Ајдееее се јавија стручњаците
Иди некое првенство ракомет, сите стручњаци по ракомет, сите се разбират од ракомет, иди кошарка сите да се кандидират за селектори треба, одбојка исто сите знат, фудбал да не збораме...
Пипан бил крив
Тоа цела екипа е за на бајач, освен БО, овие Пипан крив го наоѓаат, па и Док Риверс да е во селектор џабе ко се сите ТРКАЛА !
Пипан е крив можи шо шутираат 3ка, сите во нашата репрезентација се понашаат како ѕвезди ! Сите кој од кој поголема ѕвезда, па и Леброн да играше денес за нас пак ќе ја посеревме, му одржаја лекција по кошарка Телетовиќ и Џедовиќ !
3/25 за 3ка
Па Пелистер поќе тројка дава против Работнички и Фени
Катастрофа денес, искрено после овај пораз не се надевам дека ќе одиме понатаму, па уште помалку дека можиме да ја совладаме Латвија со 10 коша
Можат слободно да си ги скапуват куферите и назад...
Антиќ 1 утакмица игра 5 не игра, само за одбрана е добар, напад не го бива, вака ако игра НБА за рок од 1 недела ќе бара авион за назад.
Гечевски и близнаците 0
Гечевски од секогаш како играч сум го поштовал, респект према него, ама толку е од чоекот незнам шо барате сам осети 36 години е дека не можи да игра и се тргна овие со сила го враќат и шо очекувате од него ?
Близнаците ме изненадија и мене, ептен слабо играат...
Најмногу ме изненади Илиевски, секоја чест, мислев чорба ќе биди на ова европско ама е еден од највлијателните во играта...
За БО немам зборој едноставно НАЈДОБАР !
Брчков
се исплаши батето и зато не шутираше со Србија заради ова денес шо му се случи каде требаше да има лесни поени но то е неискуството...
Самарџиски незнам шо да кажам за него, џабе се нервирам со него, ТРУП СИ Е ТРУП !
Како можи бе Рајт со 1,73 да го натскока Пеџа и Гечевски, абе оди отепајтесе, глушец ве надскока две сукала !
А онај Петровиќ тренеро ко ја гледав Босна-Црна Горе цело време беснееше исто на клупа, се расправаше со некој од публика во првите редој, прав СЕЉАК!
Сега фрла со шишиња, со крпите се расфрла, туку скока ко некој мајмун, овај треба доживотно да се суспендира !