Се сеќавам на епизодата за Јети и Бигфут во „Мистериозниот свет на Артур Кларк“. На крај коментарот на Кларк беше дека ако му дадат 100 долари за да се обложи дали овие суштества постојат, 40 би ставил на Јети, 10 на Бигфут, а другите 50 би си задржал за себе.
"Мистерије света" (на српски), ja имав гледано серијата два пати на тв и одма кога искочи книгата ја купив (станува збор за рани 80-ти).
Него целиот материјал му го правеа двајцата продуценти, а он само коментари даваше. Исто кажа нешто слично за чудовиштата од водите, као 10 на Лох Нес, Оканаган и другите езера, а 40 на океаните. Исто кажа и за летачките чинии - не би поминал ни улица за да ја видам - во контекст на многубројните извештаи за видувања, од тоа време.
Гледиштата на Кларк се субјективни, иако сака да биде објективен. Да, тоа го рекол за Бигфут, но верувам дека тој ги немал сите информации.
И јас така мислев за Бигфут, но кога сфатив колкава површина се националните паркови во САД и Канада, од кога постојат и кои се човековите активности на тие теротории... скроз ми е отфрлена причината - демек САД е тоа, населено густо и технолошки развиено, до сега ќе го фателе.
I discuss why the 1967 Patterson Gimlin Bigfoot is real and not a hoax, with several analytical videos.
pattersongimlinbigfoot.yolasite.com
Тука има комплетна анализа на најпознатата снимка од бигфут,
68-ма e снимен
71-ва се снимени таканаречените Звуци од Сиера (Sierra Sounds).
Додека не дојдоа новиве технолошки напреди времиња (компјутери енд шит), не им се обрнуваше толку многу внимание на овие две сведоштва. Но, во поново време овие документирани записи, доживеаја препород, од аспектот на кој се гледа на нив. Новата технологија и знаења се повеќе ни потврдуваат дека овие две снимки, иако снимени многу одамна, се, ако не автентични средби со бигфут, тогаш дефинитиво записи кои е невозможно да се произведат (во тоа време). Сите стручњаци за звук, денес, кои ги слушнаа Sierra Sounds, потврдија дека човек не може ти звуци да ги произведе, а стручњаци за јазици, најдоа свои патерни во "говорот" на снимките.
Повеќе има да се збори за Патерсон-Гимли филмот, но тоа го има во линкот.
Скратено - Бигфут е тоа.
Патерсон-Гимли и Sierra Sounds се најдобри индиции кои ги имаме.
Сум ги разгледал повеќе пати сите снимки (на звуци, слики и подвижни слики) кои постојат. Секако, има еден тон булшит, но има некои, за кои може да се каже дека се тоа за што се претставуваат.
Ако сакате посериозно предавање за ова, тука:
до сега, најдобро нешто околу темава