Бигфут, Алмас, Јети...(алката која недостасува)?

  • Креатор на темата Креатор на темата sasquatch
  • Време на започнување Време на започнување
Кој се тие десет научници и колку се релевантни, работат за владата, за пари или за слава?
Доколку постоеше такво суштество, досега ке имаше барем едно фатено од локални ловџии, кај нас во тиквешко езеро локални рибари извлекоа сом од околу 800 кила, потоа дојдоа нуркачи и утврдија дека на дното на езерото има многу големи дури и неподвижни сомови, сакам да кажам дека не мора да одат специјалци или научници за да фатат или да утврдат дали постои такво суштество..
Ведеата денес неможе да се земат како релевантен доказ, овде верувам дека се согласуваме, други докази не ни постојат, освен оние смешни траги кои исто така неможат да се земат како релевантни докази, властите во САД воопшто не се замараат со такви бесмислени работи, ним им оди во прилог обичните граѓани да се замараат со тие глупости додека се креира поредокот, бесплатно одвлекување на внимание.
Единствени суштества кои не се истражени се наоѓаат во длабочините на океаните, за кој порано се мислеше дека не постои жив свет заради вечниот мрак и ниските температури, но со напредокот на технологијата со мини подморници открија дека таму има суштества кои виреат на такви услови, ретки но сепак има. А за да опстои една животински вид на бигфуд големо влакнесто суштество во американските шуми, а за тоа до сега да не се знае или да се верува дека е мистерија затоа што никој неможе да фати или убие такво суштество, а сепак може да направи снимки или да поставува камери, или да го слика со камера во раце одалечен на само неколку метри е смешно..
Еве да ги оставиме научниците настрана оние кои се „обиделе “ да откријат нешто....зошто ниту еден локален жител не фатил или не убил такво суштество?? тоа ке му донесе светска слава од историски размери, нека тргнат во лов група на побогати луге опремени со најтвижн снајпери и друга скапа опрема и нека фатат :toe:
„Мистеријата“ за овие суштества е еднаква со „мистеријата“ за вампири баба роги и дедо мраз :)

Не сваќаш што сакам да кажам.Владата на САД се интересира за нив исто колку и за Сардините.Не се замара за ниедно животно а не па за нешто што не е ни докажано дека постои.Не велам јас дека постојат или непостојат туку сакав да кажам - зошто сите истражувачки екипи НАМЕРНО оставаат неразјаснето.И „Мистеријата“ за овие суштества е еднаква со „мистеријата“ за вонземјани,за нив има истражувања.Никој не истражува дали постои баба рога:)
 
- зошто сите истражувачки екипи НАМЕРНО оставаат неразјаснето.И „Мистеријата“ за овие суштества е еднаква со „мистеријата“ за вонземјани,за нив има истражувања.Никој не истражува дали постои баба рога:)

Затоа што „истражуваат“ оние 0,01% искомплексирани научници кои сакат слава и популарност :) сите други 99.9 ја отфрлаат можноста дека постои тоа суштество :)

И не е еднаква мистеријата со мистеријата дали постојат вонземјани, бигфут сигурно не постои, а за вонземјани сеуште не се знае но веројатноста е огромна земајки во предвит големината на универзумот, туку ај да не го тупиме :) се изнамачив на темава за едно бигфут:pos: а шотуку седнав да јадам...:):smir:
 
spored amerikanskite naucnici postojat samo trojca lugje vo SADso ovaa telesna konstitucija,odnosno sansite se 1 prema 100 milioni ova da e covek
 
Абе Геџо, за огормен дел од нив веќе има посебни теми.
 
Па еве шанса да се дискутира за сите "чудовишта" на едно место :) , можеби има некои а не се наброени .... или бриши ја шо знам :)
 
Не го изгледав целото видео... Дали го има Чудовиштето од езерото Лок Нес!? Незнам зошто, ама нешто ме тера да верувам дека постои :D
 
Мене ме занима која е Алма.
 
Мене ме занима која е Алма.
Алмас се вика, инаку тоа е азиска, поточно монголска верзија на бигфут и јети, само повеќе клони кон човечката раса - да го парафразирам чичко Амди Бајрам :)
 
Мене ме занима која е Алма.

Суштество кое се верува дека живее во централна Азија и Монголија. Многу наликува на човек, но има и примеси од мајмун. Името буквално на Монголски му значи див човек. Последен пат бил виден во 1992. Исто така, било пријавено како виден во 1972 и 1985. :)

И не, Алма му е името, Алмас е како множина.
 
Научниците ја решија мистеријата за Јети?
Тајната за Јети би можела да биде конечно решена благодарение на најновите ДНК докази. Анализите на влакната, за кои се верува дека потикнуваат од Јети, митското хуманоидно суштество кое лута низ планините, покажаа дека неговата ДНК се поклопува во целост со ДНК од древните поларни мечки.

Problem solved? Or...money needed. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom