БиХ - Македонија | 08.09, недела 14.30 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.722
Поени од реакции
59.999
Тоа е проблемот Леа, што на национална телевизија секој може да коментира. Не се работи за пристрасност и непристрасност, се работи за глупоќа. Жив резил е да немаме вистински спортски коментатор кој знае кошарка. Како Љубомир што беше за НБА, тоа беа преноси, да уживаш во секоја минута.

Јас гледав Македонија - Србија со англиски коментар, врвно доживување беше. Ни С за судење не спомнаа, си се фокусираа на терен, на играчите, на тактиката, на навивањето повремено...

Единствено добро во тоа што Игор ги коментира преносите е што да не беше тој ќе беше татко му.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде Босно наша мати со добри АЛЛАХ до победа! :vozbud:
Гледаш од толку коментари никој не ти се „ссна“ :D
Сеа малце АЛллааах ни боде очи али културен народ шо ти се вика да се разбереме.

Заклучок за Македонците само комшииве ни сметаат :ROFLMAO:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Гледаш од толку коментари никој не ти се „ссна“ :D
Сеа малце АЛллааах ни боде очи али културен народ шо ти се вика да се разбереме.

Заклучок за Македонците само комшииве ни сметаат :ROFLMAO:
Да, засега.
Ама во 14 и 29 ќе ги откопаме секирите. Дали воените, дали тие што се во медот, ќе видиме...:icon_lol:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Игорче е измислен за нашава земја. Он е како Мурињо, го врти вниманието на гледачите на судиите, а со тоа и тензијата и притисокот врз играчите опаѓа. Такви сме ние, само да критикуваме и со причина и без, па подобро е да пцуеме судии, отколку наши играчи. Нормално идеално е да имаме некој што има две чисти од баскет како коментатор, ама реалноста е друга и треба да ја прифатиме.

За денес, не формирам очекувања се до крај на првата четвртина. Тоа што го игравме со Србија, не зависеше од противникот, едноставно газевме на терен. Така што ако почнеме пак исто со Босна, нема да биде важно дали е Босна или Шпанија против нас, пак ќе очекувам победа.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.465
Поени од реакции
39.158
Да, засега.
Ама во 14 и 29 ќе ги откопаме секирите. Дали воените, дали тие што се во медот, ќе видиме...:icon_lol:

Босна е единствена земја од балканските за која би навивал во било какво натпреварување , секако ако Македонија не игра. Големи очекувања имам од вас наредното лето на светското во Бразил , имате фудбалска репрезентација најмалце по 3 класи поквалитетна од било која друга земја на Балканот , и ќе ми биде ептен мило да направите некој значаен успех.

Али за денес едноставно немате потреба да се замарате пред телевизор, маста ќе ви ја извадиме. :)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ако Телетовиќ не е на висина на задачата тогаш лесно ќе биде , но ако тој почне да не полне од тројки тоа ќе биде неизвесен натпревар.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Ќе даваат ли на плоштад на видеобим утакмицава?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе даваат ли на плоштад на видеобим утакмицава?
Секако, Ивона од Шител како ќе земе плата месецов, ќе трча со микрофон по плоштад да најде дечиња да пеат песни:D
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Денеска на победа против БиХ...Напред Македонија :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom