Бегање од дома на неколку дена.

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дали ви се случило да заминете од дома на неколку дена без да знаат вашите родители?

Ако ви се случило која била причината за бегањето?

Како реагирале вашите родители на тоа?

Чувствувавте ли грижа на совеста?

Темава ја отворив зошто една моја другарка пред неколку дена замина од дома на 5 дена, на шетање со дечкото, нејзините не знаеа секако. Кога се врати и сите ја прашуваме како поминала, што и рекле нејзините. А нејзина реакција беше: Добро бе како да изреагираат? Знаат дека сами си се криви што јас правам вака. Требаше да ме пуштат уште привиот пат кога им реков, а ако ми речат нешто сега знаат дека ќе заминам и никогаш повеќе нема да се вратам дома.
Се изначудив... Па ја да го напраам тоа куферите пред врата ќе ме чекаат...:nesum:

:helou:
Родителската престрогост е најлош непријател на добрите односи родител-дете. И не секогаш го има посакуваниот ефект за родителот, напротив, некогаш големата строгост и чувство на затвореност во кафез, кај детето создаваат нервоза и контраефект - инает. Сметам дека и бегањето од дома е еден вид на инает, знак на несигурност кој детето го чувствува, изреволтирано од несфаќањето на родителот и од неподдршката за нешто. Не сум избегала од дома, никогаш немав храброст, иако постоеа 2 пати кога со задоволство тоа ќе го направев.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Еднаш ко мал,на три дена,за да видам како изгледа тоа чувство(а стварно е многу интересно).
Се качив у автобус и отидов за Струмица кај баба ми и дедо ми.
Имав среќа шо луѓето што патуваа у автобусот ме пазеа,а и пошто многу зборуев,им бев веројатно интересен.
Али и секој случај,кога се вратив дома наредниот ден и ги видов мајка ми и татко ми полумртви од страв,одлучив дека не е добра идеја да си одам оддома без да кажам,па и до ден денеска се држам до тоа ветување.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Ако се смета заминувањето кај баба ми за бегање тогаш : ДА!!:smir:
Ама никогаш ми се нема случено да заминам негде без да им принесам извештај :pos2::pos2:. А некогаш имам размислувано да го направам и тоа .. кога ќе дојдам во некој комфликт со родителите и мометално не ми работи кликеро како да го решам .
Ипак порадо би се карала отколку да заминам .. не сакам да цркнат од грижи. Вака подобро да се разговара па доколку не дозволуваат нешто .. треба да му објасниш колку ти значи то нештото тебе ..
Ма да и ние децава претеризам сме :smir:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
сум размислувал..ама и ако заминам пак кога тогаш ке се вратам дома во која мајка ке одам иначе!само би направил проблеми...иначе скрос од светот сакам да избегам јас не само од дома...
 
Член од
17 јуни 2007
Мислења
196
Поени од реакции
5
јас еднаш во 4то одд се испокарав со татко ми си ја земав кесата за ликовно и отидов кај баба ми:D она беше на гости па се стаив кај комшиката шо беше неверојатна радио милева и се надевав дека нека да се јави дома
од тогаш не ми паднала таква брилијантна идеја:wink:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Никогаш не би избегала од дома бидејќи одлично се сложувам со моите, а и досега ми овозможиле се! Би било себично од моја страна :icon_conf
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нити сум бегал, нити сум помислувал... Не ми одеа којзнае колку по кеифот, ама никогаш не ми дошло да бегам.

П.С. Нејќам ни децата мои (што ке ги имам во иднина) да бегаат.
 
А

Аниии

Гостин
Еднаш планирав и си спремав и ранец и се и таман да искочам дојде мајка ми и ме праша кај идам па морав да се вратам:(
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Не сум бегала ниту сум планирала да избегам..за понатаму незнам
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ne sum ni pomislila da izbegam od doma.Mozebi nekogas imalo nekoi nesoglasuvanja megju mene i moite, dali da odam ili da ne odam nekade, ali da izbegam ne bi mi padnalo ni na kraj pamet. I sto ako izbegam? Nisto! Ke sozdadam samo nervozi doma. Bez skrsen denar vo dzepot sakam - nekjum pak ke se vratam nazad. Premnogu sebicno od moja strana bi bilo toa na nekoj sto mi obezbeduva se da mu sozdavam nepotrebni problemi.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
:pos:
Пробав да избегам у 4-то :pos:
Со сестра ми си ги спакувавме стварите у кеси и отидовме на автобуска такви натоварени ... кај баба ми ќе идеме ...
и само шо дое автобусот ... мене ми светна дека неам пари за да платам и се вративме дома :toe: :pos:
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
:pos:
Пробав да избегам у 4-то :pos:
Со сестра ми си ги спакувавме стварите у кеси и отидовме на автобуска такви натоварени ... кај баба ми ќе идеме ...
и само шо дое автобусот ... мене ми светна дека неам пари за да платам и се вративме дома :toe: :pos:
:pos2::pos2::pos2: И ти си нејќела од дома те терале ! :) дефинитивно комедија било.А не сум имал разлог да бегам од дома,боље од дома нема.Послатко од Дома нема!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom