еу/м3) = 120,000.... будалаштини!.... Да кажева: ќе има плата (лепче) за 2-3 ца со хектар дрвја, пеки - вреди да се размисли! Вака....
Што велиш ќе заличат шумите и не само тоа... па и кислород многу повеќе! :P
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Ова ми личи како приказните за ноевите што се вртева кога се појавија фарми низ Македонија, велеа: Се користи се од нојот! Месото толку било во рестораните во Германија, јајцето толку го откупувале европските ЗОО... дури имаше и такви будалаштини кои тврдеа дека и ноктите и трепавиците ноеви се користеле во индустријата, се правеле четки чешли незнам кои се други будалаштини се изнаслушавме!? Така и од ова дрво без чворови и голема калорична вредност, лесно како топола, а цврстина на бука!
Секоја година има некој ваков „направи 100% профит за една година“ бизнис.
Памтам одамна ги имаше чинчилите (за крзно), па ноевите, па јагодите во пластеници (стариот мој се фати на оваа превара), па сега Пауловнија.
Којзнае догодина што ќе измислат.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.820
Поени од реакции
6.295
Да, релативно често се “ бизниси“ каде за брзо време и малку труд се заработува пари.
Што е најинтересно не е секогаш превара, едноставно не се склопени сите коцки во приказната.
Беа чинчилите, да, за кои бев доста загреан, па едно време беа ( барем кај мене ) ноевите, па после полжавите итн..
Само добра анализа и барање искуства. Јас истражуваав доста и по форуми, барем во соседството, Србија, Хрватска ( пошто кај нас беа нови работи )
И така ќе дознаеш дека едно јајце од ној пример во Европа кошта 50 евра, што тебе не ти значи многу пошто немаш ти каде го продадеш тука. Или кгр месо од ној , ако не грешам 25 евра, ама во Мк не можеш да го продадеш толку, а за извоз едноставно дознаваш дека немаш регистрирана кланица.
Слишно беше и со другите работи.

Така да, окулу Пауловнијата, би требало да се анализа каде може да се продаде реално, понатаму како би се аклиматизирало дрвово во наши климатски услови....
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За разлика од лани, годинава се очекува поголем интерес. Во трката за профит, некои од земјоделците го напуштија традицоналното земјоделско производство и се преориентираа кон прозиводство на ова брзорастечко дрво. Лани околу 20 –тина земјоделци
Многу да не се 20 души, замисли 50 души да посадиле веста ќе отидеше во инвестициски БУМ :D

Кој сака да работи земјоделие може да заработи. Ама во 21 век тешко дека некој ќе се врати на село. За продавање на македонскиот пазар да, нема можност за големи пари.

Но со доволна стратегија и пласман на правиот пазар доколку се фрли инвестиција за извоз човек може многу големи пари да сврти. Сега тука не кочат нас многу и царините и давачките незнам некој ако има искуство со ова нека каже. Ако таксите се до плафон тогаш се знае дека само големците си играат со овие работи.

Знам за житото така прават. Нашето се продава во Србија што им руши цена, а ние јадеме од српското. Каква игра е ова врска немам, истата работа се врти и со млекото.. :tapp:
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 02:22 ---
Значи аман , пак ли проблеми со овие Бизнисиве од 2.000-3.000 евра...:facepalm:

Никако,ама никако да се " oпаметите " :tapp:


Богами овој има зошто да се смее.. Којзнае што се нема направено за неговиот мандат. Ситна риба дучанчина кога ќе му спомне некој за економија и правење пари.

Да ти каже чичо ставре како се движи економијата кога се гради споменик, цела индустрија е во раст :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Богами овој има зошто да се смее.. Којзнае што се нема направено за неговиот мандат. Ситна риба дучанчина кога ќе му спомне некој за економија и правење пари.

Да ти каже чичо ставре како се движи економијата кога се гради споменик, цела индустрија е во раст :D
Ставрески е еден од најдобрите економистии кои излегоа од НБРМ не го заборавајте тој факт. Само што му требаше да се заплетка во политика го замразив човекот. Он многу добро ги знае последиците од неговите потписи. Али политика е политика. Да го судриш со неговите трудови, денес нема ни А од трудот, се наопаку направи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom