Колку само сакам еден ден да бидам една од кучките
За сосема успешна кариера,каде твојот збор е последен и единствен што се слуша,мораш да бидеш кучка,и да не си кучка ќе се претвориш во таква.
Ако попушташ,ако не покажеш строгост,авторитет,нема да успееш,секогаш ќе те гледаат како некој кој ќе им прости лесно за грешката,кој нема да реагира лошо ако го заебеш.Затоа мораш да се претвориш,ако ништо друго да се претставуваш како кучка,ама ова важи за работното место.Ако треба не газење,ќе ги газам и ќе ги догмечувам,само за да успеам,да си ги остварам целите.
Не мора да значи дека јас и дома кон децата ќе сум таква,не мора да значи дека ќе заборавам на семејството,нема мајка која е до толку ладнокрвна или зафатена да ги остава децата ненајадени,за сметка на кариерата.
Не ми е важно како ќе ме гледаат другите,дали како ладна или не,важно јас да бидам среќна,и семејството да биде задоволно од мене,а кариерата тука.
Ако по пат за накај работа немам време да речам некому здраво ич и не ме интересира за тој некој дали ќе ми замери или не,бидејќи сепак во животов ќе имам две најважни нешта,кариерата и семејството,а тој ако ми е до толку добар пријател,ќе ме сфати дека се брзам.Со таква кариера имаш многу мал круг на пријатели,и тоа се пријатели кои ја разбираат ситуацијата во која се наоѓаш.
Ако дома некогаш не стигнам да му се насмеам на детето,нема да биде дека не сакам,ќе биде дека немам време од работата,работа која му обезбедува на детето мое живот каков што го има,ако губам време на секојдневни работи,ќе нема да може да има најнов мобилен,најубаво да биде облечено итн итн,а децава денеска се знае дека ценат повеќе компјутер одколку насмевка,сега звучи малку бесчувствително,ама не можам да ја оставам кариерата за семејството исто како што не можам да го оставам семејството за кариерата,како знам ќе најдам некој баланс.