Библија v.s. Куран

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
77 к*ра :pos2::pos2::pos2:

барем ќе се наситите тму , ако тука сте немале среќа:pos2:
да да.. дури тогаш ќе ги сфатам муслиманките...
мусаб? омер како беше? исламски центар?
има некој да ми каже дали тоа со девицити се однесува само на муслиманите или и на муслиманките?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Види другар, јас немам намера овде да се препукаваме ,ти мислиш дека нешто знаш ама верувај ми не е така како ти сервисирале. Во првите реченици има за дебата три работи (Мухаммед с.а.в дал оружје и одите во војна -што значи ги вагаш речениците од контекс и испага ти како што велиш а не ја знаеш очигледно историјата и што како се десило. Девици нема да има само за тие што ке умрат во војна него и за сите муслимани .Ни еден муслиман ,или тие што стануваат муслимани не станале муслимани за девиците па чак ни за рајот , нај битно е за еден муслиман е да го добие Аллаховиот наклоност. тоа ти е една споредна работа која Аллах дз.ш ке ги награди верниците


Мухаммед с.а.в ‘‘Најдраг џихад за Аллах д.ш е :Да се кажува вистината пред неправедниот владар’’
Ти не ме сваќаш човеку . Џихад е ВОЈНА , не е преговор туку ВОЈНА . Со оружје одземање на правото за слободна вера и сервирање на сопствената !! Историјата што вика ? Историјата вика дека после создавање на муслиманството Мухамед проповедал дека треба да ја шират својата религија со војна и дека кој ќе умре во војна директно иде во рајот .
Ако џихадот е преговор како што викаш ти , зашто ондак пишува „Ако умре за време на џихад му се простуваат сите гревови и иде директно во рајот “
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Ти не ме сваќаш човеку . Џихад е ВОЈНА , не е преговор туку ВОЈНА . Со оружје одземање на правото за слободна вера и сервирање на сопствената !! Историјата што вика ? Историјата вика дека после создавање на муслиманството Мухамед проповедал дека треба да ја шират својата религија со војна и дека кој ќе умре во војна директно иде во рајот .
Ако џихадот е преговор како што викаш ти , зашто ондак пишува „Ако умре за време на џихад му се простуваат сите гревови и иде директно во рајот “

Не, ти воопшто ништо не разбираш за џихадот.Ај можеби друг пат,ако имаш навистина воља за да разбереш ќе ти објаснам детално за џихадот.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Ајде објасни .. Ме интересира што е тоа „свето“ во војната...
Да одземам туѓи животи доколку не се покорат на „семоќниот Алах“???

Книгата „The Meaning of Qur`an“
Сура 25 , Строфа 52 : “Do not yield to the unbelievers, but fight them vigorously with this. It was, therefore, the duty of all Muslims to fight against those who did not believe in Allah and took offensive action against Muslims
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Мухамед....какви ли „чуда“ правел.....рекол ќе ја премести планината,али зошто таа не тргнала накај него,кога он ја повикал,решил он да тргне накај неа!и опппп....ете ти чудо!!!!ццццццццц,што ли нема да чујам???свашта.....
Чудо е што некои тука само губат време за да докажат дека нешто од животот разбрале. Вакви луѓе честопати посакуваат да коментираат случки или личности за кои незнаат ама баш ништо. Поради тоа што е многу доцна, поради темава која бара размислување а не ццкање ти порачам само едно:

планината си ти, затоа што си тврдоглав а единствен доктор кој успешно ја лекува тврдоглавоста е оној кој нема да чека тврдоглавиот да отиде сам да си го бара лекот, туку ќе отиде до „планината“ за да и покаже дека греши.

Ќе те замолам доколку сакаш да презентираш нешто истото да го напишеш во целост и да не парафразираш. Реченицата која носи широко значење и која ја кажал човек кого треба да го респектираш, воопшто не се вклопува во твоите обиди да покажеш дека пророкот не правел чуда. Тој направил едно но вредно чудо во име на својот господар, ги пренесол зборовите на бога во книгата, која е устав за муслиманите. прочитај и ќе разбереш зошто не ни требаат други чуда за да веруваме во господ.

се читаме повеќе од утре...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.986
Библијата не е извадок туку е пишан збор Бозји. Во почетокот имало свето предание, но подоцна Бог преку свои избраници му го пренел на народот напишано светото предание.

Mилсиш , или тврдиш , зашто во неа ако си запознаен со културите на источните цивилизации и со античката филозофија ( а очигледно не си ) , ке сретнеш многу работи кои биле застапени во истите , или , зашто само 4 евангелија се користени а се најдени многу повеќе , ја би рекол дека е плагијат , класичен пример ти е реинкарнацијата , ти текнува дека Библијата на почетокот и била криена од народот , свесен си зашто голем број на книги и дела од другите култури биле палени и никогаш не дошле до народот ? !
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Mилсиш , или тврдиш , зашто во неа ако си запознаен со културите на источните цивилизации и со античката филозофија ( а очигледно не си ) , ке сретнеш многу работи кои биле застапени во истите , или , зашто само 4 евангелија се користени а се најдени многу повеќе , ја би рекол дека е плагијат , класичен пример ти е реинкарнацијата , ти текнува дека Библијата на почетокот и била криена од народот , свесен си зашто голем број на книги и дела од другите култури биле палени и никогаш не дошле до народот ? !
Тоа што одредени источноазиски но и грчки антички философи изразуваат мислења кои се речиси идентички со евангелските, покажува само една работа: дека ликот Божји во човекот, колку и да е заматен и колку и да е извалкан,сепак не е и целосно избришан па така тие поединци, философи (мудрољупци) имаат доволен глас на совоеста која им укажува на насушно потребната етичност во човековото однесување. Но, филсофите се само философи, обични смртници, чие учење никого не го одвело во Рајот. Да беше философијата доволна за да го поправи човековиот пад и начин на живеење, Христос немаше ни да дојде. Едноставно, целиот човеков род би се раководел по философските етички принципи на живеење.

Тоа што Новиот Завет има 4 евангелија, тоа само значи дека тие евангелија се автентични и соборно/црковно прифатени како веродостојни за да бидат дел од Новиот Завет. А тоа што се пронајдени и други наводни евангелија, тоа не е дел од Новиот зЗвет. Апосотлот Јован, меѓу другото, ја има улогата да ја провери комплетноста од Новиот Завет. Штом тој Апостол не додал ништо повеќе во Новиот Завет. т.е. штом Новиот Завет завршува со Откровението Јованово, тогаш и Новиот Завет е завршена целина.
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
441
Поени од реакции
20
Чудо е што некои тука само губат време за да докажат дека нешто од животот разбрале. Вакви луѓе честопати посакуваат да коментираат случки или личности за кои незнаат ама баш ништо. Поради тоа што е многу доцна, поради темава која бара размислување а не ццкање ти порачам само едно:

планината си ти, затоа што си тврдоглав а единствен доктор кој успешно ја лекува тврдоглавоста е оној кој нема да чека тврдоглавиот да отиде сам да си го бара лекот, туку ќе отиде до „планината“ за да и покаже дека греши.

Ќе те замолам доколку сакаш да презентираш нешто истото да го напишеш во целост и да не парафразираш. Реченицата која носи широко значење и која ја кажал човек кого треба да го респектираш, воопшто не се вклопува во твоите обиди да покажеш дека пророкот не правел чуда. Тој направил едно но вредно чудо во име на својот господар, ги пренесол зборовите на бога во книгата, која е устав за муслиманите. прочитај и ќе разбереш зошто не ни требаат други чуда за да веруваме во господ.

се читаме повеќе од утре...
И,да,докторот ќе ме бара мене,за нешто да ми докажува или отвори очи?:vozbud:.....Ако јас сметам дека имам потреба од доктор,ке тргнам накај него,а нема сигурно он да ме бара мене!(значи сега говориме со метафора).....А докторот тргнал да „лечи“ некој,за кој тој мислел дека е болен.Кога тој би бил болен,сигурно не би седел туку-така,бегајќи(тоест,не ни приметувајќи)го докторот,кој дошол да го лекува....
Точно дека не ни требаат чуда,самото постоење е чудо,од кое не се бега.Но јас да изучувам книга која воопшто не го исповеда Она во Кое верувам,немам ни најмала намера!Ако за муслианите е Устав Куранот,за православните е Устав Библијата...така да не ни можеме да пронајдеме заеднички јазик,не сме од Исто......(не исповедаме Едно Исто).
Не ми е намерата некого да омаловажам,но тоа е тоа......Една е Вистината,неможам да се правам наудрен дека е се во ред по ова прашање,кога не е.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Ајде објасни .. Ме интересира што е тоа „свето“ во војната...
Да одземам туѓи животи доколку не се покорат на „семоќниот Алах“???

Книгата „The Meaning of Qur`an“
Сура 25 , Строфа 52 : “Do not yield to the unbelievers, but fight them vigorously with this. It was, therefore, the duty of all Muslims to fight against those who did not believe in Allah and took offensive action against Muslims
Еве ти читај,ќе има уште на оваа тема. ( ако модераторот мисли дека сум оф топик,нека го премести постот на соодветна тема )

Во ерата на декаденца дошло до разни деформации, изопачувања, погрешен третман и интерпретација на голем број на исламски прописи и поими. За тоа вина има и надворешниот но и внатрешниот фактор. Во овој говор ќе се осврнеме на поимот "Џихад", кој надворешниот непријател особено му дал внимание и значење но и погрешна смисла. Ние овде нема да расправаме за историскиот тек и начинот до кој е дојдено до такво поимање, туку едноставно ќе се осврнеме на поимот "Џихад" во негова јазична и терминолошка смисла во светлината на исламската концепција произлезена од исламските извори, к*р'ан - Божјата реч и Суннет - Традицијата на ллаховиот Пратеник, Мухаммед с.а.в.с.
Поимот џихад во арапски јазик значи вложување на труд и напор во сите акции и активности во борба за одржување на напредокот и благосостојбата, како за поединецот така и за заедницата. Глаголот "џахеде" значи да се трудиш, оспособиш, припремиш за се што е позитвно. Во оспособувањето за извршувањето на животната мисија, која исламот ја одредува и пропишува за човекот не е доволна само стручна припрема.

Тука е важна духовната, морално-етичката страна на човекот. Потребно е изградба на човек, да се создаде позитивна, хумана и креативна личност. Секако, дека оваа е заедничка поента на сите религии, што автоматски сите поседуваат еден вид на "џихад" но не оној кој е врежан во нашите глави од дефиницијата на медиумите. Да не должам многу, ќе ви ги споменам категориите на џихад во ислам, иако цврсто сум убеден дека пристрасните и фанатиците ќе го насочат текстот и констатциите во поинаква насока и ќе дадат страствен поглед, мижејќи пред вистината. Тука не сакам да напаѓам ниту да бранам туку сакам поимот џихад да го доближам до заинтересираните за суштината на овој збор.
Еве како исламската елита, призната со легитимитет и легалитет ги спомнуваат видовите на џихад произлезени од к*р'ан и Суннет:

Прв вид на џихад: ЏИХАДУН-НЕФС - што значи борба со самиот себеси, борба со сопственото его, страст и пристраснот, вложување на напор за отстранување на негативните пороци во човечката душа. Мухаммед а.с. кога се вратил од еден воен поход рекол: "Реџе'ана мин џихадил-есгар ила џихадил-екбер" (Се вративме од мал џихад во голем џихад, тоа е борба со сопственото его). Во друга прилика Мухаммед а.с. кога ги запрашал своите другари: Што мислите кој е најхрабар меѓу вас?" Тие одговориле: "Оној кој може секого да го победи во борење, или да го собори на земја?" Тогаш Мухаммед а.с. рекол: "Не, вистински херој и јунак е оној кој може да владее со себеси, (Во друго предани стои: "Оној кој може да контролира при лутина и бес."
Познатиот филозоф Роберт Барунинг вели: "Го ценам оној човек чија борба почнува со него самиот." Тоа е првиот вид на џихад.

Втор вид на џихад: ЏИХАДУ БИН-НЕФС - Борба со сопственото тело, физички џихад и одбрамбен џихад во случај кога непријателот ја нападне земјата и врховниот владар повика на општа мобилизација во одбрана на татковина, верата, суверинитетотВо к*р'анот јасно се спомнува овој вид на џихад: "И војувајте на Аллаховиот пат против оние кои војуваат против вас, но не преминувајте ги границите, Аллах, навистина, не ги сака оние кои претеруваат." (к*р'ан, Бекаре-190)

Исламот овој вид на џихад го прифаќа и препорачува само во ванредни околности и тоа под строги одредени услови.
Џихадот ( со оружје - рака и живот) станува задолжителен (фарз) кога ќе се исполнат три услови:
1 - Полнолетност,
2. Кога непријателот ќе ги нападне муслиманите, и
3 . Кога повикот за џихад доаѓа од водачот на муслиманите.

Трет вид џихад: ЏИХАДУЛ-МАЛ (Борба со сопствениот имот и капитал во пружање отпор на непријателот, трошење на Аллаховиот пат со укажување помош на слабите, бедните, сиромасите и сл.

Еве практиченпример со вториот халифа Осман р.а. кога рекол: “Ве колнам во Аллах и во ислам: дали знаете кога дојде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во Медина, а немаше чиста изворска вода за пиење освен бунарот на Реума, па рече Пратеникот: “Кој ќе го откупи бунарот и ја направи неговата кофа за извлекување на вода заедно со кофите на другите муслимани, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” “Јас го купив од основата на мојот имот. Дали знаете дека џамијата беше тесна за клањачите, па Пратеникот рече: “Кој ќе го купи плацот на филан човек и ја прошири нашата џамија со добро, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” Јас го купив од основата на мојот имот! Дали знаете кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: "Кој ќе ја подготви војската на Усре (тежок поход во битката на Тебук), ќе заслужи Џеннет, па јас ја припремив војската." (Тирмизи, Несаи)

Четврти вид на џихад: ЏИХАДУЛ-КЕЛИМЕ - Борба со јазик на тој начин што ќе се објасни Вистината, како што е случај со оваа тема со која сакаме да ја разјасниме институцијата "џихад" и на муслимани и на немуслимани, со цел да не го злоупотребуваат и понатаму свесно и намерно.

Овој џихад денес може да се дефинира и како медијска и пропагандна војна. Еве ви еден класичен и свеж пример. Дезинформирањето на јавноста може да се изведе на разни начини кои се разликуваат по својата суптилност. Основна цел за сите нив е јавното мнение да добие погрешна претстава за нешто и да се натера самото да донесе погрешен заклучок. Тоа некогаш е можно и со вистинска информација или слика која се пласира во одреден поволен момент да создаде сакан крив заклучок. Добар пример за ова е прилогот на ЦНН – 11.09.2001. кога непосредно по уривањето на ЊТЦ (Светскиот трг. центар) е прикажана една група на Пелестинци кои се радуваат и извикуваат текбири. Гледачите добиле впечаток дека муслиманите ширум светот се радуваат за она што се случило, а ова понатаму води до заклучок дека муслиманите го урнале центарот. Подоцна во средствата за информирање се јавил Германец кој спомнатиот видео запис го снимил пред десет години порано. Секако оваа поправка не можела да го избриши стекнатиот ефект кој настанал по прикажување на спомнатиот прилог кој немал никаква врска со тоа.
Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с. за овој вид на џихад вели: "Највреден џихад е да му се каже вистината во лицето на неправедниот владар."
Исто така, Мухаммед а.с. рекол: "Кој од вас ќе види некое лошо дело, нека го спречи со својата рака, а ако не може тогаш со јазикот, а ако и тоа не може тогаш барем со срце нека го осуди, но тоа е најслабиот иман (верување)." (Муслим)

Петти вид на џихад: ЏИХАДУШ-ШЕЈТАН - Борба против шејтанот, сатаната, ѓаволот кој е вечен човеков непријател, кој ги натера нашите прародители Адем а.с. и Ава а.с. да каснат од забранетото овошје и да бидат слезени од Џеннетот (рајот).


Продолжува...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Тема со повод

ЕТИКАТА НА ВОЈНАТА ВО ИСЛАМОТ

По повод натписот во весникот “Нова Македонија” (6-7 Октомври 2001 год) од новинарот Александар Божиновски каде под наслов “Алах им дава храброст на верниците и внесува терор во срцата на неверниците” вели:​

„Фатализмот и исклучивоста на исламската религија, особено некои пораки од Коранот, отворено го поддржуваат тероризмот во името на Алах.“ Покрај тоа уште на бројни места во неговиот напис стојат директни измислици, клевети, лаги и невистини, кои се чист продукт на неговиот плиток, површински, замаглен, варварски разум кој е доен со познатата светска доза “Омраза кон Исламот и муслиманите”

Доволен доказ за оваа наша констатација се зборовите на (не)паметниот новинар кој дава своевиден пристрасен заклучок со зборовите: „Но, она што најмногу им дава право на аналитичарите да го наречат Исламот - фаталистичка религија се т.н. шесте написи (имански шартови), особено е значаен петтиот напис во кој се вели дека сите работи, добри или лоши, на овој свет, се директна последица на волјата на Господ. Што би рекло и кога муслиманите прават лоши работи и тоа е волја на Алах…“​

Жалосно е што авторот погледнал само на една страна заборавајќи да се осврне кон сопствената вера, но познато е дека човекот како човек полесно му е да забележува на други а самиот да не се гледа. Да видиме за момент што вели Исус во евангелието на Матеј (10:34): „Немојте да мислите дека јас сум дошол да донесам мир на земјата! Не сум дошол да донесем мир, туку сабја.“
На друго место (Евангелие на Лука 12:49 и 51) вели: „Дојдов да фрлам оган на земја, па, како би посакал да веќе се запалил! Дали мислите дека сум дошол да донесам мир на земја? Не, ви велам на вас, туку раздор.“

Иако лично сметам и убеден сум дека тие зборови не се на Исус (Иса а.с.), туку се измислица и лага залепена за неговото име.​

Затоа одлучив да ги напишам овие зборови со цел реално да ја презентирам вистината сврзана за војната во Ислам (Џихад) и неговата толеранција во воени услови, а истовремено и да го демантирам горе наведениот напис и секој друг напис кој го обвинува или клевети Исламот за тероризам, фаталност, екстремност и сл.
Нема дилема дека војната се третира како општествена неопходност, кон кој се стремат луѓето за решавање на нивните политички, идеолошки, социјални и територијални конфликти. Оттука германскиот филозоф Хегел смета дека процесот на реформи не може да се имплицира во секоја сфера освен како резултат на две конфронтирани страни за елимнација една врз друга. Исламот ја востановил војната како одбранбено средство за решавање на некои социјални проблеми во случај кога непријателот одбива секој вид на компромис.
Имено, Исламот ги основал односите на муслиманите со другите народи врз принципите на разбирање и мир. Затоа тој не дозволува напад врз невини луѓе само затоа што имаат поинаква верска и етничка припадност, туку напротив, наредува на соживот, хуманост и солидарност со другите припадници на вери. Ова јасно е потенцирано во к*р’анот ( 60:8 ) : „Аллах не ви забранува во однос на оние кои не се борат пртив вас и верата, и кои не ве истеруваат од домовите ваши, да им правите добро и да бидете кон нив праведни.“

Доволен доказ за оваа констатација е секојдневниот исламски поздрав меѓу муслиманите кој гласи „Ес-Селаму Алејкум“ што значи “Мир и спас нека биде врз вас во секое време и место”

Еве неколку етички принципи на војна кои ги поставил Исламот:​

а) Должност е на муслиманите кога ќе бидат нападанати пред да му возвратат на непријателот да му постават три услови на располагање 1- Да го прифати Исламот; 2- Ако не сакаат тоа тогаш може да останат на своите земјишта но да плаќаат данок; 3- Војна како крајно решение. Потврдено е дека Мухаммед а.с. никогаш не го напаѓал непријателот се додека не го повикал на оваа резолуција. (Муслим)

б) Оние кои немаат учество во војна од цивилното население не смеат да се убиваат или да им се нанесува некое зло, единствено се војува само против непријателот на воено поле.
к*р’анот ова го потенцира со следниве зборови „Борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас и немојте да ги преминувате границите.“ (Ел-Бекаре, 193) т.е. немојте да ги убивате оние кои не се борат против вас како: жени, деца, старци, болни и сл.​

Се пренесува дека Мухаммед а.с. им забранил на своите водачи да убиваат жени, деца, слаби, да не палат полиња ниту плодови, и да не рушат куќи.

в) Исламот забранува секаков вид на геноцид, масакр, како што забранува користење на отровни гасови и сл. Затоа Мухаммед а.с. му порачал на неговиот командант „Војувај во име на Аллах, бори се чесно, немој да прекршуваш договор, немој да масакрираш ниту да убиваш деца“

Исто така и вториот негов наследник Ебу Бекр порачувал „Немојте да изневерувате, ниту да убивате стока, овци, крави, камили освен за потреба за јадење“

г) Исламот наредува добар однос кон заробените на воено поле, дури тоа го смета како доказ на совршено верување. Затоа Мухаммед а.с. наредил „Постапувајте добро со заробените“ Во друга прилика ги ослободувал робовите без надомест, дури оние кои знаеле да читаат или пишуваат имале задача да научат по десет неуки муслимани и со тоа ќе бидат ослободени.​

Сето досега горе иснесено го потврдуваат и голем број на објективни западни научници и историчари. Д.Густав Лепон вели: „Освојувањата на муслиманите никогаш не биле под сенка на сила и агресија како фактори во ширење на к*р’анот. Факт е дека човештвото не познава освојувачи толку толерантни, милосрдни и праведни како арапите, затоа Исламот се прошири со толку брз ритам.“
Исто така и Пр.Робинсон вели: ¬¬¬„Муслиманите се единствени во историјата кои успеа да ја соединат војната и толеранцијата.“¬¬¬

Затоа сметаме дека мирот е божји дар, бидејќи Аллах џ.ш. го поттикнува Неговиот Пејгамбер на мир, и вели: „А ако се наклонети кон мир, па, и ти биди наклонет кон мир.“ (Ел-Енфал, 61)

Зар може после сето досега истакнато да му се залепува на Исламот етикети како: фатална, терористичка, фундаменталистичка, екстремна религија, а неговите следбеници: терористи, фундаменталисти, екстремисти, радикалци и сл.?
Зар има поголеми терористи од оние кој секојдневно убиваат невини цивили во Палестина, Ирак, Авганистан, Чеченија, Филипини, Кашмир итн.?!!​

Одговор: Секако „НЕ“ !!​



Добро прочитајте ги двата поста, па ако имате некои недоразбирања и прашања: Бујрум!
 
O

Omer el Faruk

Гостин
A ako se raga bez grev odnosno kako sovrshen, zoshto togash ima deca sto se ragaat so 2 glavi?
Kade e tuka sovrshenosta?
:nenene: Не мешај сега термини. Реков детето се раѓа чисто без грев, а не совршено, и тука има разлика. Само единствениот Бог е совршен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom