Кој се тие десет научници и колку се релевантни, работат за владата, за пари или за слава?
Доколку постоеше такво суштество, досега ке имаше барем едно фатено од локални ловџии, кај нас во тиквешко езеро локални рибари извлекоа сом од околу 800 кила, потоа дојдоа нуркачи и утврдија дека на дното на езерото има многу големи дури и неподвижни сомови, сакам да кажам дека не мора да одат специјалци или научници за да фатат или да утврдат дали постои такво суштество..
Ведеата денес неможе да се земат како релевантен доказ, овде верувам дека се согласуваме, други докази не ни постојат, освен оние смешни траги кои исто така неможат да се земат како релевантни докази, властите во САД воопшто не се замараат со такви бесмислени работи, ним им оди во прилог обичните граѓани да се замараат со тие глупости додека се креира поредокот, бесплатно одвлекување на внимание.
Единствени суштества кои не се истражени се наоѓаат во длабочините на океаните, за кој порано се мислеше дека не постои жив свет заради вечниот мрак и ниските температури, но со напредокот на технологијата со мини подморници открија дека таму има суштества кои виреат на такви услови, ретки но сепак има. А за да опстои една животински вид на бигфуд големо влакнесто суштество во американските шуми, а за тоа до сега да не се знае или да се верува дека е мистерија затоа што никој неможе да фати или убие такво суштество, а сепак може да направи снимки или да поставува камери, или да го слика со камера во раце одалечен на само неколку метри е смешно..
Еве да ги оставиме научниците настрана оние кои се „обиделе “ да откријат нешто....зошто ниту еден локален жител не фатил или не убил такво суштество?? тоа ке му донесе светска слава од историски размери, нека тргнат во лов група на побогати луге опремени со најтвижн снајпери и друга скапа опрема и нека фатат
„Мистеријата“ за овие суштества е еднаква со „мистеријата“ за вампири баба роги и дедо мраз