Како мала ми се дашавало многу пати да им избегам,
првиот пат имав 6 години се сеќавам мајка ми многу ми викаше за некоја беља шо ја напрајв и јас така налутена боса истрчав на улица и правец кај баба ми, среќа таја блиску живееше само една улица не делеше..
ама финтата беше шо не сакав да ме види дека дојдов оти ке му кажи дома, па дека живееше на прв спрат и балконот беше низок со решетки и фатив се качив преку балкон влегов внатре и се скрив во гардероберот беше стар и голем
мојте ме барале како луди кај сите комшии кренале врева,
јас седејки сум заспала и дури некаде вечерта се разбудив баба ми направила кифлички и како невидена се шмугнав в кујна да јадам, кога ме виде баба ми зачудена целата од каде дојдов и одма му кажа на моите.. и кога дојдоа моите убаво ме пееја ама мене пак не ми дојде памет
инаку сега пресно кога избегав од дома беше лани знам сакав да одам Белград на концерт и мојте не ме пуштија и јас онака како што бев напукана фатив клучојте од колата и целата засилена фатив да одам на викендица, не беше многу далеку пола саат возење ама јас ко шо возев 40 од страв да не лупнам негде, среќа немаше полиција оти ако ме фатеше без возачка мојте сами од дома ке ме избркаја..
стигнав шо стигнав ама неќев да влегвам внатре да не ме видат комшиите ке почнат да зборат сешто, па ај паркирав со триста маки пред влезот и ги заклучив вратите и си преспав в кола до сабајето...
кога ми текна колку проблеми ке си напрам кога ке видат мојте и утрото се вратив назад ко пострано пиле..
и пробав да ја паркирам пак в гаража да не се посомневат и го зедов браникот од вратата шо уште има гребнатини
и поука: никогаш да не прам непромислени работи во нервоза оти исходот е полош 3 пати.