Бесчувствителни кучки, фемботови и ладни опортунистки

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Денес нема веќе тато оди на работа, мама е домаќинка, готви и не чува. Сега и жените си бркаат кариера. Не мора да бидеш фембот и бесчуствителна кучка, треба само да имаш стомак да газиш се пред себе и да не застануваш пред ништо. :toe: Во име на кариерата де. Ако успееш ладнокрвно и овер-амбициозно да си бркаш бизнис, а истовремено не само да си родиш деца, туку и екшли да ги гледаш почесто од 2 пати неделно и да ги израснеш како што треба- тогаш си на правата патека. Секоја чест.

Само, мислам дека ретко на која кариеристка семејниот живот и е 10ка. Тешко е да се оддржи балансот. Убаво е што некои од вас сепак имаат амбиција. :icon_lol:
 
Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Еве јас терам карирера, каква таква моја си е си ја сакам, во исто време имам и семејство, маж, дечиња, и се трудам да не се ладам, дома да си ја чувам семејната топлина да се гушкам со дечињата да се галам со сопругот, да му удоволувам и да го размазувам со граница....., значи се трудам работата да ја оставам на работа, да не се претворам во горенаведениот опортунистички опис или скраја да е фем бот, е сега дека е потребен голем труд да ги разделиш кариерата и семејството и да не ги измешаш, треба навистина, но во никој случај немжам да постанам ладна личност, нигоаш не сум била таква, посебно кога ќе ги здогледам насмевките на моите две дечиња абе светот ми се завртува за 360 степени и зборовите на син ми и ќерка ми мамо јас тебе многу те сакам знаеш?? И после тоа кој ќе одееле и да биде ладен и се што следи натака, ме исполнуваат и надоврзуваат долгите разговори со сопругот, плановите заедничките излети, прошетки, па и чисто седење заедно дома и гледање некој добар филм, за сексот да не споменувам си има посебна тема....Сакам да кажам дека за се треба да се потрудиш за да излезе онака како што посакуваш, па макар и најблиску до таа посакувана форма, без труд нема ништо, и секогаш за она што си го сработил и осетил мака тие многу мило и ти значи многу.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Новите полирани жени, оние со актовките и белите кошули и ладнокрвноста која што им излегува од секоја пора.
Што мислите за нив?
Мислите ли дека единствен начин за жената да се избори за тоа што го сака е да се претвори во ладна опортунистка?

Или сепак, топлокрвните цури кои што седат дома и го чекаат мажот да си дојде од работа ви се помили?

Жената е толку обивиена од преплет на нерви и нагони, што тие да се исечат, и таа да се ослободи, е невидена храброст или слабост?
За полираните жени мислам дека се најдобри. Многу подобро ми изгледаат од несредените домаќинки. Жена треба да личи на жена која кога ќе ја видиш успева да те остави без здив.
Ладнокрвноста е добра работа и треба да ја има додека е на работа. Но, тоа во никој случај не значи дека сигурно е таква и дома. На работа се бори за едно, дома се бори за друго. Сигурно една таква "кучка" повеќе е спремна да се снајде на сите полиња, отколку некоја топлокрвна цура која не видела ништо подалеку од кујната, спалната и wc-то.
Значи гласам за првата појава и мислам дека е таа похрабра од секоја друга.:pipi:
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не мора да бидеш фембот и бесчуствителна кучка, треба само да имаш стомак да газиш се пред себе и да не застануваш пред ништо.
Aуч. Такво нешто не постои, од проста причина што секогаш има некој кој не само што тебе ќе те гази, туку и подот ќе го брише со тебе.

Овој тип е измислена категорија, феминистичко - утопистичка. Да не застануваш пред ништо? Со глава низ ѕид не се оди.

Темава ми е малку шит, демек змија да те апне или коњ да ти го бапне. Во реалноста е многу поразлично. Костумот, кошулата и актовката не те прават личност, не ти ги елиминираат емоциите и не ти влијаат како ќе ти се наредат коцките во животот.

Која од вас не ми верува, бујрум - ја частам аутфит (фенси сјут, ледер кејс енд шит), нејзина задача е да глуми бесчуствителна кучка, фембот, опортунистка - ватевер, па да видиме дали така се гази се пред себе или ќе те згазат на прва кривина.

