- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Родителската престрогост е најлош непријател на добрите односи родител-дете. И не секогаш го има посакуваниот ефект за родителот, напротив, некогаш големата строгост и чувство на затвореност во кафез, кај детето создаваат нервоза и контраефект - инает. Сметам дека и бегањето од дома е еден вид на инает, знак на несигурност кој детето го чувствува, изреволтирано од несфаќањето на родителот и од неподдршката за нешто. Не сум избегала од дома, никогаш немав храброст, иако постоеа 2 пати кога со задоволство тоа ќе го направев.Дали ви се случило да заминете од дома на неколку дена без да знаат вашите родители?
Ако ви се случило која била причината за бегањето?
Како реагирале вашите родители на тоа?
Чувствувавте ли грижа на совеста?
Темава ја отворив зошто една моја другарка пред неколку дена замина од дома на 5 дена, на шетање со дечкото, нејзините не знаеа секако. Кога се врати и сите ја прашуваме како поминала, што и рекле нејзините. А нејзина реакција беше: Добро бе како да изреагираат? Знаат дека сами си се криви што јас правам вака. Требаше да ме пуштат уште привиот пат кога им реков, а ако ми речат нешто сега знаат дека ќе заминам и никогаш повеќе нема да се вратам дома.
Се изначудив... Па ја да го напраам тоа куферите пред врата ќе ме чекаат...:nesum:
:helou: