најди на нет и прочитај за калоричната вредност и за употребата на Пауловнијата како репроматеријал за изработка на пелети или огревно дрво, зашто ептен си упатен во таа материја.....Незнам листовите се користеле за ова она, гранките... ништо не се фрлало!
Ова ми личи како приказните за ноевите што се вртева кога се појавија фарми низ Македонија, велеа: Се користи се од нојот! Месото толку толку било во рестораните во Германија, јајцето толку и толку го откупувале европските ЗОО (скапоцено се од ред)... дури имаше и такви будалаштини кои тврдеа дека и ноктите и трепавиците ноеви се користеле во индустријата, се правеле четки чешли незнам кои се други будалаштини се изнаслушавме!? Така и од ова дрво без чворови и голема калорична вредност, лесно како топола, а цврстина на бука!.... а бе ајде таму, цел работен век меѓу другото со дрво масив го поминав, вакво нешто досега не бев слушнал.... Будалаштини ми се повеќето од работиве што прочитав, оние кои ги наведов и особено за финансиската оправданост! Со вложени 8К.... Скептичен сум, а би сакал да се излажам во проценката, те. некој да ме демантира! Реков, можеби сепак може некако да се егзистира од ова брзорастечко дрво... без оние приказни и математики: 1 хектар 800 дрвца - фиданки, по 6 години секое вискоко толку и толку и маса на дрво еден кубик, Х 800 = 800 кубици помножено со цената на берзите(150Еу/м3) = 120,000.... будалаштини!.... Да кажева: ќе има плата (лепче) за 2-3 ца со хектар дрвја, пеки - вреди да се размисли! Вака....
Што велиш ќе заличат шумите и не само тоа... па и кислород многу повеќе!