Не важи ова само за жени, општо - сите сме луѓе.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Темава ми е малку шит, демек змија да те апне или коњ да ти го бапне. Во реалноста е многу поразлично. Костумот, кошулата и актовката не те прават личност, не ти ги елиминираат емоциите и не ти влијаат како ќе ти се наредат коцките во животот.
Уствари темава е одлична, добра дискусија има.

Е сеа, мрзам бесчуствителни ЛУЃЕ, ладни опортунисти, и фемнубови. Мислам дека целиот начин на функционирање на општеството каде се нема сочувство, нема топлина и каде на улица може да се начекаат само имиџ личности кои немаат грам душа во себе и не се способни да покажат емоција ни за коњ на умирање па да го застрелаат... каде се трча по профит, по партија, ЕУ, и НАТО за да може некој опинок од Кадрифаково (No offence) да напраи уште пет пари профит плус на сметка на пар илјади загинати во некоја рандом африканска држава... не ми се допаѓа.

Вратете се на темата за комунизам вс капитализам... жените се добредојдени во двете опции, и да, во двете имаат еднакви права... since 1903 нааму...
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Aуч. Такво нешто не постои, од проста причина што секогаш има некој кој не само што тебе ќе те гази, туку и подот ќе го брише со тебе.

Овој тип е измислена категорија, феминистичко - утопистичка. Да не застануваш пред ништо? Со глава низ ѕид не се оди.
Апсолутно де, никој не станал од одма претседател. :) Прво ќе бришат под со тебе, ќе те газат други опортунисти, после ќе „пораснеш“ па ќе стигнеш и ти на ред да бришеш подови со гуштери каков што ти некогаш си бил. Битно подот да е чист :)

Темава ми е малку шит, демек змија да те апне или коњ да ти го бапне. Во реалноста е многу поразлично. Костумот, кошулата и актовката не те прават личност, не ти ги елиминираат емоциите и не ти влијаат како ќе ти се наредат коцките во животот.

Не важи ова само за жени, општо - сите сме луѓе.
Па тоа и го кажав, дека фемботови и ладни опортунистки може да се (донекаде и „треба“) само на работа, после 16:00 се нормални жени и мајки и личности со чувства. Поентата е да се разликува бизнис од приватен живот. Пожелно е да си опортунист на поле кариера, што не те прави робот во останатите сфери од твојот живот.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Епа тогаш не си веќе бесчуствителна кучка, фембот и ладна опуртунистка.
Па не си, а не мора ни да бидеш за да бидеш респектирана и нелесна за манипулирање. Штознам, ладна опортунистка, кучка - која е таа сатисфакција да бидеш отуѓена ладна опортунистка и кучка? Или пак повеќето сакаат само да си се нарекуваат така, со теоретско познавање од работите, велејќи дека во иднина, кога ќе работат, ќе газат?
Мене тоа ме асоцира на друга работа. Ладна опортунистка, бесчувствителна кучка - дали тоа значи дека таква жена би била подготвена да гази друг човек, односно да издејствува да конкурентниот/конкурентната ја изгуби работата само заради зачувување на својата положба?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Апсолутно де, никој не станал од одма претседател. :) Прво ќе бришат под со тебе, ќе те газат други опортунисти, после ќе „пораснеш“ па ќе стигнеш и ти на ред да бришеш подови со гуштери каков што ти некогаш си бил. Битно подот да е чист :)
Аха, само што сите не стануваат претседатели, без разлика колку и да се трудат и колку стаж имаат во бришењето под со нив. Кога нејќе - нејќе, остануваш крпа :)

Желбите се едно, можностите друго.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Ова е чисто теоретска тема, а уствари као на филм, оти потешко одат работиве во реалноста.
Ние жените! Сакаме да бидеме секси кучки шо ќе го одбијат секој топлокрвен маж, за да бидеме горди со себе пред да заспиеме и да добиеме аплауз за својата успешна уникатна кучковидност, која ни послужила за деловно да цветаме, неоптоварени од 'бркање љубов', шо би рекла мајка ми.
У основ, сум за жени кои ги бива за нешто, свесни се за тоа, и се борат за нивното место под сонцето.
Не мора ладно, туку цврсто и храбро.
Во секој случај, зависи каде ладна.
Чуму ми мене цел тој успех ако неможам или немам кому топло да му се насмевнам после напорниот ден.
Тралалалјки.
 
С

Сатори

Гостин

Секогаш можеш да му се насмевнеш и на креветот.

Но поентата е потполно друга, познавам такви жени, во мала рака им се восхитувам на силата и способноста која што ја покажуваат.
Кога би се зела себеси за пример, немам ниту ф од фембот, зошто сум многу потопла и пријатна од колку што треба да бидам.

Целта на темата никогаш не ми била дали треба да бидеме како нив, туку кој е психолошкиот момент во животот на тие жени што ги натерал да го одат тој пат, како вие тоа би го доживеале на своја кожа ...

Но да не ја тупам многу, тие што ќе разгледаат темата од таа страна, можда и ќе ја разберат.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Секогаш можеш да му се насмевнеш и на креветот.

Но поентата е потполно друга, познавам такви жени, во мала рака им се восхитувам на силата и способноста која што ја покажуваат.
Кога би се зела себеси за пример, немам ниту ф од фембот, зошто сум многу потопла и пријатна од колку што треба да бидам.

Целта на темата никогаш не ми била дали треба да бидеме како нив, туку кој е психолошкиот момент во животот на тие жени што ги натерал да го одат тој пат, како вие тоа би го доживеале на своја кожа ...

Но да не ја тупам многу, тие што ќе разгледаат темата од таа страна, можда и ќе ја разберат.
Можам, можам.
И на месечината, и на мојата омилена врба во предниот дел од дворот.
Ама која е разликата, друг пат ќе кажеме.
Да, ти немаш ни ф од фембот, и јас така мислам.:)

Инаку ја сфатив убаво поентата на темата, очигледната.
Само посакав да и реплицирам прво, на онаа другата:smir:.

Мајка ми е.
Родена и порасната во многу сиромашно семејство, со 3 деца на кои едвај можело да им пружи исхрана, а да не збориме за било каква општествена едукација.
Нејзината мајка имала завршено 4то одделение, а татко и, и покрај бедата, поради онаа прекрасна патријахална гордост, никогаш не и дозволил да работи нешто.
Но мајка ми не ги затворила очите пред тоа.
Гледала што има, а што би можела ако се труди многу.
Сестра и пораснала у спонзоруша, брат и во деликвент.
И во време кога девојките овде ретко завршувале факултет, а реално гледано тоа и не им било толку потребно, бидејќи се знаело дека мажот ќе носи леб у куќа, таа никако не се откажувала од својата идеја, дека еден ден ќе биде една ебано економски независна жена, и не постои сила, особено не во форма на некоја голема љубов која би се обидела да ја застрани од патот, што ќе ја спречи во тоа.
И буквално, само се трудела, до својата 25 година.
На мажите им мавала шамари, и им кажувала дека има поважна работа од нив.
Татко ми, првиот човек во нејзиниот живот, ја задржал бидејќи и самиот збори дека жената сама мора да го исполни својот пат.
Но дозволила венчавка строго после дипломирање и вработување.
Морала да излезе од куќата каде немала семејство што ја поддржува, и морала да изгради поинаков дом за себе.
Поинаков од на сите девојки што ги познавала, а кои длабоко заглавиле во предвремени бракови и неостварени сништа да имаат свои животи.
Па, и успеа.
Штотуку влезе во собава со три тона хартии и ги шлапна на маса, ја извади шминката, ги измасира нозете, и за 2 секунди ќе ја снема, ќе тргне да го уредува местово според своја фантазија.

Еве, се обидов да прикажам мое мислење за еден аспект, од можните психолошки моменти...
...барем оној, кој ми се чини најсурово реален, а оправдан. :smir:
 
Токму вакви постови се бараат и се ценат.
И ја истакнуваат очигледната поента без многу мудрување и продавање приказни.
Мајка ти е силна жена сонце. :smir:

:back:
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Токму вакви постови се бараат и се ценат.
И ја истакнуваат очигледната поента без многу мудрување и продавање приказни.
Мајка ти е силна жена сонце. :smir:

:back:

Да, се гордеам со неа.
И ги почитувам сите кои од слични причини живееле така.
Ама дека понекогаш ние, кои сеуште немаме никакви искуства од тој пат, знаеме да претераме во замислите...и тоа е точно. :smir::smir:

Благодарам, и да знаеш дека ќе и пренесам поздрав. :back:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom